Прејди на содржината

Википедија:Статии без илустрација 2025

Од Википедија — слободната енциклопедија
#WPWP од 1 јули до 31 август. Приклучете се!


Статии без илустрација (анг. Wikipedia Pages Wanting Photos, WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости.

Како да учествувате?

[уреди извор]

1. Мора да имате корисничка сметка на Википедија, создадена пред 1 јули 2024 година.
2. Најдете статија без илустрација
3. Најдете соодветна илустрација на Ризницата
4. Поставете ја илустрацијата на соодветно место во статијата, и зачувајте ги промените
5. Поставете го записот #WPWPMK (за да учествувате за македонските награди) и #WPWP (за да учествувате за меѓународните награди) во делот „Опис“ на промените што ги правите.

Напомена: Доколку не го поставите записот, таа промена нема да влезе во вашиот краен резултат. Алатката поврзана со хатштагот брои еден поен за едно зачувување, без разлика колку илустрации сте поставиле.

6. Поставете илустрација само на статија објавена пред 1 јули 2025 година

Напомена: Новосоздадени статии нема да се земаат предвид, и таквите придонеси нема да влезат во вкупниот број на поени.

7. За полесно наоѓање на статии без илустрација може да ја користите алатката Петскан, а упатството за тоа како се користи алатката е на следната Петскан.

Накратко:
1. Влезете на страницата: http://petscan.wmflabs.org
2. Во делот „Јазик“, одберете го јазичниот код (mk за македонски јазик)
3. Одберете статии според категоријата, односно во делот „Категории“ внесете го името на категоријата, на пример: Градови во Африка
4. Притиснете на јазичето „Page Property“, потоа во делот „Lead image“ притиснете „Nо“.
5. Притиснете на „do it“.
6. Најдолу ќе ви бидат прикажани статиите од таа категорија кои немаат илустрација.

Правила

[уреди извор]

Додавањето на фотографии во статии без илустрација треба да се одвива меѓу 1 јули и 31 август 2025 година.

Нема ограничување во врска со бројот на илустрации што може да ги употребите. Но сепак постојат различни категории на награди (видете подолу).

Фотографијата што ја користите мора да биде поставена под слободна лиценца или во јавна сопственост. Други лиценци што се прифаќаат се: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0, CC0 1.0.

Учесниците мора да се регистрирани на било која јазична Википедија и да учествуваат со своето корисничко име, кое треба да е регистрирано пред 1 јули 2024 година.

Описот што се додава под сликата мора да биде јасен и соодветен.

Учесниците мора да го вклучуваат записот #WPWPMK на секое зачувување на промени кога внесуваат илустрација, и на секоја статија на која внесуваат илустрација. Исто така поставете го записот #WPWP за да учествувате за меѓународните награди.

* Охрабрено е да се користат слики од фотографскиот натпревар Макпортрет за да се надополнат статиите за познати и истакнати личности од Македонија.

[уреди извор]

Временска рамка

[уреди извор]

Кампањата се одржува еднаш годишно.

  • Почеток: 1 јули 2025 г., 00:01 (UTC)
  • Крај: 31 август 2025 г., 23:59 (UTC)
  • Објавување на резултатите: почеток на септември

Награди

[уреди извор]

Меѓународни награди

[уреди извор]

Меѓународни наградни категории:
1. Најдобра земја соработник – Се доделува на најактивната заедница (според обемот или влијанието).
2. Шампион на недоволно застапени јазици – За корисник кој придонесува високо релевантни, добро опишани слики со висока резолуција на Википедија во помала јазична заедница.
3. Најдобар придонесувач на Википодатоци – За корисник кој придонесува високо релевантни, добро опишани слики со висока резолуција на Википодатоци.
4. Најдобар придонесувач на Википедија – За корисник кој придонесува високо релевантни, добро опишани слики со висока резолуција на Википедија.
5. Најдобар придонесувач на Википедија (аудио) – За корисник кој придонесува високо релевантни, добро опишани аудио снимки со висока резолуција на Википедија.
6. Најдобар придонесувач на Википедија (видео) – За корисник кој придонесува високо релевантни, добро опишани видео снимки со висока резолуција на Википедија.
7. Најдобар нов корисник (сметка на уредникот создадена во јули 2024 година) – За корисник кој придонесува високо релевантни, добро опишани слики со висока резолуција на Википедија или Википодатоци.
8. Посебно признание – За корисник кој придонесува со високо релевантни, добро опишани слики со висока резолуција на Википедија како дел од оваа кампања од 2020 година.
9. Специјална награда за придонесувач на тема жени и ЛГБТ+ – За корисник кој придонесува високо релевантни, добро опишани слики со висока резолуција во статии поврзани со жени и ЛГБТ+. За оваа категорија, додадете го записот #WLGBT како дел од вашите уредувања. Придонесите што не се со записот #WLBGT нема да бидат сметани.

За македонските учесници се обезбедени посебни локални награди. Вкупно има на располагање 5 награди поделени на следниов начин:

  1. Прва награда - ваучер во вредност од 12.000 денари (се доделува 1 ваучер на еден корисник)
  2. Втора награда - ваучер во вредност од 6.000 денари (се доделуваат 4 ваучери на четири различни корисници)

Забелешка: Наградите ќе бидат доделени на најплодните учесници, кои имаат поставено илустрација на најмалку 100 различни статии на Википедија на македонски јазик. Доколку овој услов не биде постигнат, организаторите го задржуваат правото да не ги доделат наградите. За македонските награди, поените ќе се пресметуваат по принципот: една статија еден поен за илустрациите, без разлика колку илустрации сте поставиле во таа статија.

Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на оваа страница.

Резултати

[уреди извор]
БројКорисникВкупно покриени статииВалидни придонесиОдбиени илустрации без опис вон инфокутија/податотекаДруги одбиени илустрации1
1Тиверополник1018758110150
2Marco Mitrovich33532186
3Chnitke4052968623
4P.Nedelkovski210189192
5Bojan9Spasovski4131832300
619user9913012802
7Doni123451049257
8Ina Pet101000
9XavieraMars3300
1037.26.96.1233300
11Goutam196214284
12Carshalton2020
Вкупно26361985

1 Други одбиени илустрации

  • Илустрации на статии што се создадени после 1 јули 2025 година
  • Илустрации на статии кои што имаат постоечки илустрации
  • Погрешно поставени илустрации

Надворешни врски

[уреди извор]