Википедија:Селска чешма (Преводи и транслитерации)/Архива 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 1


Трир - паралела во германскиот би бил зборот „Krieg“ (војна) кој се чита криг. --Б. Јанкулоскиразговор 12:00, 5 јули 2006 (UTC)
Сфаќам, и јас мислев така. Проблемот е што не се работи за германски, туку за дански, за кој навистина, како холандскиот немам поим како точно се чита. Вообичаено во македонскиот јазик го нарекуваме "Ларс фон Трир", ама од друга страна не сум сигурен колку е тоа правилно. Русите и Бугарите го преведуваат како "Ларс фон Триер". --FlavrSavr 03:11, 8 јули 2006 (UTC)
Јас ти дадов пример од германскиот заради тоа што нам тој ни е појасен, а има ист систем на транслитерација во македонски како и данскиот.
Англиската википедија пишува: ie = i (in names). — Сергеј 16:19, 14 јули 2006 (UTC)

А за бугарските и руските транслитерации - јас не би им обрнувал внимание. Двата јазика имаат катастрофален систем на транслитерација. Тоа е често резултат на нечија првична лоша транслитерација, и следењето на истата низ годините. За бугарите знаеме дека безусловно копираат од русите, така што нивната транслитерација не би ја третирал како засебен ентитет. Што се однесува до русите пак, јас имам зборувано на тема недоследни транслитерации и тие самите си признаваат дека системот им е хаос. Тие вријат од лоши транслитерации (како на пр. „Хюмидор“, а не Хумидор). Јасно е дека тука имаат транслитерирано од англиски зошто на ниеден друг јазик U не се чита како Ю (особено не на шпански). Тоа не е вина википедијанецот кој ја крстил статијата, бидејќи тој само го има следено одамна востановеното име, туку на тие што првично го транслитерирале поимот Humidor на руски некаде во раниот 19-ти век. --Б. Јанкулоскиразговор 14:51, 12 јули 2006 (UTC)

  • Линус Торвалдс. Тука сè е јасно: на латиница се пишува со „о“, тако и го пишуваме. Ама во шведски буквата „о“ често се чита како „у“, и тука е исто такав случај. Во руската википедија веќе имаме обговорено оваа проблема. Можеби ќе смениме неговото име на правилно? — Сергеј 09:32, 16 јули 2006 (UTC)
Да. Во шведскиот јазик „О“ звучи нешто како „У“ (повеќе накај „У“ отколку накај „О“). Затоа треба да се транскрибира како „У“. Но се јавува проблем кога ќе се спореди со другите претходни транскрипиции на шведски имиња во македонски - имено оние што почнуваат со „О“. Името „Olaf“ ние отсекогаш сме го транскрибирале како „Олаф“. Дали „О“ при почетокот, сепак се чита како О не сум сигурен, треба да проверам. Можеби и ова е традиционална грешка. --Б. Јанкулоскиразговор 21:09, 17 јули 2006 (UTC)
  • Hello! Can you please translate a phrase for me? What would be Macedonian translation of Russian "Вместе - мы сила" or Serbian "Заједно смо јачи"? --George D. Bozovic 14:11, 21 октомври 2006 (UTC)
  • Russian "Вместе - мы сила" - Macedonian „Заедно, ние сме сила“; Serbian "Заједно смо јачи" - Macedonian „Заедно сме посилни“. --Корисник: mice 17:02 31 јануари 2007 (UTC)

А како да направам превод на страница од англиски на македонски и притоа се да биде легално? Заинтересиран сум да преведам некои страни кои би биле од корист, и за кои јас се намачив да најдам податоци на македонски (се работи за печурки)

Википедија како проект (без разлика на кој јазик е) е слободна енциклопедија. Сите текстови се под ГНУ Лиценца, што значи дека можеш слободно да преведуваш од англиската на македонската Википедија. Преводот од англиската Википедија (а и било која друга) ќе ти биде легален. Boyan 17:07, 25 мај 2007 (UTC)

Факултети, универзитети и општо училишта![уреди извор]

Што да правам со факултетите на пример? Дали да го оставам името како што е или пак да го сменам! Еве класичен пример: Познатио универзитет Harvard University ќе остане вака или пак Универзитетот Харвард??? или University of Iowa ќе биде Универзитетот од Лова или пак останува ист??? или University of California, Berkeley да го преведам Универзитетот од Калифорнија, Беркли??? Ве молам да ми кажете како треба?????? Значи ги преведуваме имињата на училиштата општо или остануват исто?--Макс(разговор) 12:04, 30 ноември 2008 (UTC)

Превод на референци[уреди извор]

Ова е копија на разговор од мојата страница за разговор, има неколку поенти зошто би требало (или не) да се преведуваат референците во статиите. За пример видете ги Френсис Дрејк и Светиот Гроб како изгледа со преведени референци, а видете ја и статијата за Историја на христијанството како изгледа кога не се преведени.

