Википедија:Унгарска револуција (1956)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Унгарска револуција (1956) — меѓународна иницијатива за одбележување на 60-годишнината од Унгарската револуција од 23 октомври до 10 ноември 1956 година. Главни цели на иницијативата се збогатување на содржините на теми поврзани со револуцијата на Википедија на јазиците што се зборуваат во земјите од подрачјето на Средна и Источна Европа преку организирање на уредувачки натпревари во периодот од 1 октомври до 15 ноември. По тој повод, Споделено знаење и заедницата на Википедија на македонски јазик учествувале во иницијативата преку организирање на уредувачки ден на тема „Унгарска револуција од 1956“.

Правила[уреди извор]

Во уредувачкиот ден по повод одбележувањето на 60-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година, право на учество имале сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик.

Времетраењето на потфатот било од 00:00 (CET) до 23:59 (CET) на 30 октомври 2016 година.

Статиите коишто биле предмет на уредување морало да бидат на теми повзани со револуцијата. Со цел да се олесни изборот на тема за уредување и да се спречи истовременото уредување на една иста тема од страна на повеќе корисници, направени биле списоци со дадени теми кои им стоеле на располагање на учесниците за уредување.

Предмет на уредување во уредувачкиот ден биле: 1) статии кои не постојат на Википедија на македонски јазик (создавање на нови статии) и 2) постоечки статии на Википедија на македонски јазик (подобрување на статии).

Материјали[уреди извор]

За создавање или подобрување на статиите на теми од областа на пантомимата можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, како и дигитализирани и други материјали.

Список на учесници[уреди извор]

Бр. Корисник Придонеси
1 Kiril Simeonovski
2 Ehrlich91
3 П. Неделковски
4 Инокентиј
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Поврзано[уреди извор]

Надворешни врски[уреди извор]