Прејди на содржината

Википедија:Статии без илустрација 2026

Од Википедија — слободната енциклопедија
#WPWP од 1 јули до 31 август. Приклучете се!


Статии без илустрација (анг. Wikipedia Pages Wanting Photos, WPWP) е натпревар за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости.

Како да учествувате?

[уреди извор]

1. Мора да имате корисничка сметка на Википедија, создадена пред 1 јули 2025 година.
2. Најдете статија без илустрација
3. Најдете соодветна илустрација на Ризницата
4. Поставете ја илустрацијата на соодветно место во статијата, и зачувајте ги промените
5. Поставете го записот #WPWPMK во делот „Опис“ на промените што ги правите.

Напомена: Доколку не го поставите записот, таа промена нема да влезе во вашиот краен резултат. Алатката поврзана со хатштагот брои еден поен за едно зачувување, без разлика колку илустрации сте поставиле.

6. Поставете илустрација само на статија објавена пред 1 јули 2026 година

Напомена: Новосоздадени статии нема да се земаат предвид, и таквите придонеси нема да влезат во вкупниот број на поени.

7. За полесно наоѓање на статии без илустрација може да ја користите алатката Петскан, а упатството за тоа како се користи алатката е на следната Петскан.

Накратко:
1. Влезете на страницата: http://petscan.wmflabs.org
2. Во делот „Јазик“, одберете го јазичниот код (mk за македонски јазик)
3. Одберете статии според категоријата, односно во делот „Категории“ внесете го името на категоријата, на пример: Градови во Африка
4. Притиснете на јазичето „Page Property“, потоа во делот „Lead image“ притиснете „Nо“.
5. Притиснете на „do it“.
6. Најдолу ќе ви бидат прикажани статиите од таа категорија кои немаат илустрација.

Правила

[уреди извор]

Додавањето на фотографии во статии без илустрација треба да се одвива меѓу 1 јули и 31 август 2026 година.

Нема ограничување во врска со бројот на илустрации што може да ги употребите.

Фотографијата што ја користите мора да биде поставена под слободна лиценца или во јавна сопственост. Други лиценци што се прифаќаат се: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0, CC0 1.0.

Учесниците мора да се регистрирани на било која јазична Википедија и да учествуваат со своето корисничко име, кое треба да е регистрирано пред 1 јули 2025 година.

Описот што се додава под сликата мора да биде јасен и соодветен.

Учесниците мора да го вклучуваат записот #WPWPMK на секое зачувување на промени кога внесуваат илустрација, и на секоја статија на која внесуваат илустрација.

Временска рамка

[уреди извор]

Кампањата се одржува еднаш годишно.

  • Почеток: 1 јули 2026 г., 00:01 (UTC)
  • Крај: 31 август 2026 г., 23:59 (UTC)
  • Објавување на резултатите: почеток на септември

Награди

[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока и ваучери за книги. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на натпреварот во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Викимедија МКД, најдоцна 90 дена по објавување на резултатите. Доколку наградата / ваучерот не е подигната на време, или се оштети на некој начин по подигнувањето, Викимедија МКД не сноси одговорност.

За учесниците се обезбедени награди. Вкупно има на располагање 5 награди поделени на следниов начин:

  1. Прва награда - ваучер во вредност од 12.000 денари (се доделува 1 ваучер на еден корисник)
  2. Втора награда - ваучер во вредност од 6.000 денари (се доделуваат 4 ваучери на четири различни корисници)

Забелешка: Наградите ќе бидат доделени на најплодните учесници, кои имаат поставено илустрација на најмалку 100 различни статии на Википедија на македонски јазик. Доколку овој услов не биде постигнат, организаторите го задржуваат правото да не ги доделат наградите. Поените за наградите ќе се пресметуваат по принципот: една статија еден поен за илустрациите, без разлика колку илустрации сте поставиле во таа статија.

Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на оваа страница.

Учесници

[уреди извор]
  1. Тиверополник
  2. П.Неделковски
  3. SirGoldenBlade
  4. Chnitke
  5. 19user99