Не знам кој го измислил тоа правило (јас не го изгласав тоа, не ни знам кога сте се договориле), но проблемот е што сите референци се на англиски, иако водат кон на пр. кинески, грчки, шпански итн сајтови, што значи дека само копи пејст од англиската википедија е глупава работа. Штом води кон грчка вест, на грчки, а во референцата е напишано на англиски, значи дека некој го превел насловот од грчки на англиски за да знае читателот што се работи во веста, и има во заграда објаснување дека е на грчки. Е сега тоа што ги мрзи сите овде (без навреда и мене ме мрзи, ама го правам) да ги преведат референците, тоа е друга приказна. Само забележете за што ви зборувам, и видете колку е подобро (и естетски) кога референците се на македонски. Инаку која е смислата да пишуваме на англиски, само копирајте од англиската и лепете тука, нема проблем.


Насловите на книгите се во оригинал, (како што правам и јас со референците) но местото на издавање е на англиски, пишува Tokyo а не 東京, а и имињата на писателите, пишува Petre Prlichko, не Петре Прличко. Кога станува збор за вести од весници и такви работи насловите се преведени, без разлика на кој јазик е напишано. Како и да е, не мора за сè да се водиме по англиската Википедија. Зошто да не ги преведуваме, зошто да има толкав текст на англиски, ако некој не го разбира, затоа е и проектов, ако разбирале сите англиски немало да го има проектов на македонски.
Така треба кај нас малку внимание да се обрнува, бидејќи референците викате треба да бидат во оригинал, а на англиската не се во оригинал, има превод на англиски од тоа што било оригинално. Така што ако во оригинал значи копи пејст од англиската, не сте во право.

Споредба[уреди извор]

Споредба на референца од статијата Историја на христијанството. Првото е како изгледа моментално во статијата (забележете колку работи има за преведување, p или pp е стр., and е и, местата се на англиски, додека е јасно дека не се на изворниот јазик (како примерот погоре за Токио). Видете дали се согласувате со тоа како предлагам дека би требало да изгледа референцата (а со тоа и сите референци). Што се однесува до писателите, јас мислам дека и тие треба да се преведуваат, со тоа што ќе проверуваме прво како е изговорот на името на англиската википедија, ако нема, ќе побараме и на гугл, како правам јас. Насловите не може да се преведат, бидејќи кај нас не се преведуваат исто како што е оригиналот, па така ако не е издадена книгата кај нас не можеме на своја рака да преведеме.

  • (лоша, моментална) ^ R. E. Brown, Death of the Messiah vol. 2 (Garden City, N. Y.: Doubleday, 1994) pp. 1240–1241; J. A. T. Robinson, The Human Face of God (Philadelphia: Westminster, 1973) p. 131 and also J. Kremer, Die Osterevangelien-Geschichten um Geschichte (Stuttgart: Katholisches Bibelwerk, 1977) pp. 49–50; B. Ehrman, From Jesus to Constantine: A History of Early Christianity, lecture 4, "Oral and Written Traditions About Jesus" (The Teaching Company, 2003); M. J. Borg and N. T. Wright, The Meaning of Jesus (San Francisco: Harper Collins, 1999), p. 12; G. Habermas, The Historical Jesus, (College Press, 1996) p. 128
  • (добра, предложена) ^ Р. И. Браун, Death of the Messiah изд. 2 (Гарден Сити, Њујорк: Doubleday, 1994) стр. 1240–1241; Џ. А. Т. Робинсон, The Human Face of God (Филаделфија: Westminster, 1973) стр. 131 и исто така Џ. Кремер, Die Osterevangelien-Geschichten um Geschichte (Штутгарт: Katholisches Bibelwerk, 1977) стр. 49–50; Б. Ерман, From Jesus to Constantine: A History of Early Christianity, lecture 4, „Oral and Written Traditions About Jesus“ (The Teaching Company, 2003); М. Џ. Борг и Н. Т. Рајт, The Meaning of Jesus (Сан Франциско: Harper Collins, 1999), стр. 12; Џ. Хабермас, The Historical Jesus, (College Press, 1996) стр. 128

-{админинстратор}- гитардемон 23:28, 23 април 2009 (UTC)

Дискусија[уреди извор]

Коментар  И јас сум размислувал на оваа тематика и мислам дека сте тотално во право. Јас сум за да се преведуваат референциите иако навистина ќе ме мрзи ама за доброто на проектот е! :) --Макс(разговор) 06:48, 24 април 2009 (UTC)
Коментар  Гледам дека многу време сте потрошиле на референците и мора да ви признам дека не ја прочитав целата дискусија. Како и да е би сакал да додадам неколку збора на оваа тема. Еднаш веќе, веројатно на Селска чешма, се договоривме дека референците нема да се преведуваат со оглед на тоа што доколку ја преведете голема е веројатноста никогаш да не го најдете примарниот извор на информации. Од дискусијата која ја водевме остана некаде пишан збор и тоа влезе во политиката на МК Википедија.
Инаку, доколку за некој текст (книга и сл.) на грчки, англиски, јапонски и сл. постои превод на македонски јазик (читај: ако книгата е издадена на македонски) во тој случај згодно е да се стави референцата на македонски доколку се знаат сите детали (Наслов, автор, издавач, година на издавање, стр. и слично). Ако оригиналниот текст е на јапонски, грчки и сл., без да е преведен и објавен во Македонија, тогаш треба да остане така (значи во оригинал), оти, уште еднаш ќе повторам, мноооогу е голема веројатноста да не се најде оригиналниот извор.
Што се однесува до англиската верзија и неконзистентноста на цитирањето на изворите на информации таму, мислам дека ако уредувачите таму (а ги има милиони) не можат да се усогласат поради големиот број ние на МК Википедија може да ги поставиме од почеток работите како што треба, а тоа значи дека референците треба да се пишуваат во оригинал. Ако на англиската грешат не треба ние да ги повторуваме нивните грешки.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 06:37, 24 април 2009 (UTC)
Коментар  Токму така, се согласувам за ова и го кажав веќе истото.--MacedonianBoy 09:46, 24 април 2009 (UTC)
Коментар  Референца како референца со се име на автор, делото, година, село/град/метропола и слично не се преведува, истото е во книги. Баш сега читам една книга и има бугарски и српски референци и тие се на оригинал. А што се однесува за дополнително одбразложение во вид на референца се преведува. Исто така се преведува стандардан референца со има на автор книга и се друго само ако е издадена на македонски јазик. Така на пример нема да пишам во реф Adventures of Sherlock Holmes, Conan Doyle туку Авантурите на Шерлок Холмс, Конан Дојл, зошто книгата е преведена на македонски.--MacedonianBoy 23:20, 23 април 2009 (UTC)
Коментар На оваа тема веќе се има зборувано на Викисредбите. Беше прифатено мислењето на мнозинството, меѓу кои и корисникот Виолетова дека референците не треба да се преведуваат. Јас имав во план да предложам нешто слично како она што горе го навел Гитардемон и мислев дека тоа е многу добро, но сепак подоцна се уверив дека не сум бил во право и дека е погрешно и започнав да ги оставам оригиналните наслови со цел на читателот да му биде полесно да ја пронајде литературата наведена во референците. Во книгите на македонски јазик, од најпознатите издавачки куќи, на македонски се преведува насловот на делото и неговиот името и презимето нанеговиот автор само доколку делото е преведно на македонски јазик. Но, ако забележите во книгите од издавачките куќи може да видите дека има и цели наслови на дела со името и презимето на авторот напишани во латиница, што значи дека делото сè уште не е преведено на македонски јазик. Во статијата Историја на христијанството, а и во статиите Френсис Дрејк и Базилика на Светиот Гроб не може со сигурност да се тврди дека делата се преведени на македонски, па затоа најдобро е насловот и авторот да останат напишани во оригинал. За ова е потребна консултација со стручно лице или проверка по издавачките куќи, кои издаваат дела на македонски јазик. За разлика од референците во овие статии, во статијата Жак де Молеј, сите дела се преведени, затоа што овие дела веќе се преведени на македонски јазик, а повеќето ги имам. Формата на превод на референците што ја предлага Гитардемон мислам дека има многу голема слабост и од друга страна. Преводот на имињата на авторите не е добра поради тоа што во транскрипцијата на англискиот јазик во македонскиот, различни имиња на англиски се транскрибираат како едно исто во македонскиот (на пр. Brown е Браун, но и Browne е Браун). Ако погледнете убаво, може да видите дека во некои страници и на англиската, референците на дела се пишуваат во оригинал, бидејќи најверојатно наведените дела не се преведени на англиски. Затоа, мсиалм дека најдобро би било насловите на делата, заедно со нивните автори, за кои сте сигурни дека се преведени на македонски јазик да се преведуваат кога се наведени во референци, а доколку не сте сигурни за соодветниот превод на делото, најдобор би било да го оставите во оригинал. Во секој случај, комбинираниот превод мислам дека е најлоша варијанта.
Инаку потполно се согласувам со Гитардемон дека референците кои содржат вест или некоја врска до страница мора да се преведуваат, бидејќи всушност истите не посочуваат на дело, туку на Интернет страница. Исто така, сакам да укажам дека добро би било ваквите работи да се преведуваат, а во продолжение да се запише во заграда или да се додаде некој од јазичните предлошки (на пр. (англиски)).--Kiril Simeonovski (разговор) 10:08, 24 април 2009 (UTC)
Коментар  Можам да се пофалам :)) дека неретко ги преведувам и наводите (читај: референците). Така што ја поддржувам оваа иницијатива. Многу ме радува што има и некој друг кој мисли дека не треба во сè да ја копираме англиската Википедија, туку и да бидеме оригинални во нешто. Ова би можело да се однесува и за преводот на website во ,,веб-место‘‘. Мислам дека на македонски тоа си е веб страница. Поздрав, Boyan (разговор) 10:44, 24 април 2009 (UTC)
Коментар  И сега? Што излегува на крај дека треба да се прави?--Астрион (разговор) 10:49, 24 април 2009 (UTC)
Коментар  Јас сум за превод само за веб страници и за дополнителен текст што се наоѓа во вид на референца како објаснување. За книги, автор, место на издавање и се што треба со тоа не.--MacedonianBoy 10:56, 24 април 2009 (UTC)
Коментар  За книги се согласувам со Wikimk односно ако книга не е издадена на македонски, да не се преведува, затоа зашто таку е полесно проверлив извор. Ако ја има на македонски, требе да се наведе и информација за македонското издание - со град, година и издателство. Мислам дека во однос на референците, требе да се раководим од тоа по коj начин изворот е полесно проверлив и полесно може да се наjде. --Стан (разговор) 11:18, 24 април 2009 (UTC)


Нов одговор[уреди извор]

Инаку потполно се согласувам со Гитардемон дека референците кои содржат вест или некоја врска до страница мора да се преведуваат, бидејќи всушност истите не посочуваат на дело, туку на Интернет страница. Исто така, сакам да укажам дека добро би било ваквите работи да се преведуваат, а во продолжение да се запише во заграда или да се додаде некој од јазичните предлошки (на пр. (англиски)).

—Кирил Симеоноски

За ова се сложувам максимално, и така и правам, за ова не треба ни дискусија повеќе е од очигледно дека така треба. -{админинстратор}- гитардемон 12:58, 24 април 2009 (UTC)

А сега тоа што го пишав претходно:

Коментар Значи реков дека има место за дискусија, не реков дека тоа што го предлагам е апсолутно точно.

Баш тоа со имињата на писателите ми беше дилема дали да се преведува или не, бидејќи не може секогаш точно да знаеме како се чита некое име. Но затоа реков да се побара изговорот на гугл или да видеме како се предаваат имиња од странски јазици (има статии на англиската википедија, тука, таму, па и секаде, само ако се побара), сепак не мора да чекаме на некои стручњаци (од издавачките куќи) да преведат име, демек имињата во статиите за личности кои никој ги нема ни чуено во Македонија ги земаме од стручњаци кои ги превеле? Не, гледаме како се изговара името и пишуваме статија за него, или вие консултирате некој од МАНУ пред да напишете статија за некој фудбалер? Сепак, има место за дискусија за ова, ве сфаќам дека не е исто кога е преведено потешко е да се најде г. Браун (Brown vs Browne), aма уште потешко е да се најде 黒澤明 (Акира Курасава), а тоа што го правев(т)ме досега беше да го копираме и лепиме од англиската како Kurosawa, што не е ни изворно, ни македонски. Сепак за ова има место за дискусија, не велам не, но мислам дека или сите изворно, или сите преведени да ги пишуваме (јапонски, кинески итн).
Како и да е, местото каде што се издава книгата мора да се преведува, бидејќи не може Токио во македонската википедија да го пишува Tokyo (како што правевме досега, со тоа копи пејст од англиската), тогаш ќе треба да го пишува 東京, значи примерот дека на англиската така прават не ви држи вода.

P.S. Од мојата корисничка страница: вие ги копирате и лепите изворите од англиската Википедија, не ги давате во оригинал, а цело време ми викате дека била политика да бидат во оригинал. Епа не се во изворна форма, гледате и сами. Не е само име на книга, издавач, место и издавачка куќа во тие референци, има и сврзници именки бла бла, да не го тупам, има референци со две книги и вие ми викате дека е точно книга 1 AND книга 2 наместо книга 1 И книга 2, за да било изворно? Или Книга X pp. 124-126 наместо Книга X стр. 124-126? Нема смисла ова, ако е јапонска книгата ќе треба за страница 35 да пишува 35面? -{админинстратор}- гитардемон 12:52, 24 април 2009 (UTC)

Ај што за местата и за имињата разбирам дека сте скептици и мислите можеби дека не треба или треба да се преведува, тоа нема врска, пак да се навратам на споредбата што ја напишав горе, колку од вас воопшто ја видовте пред да напишете мислење не знам, ама ајде еве ви ја пак:

* (лоша, моментална) ^ R. E. Brown, Death of the Messiah vol. 2 (Garden City, N. Y.: Doubleday, 1994) pp. 1240–1241; J. A. T. Robinson, The Human Face of God (Philadelphia: Westminster, 1973) p. 131 and also J. Kremer, Die Osterevangelien-Geschichten um Geschichte (Stuttgart: Katholisches Bibelwerk, 1977) pp. 49–50; B. Ehrman, From Jesus to Constantine: A History of Early Christianity, lecture 4, "Oral and Written Traditions About Jesus" (The Teaching Company, 2003); M. J. Borg and N. T. Wright, The Meaning of Jesus (San Francisco: Harper Collins, 1999), p. 12; G. Habermas, The Historical Jesus, (College Press, 1996) p. 128

* (добра, предложена) ^ Р. И. Браун, Death of the Messiah изд. 2 (Гарден Сити, Њујорк: Doubleday, 1994) стр. 1240–1241; Џ. А. Т. Робинсон, The Human Face of God (Филаделфија: Westminster, 1973) стр. 131 исто така и Џ. Кремер, Die Osterevangelien-Geschichten um Geschichte (Штутгарт: Katholisches Bibelwerk, 1977) стр. 49–50; Б. Ерман, From Jesus to Constantine: A History of Early Christianity, lecture 4, „Oral and Written Traditions About Jesus“ (The Teaching Company, 2003); М. Џ. Борг и Н. Т. Рајт, The Meaning of Jesus (Сан Франциско: Harper Collins, 1999), стр. 12; Џ. Хабермас, The Historical Jesus, (College Press, 1996) стр. 128

Видете и сами колку има за преведување во ова, ова е цело на англиски само копи пејст. Еве vol. 2 e изд. 2, pp. 1240 e стр. 1240, and also e исто така и, и ред други работи кои ги заборавате, како е тоа изворна референца, ако е јапонска книгата ќе треба за страница 35 да пишува 35面 ? -{админинстратор}- гитардемон 12:44, 24 април 2009 (UTC)

Гитар, мислам дека не стана јасно со какво "Р. И. Браун" е подобро од "R. E. Brown"? Еве што е полошо според мен:
# Потешко е да се намери изворот
# Се губи време да се бара транслитерација
За јероглифите навистина е неразбирливо, ама и дури да се преведени на македонски, тоа нема да ни помогне со ништо. Не можем да го проверим, ако нема превод на јазик коj го зборуваме (англиски, македонски и слично). Од друга страна, ако изворот е преведуван од јапонски на македонски, корисниците кои зборуват јапонски ке им е потрудно да го проверат, затоа зашто прво требе да го преведат од македонски на јапонски и после да побарат изворот - при преводот може да се загуби оригиналното заглавие на книгата. --Стан (разговор) 13:05, 24 април 2009 (UTC)
Добро е што повторно го посочи овој превод за да ја видиме разликата и да видиме дека има грешка во преводот. Сега гледам дека доколку твоето мислење,Гитардемон се прифати, ќе ни биде потребна голема лекторска помош. Делото Die Osterevangelien-Geschichten um Geschichte дод авторот Џ. Кремер. Јас како што знам, во германскиот јазик буквата Ј секогаш во македонскиот јазик се заменува исто така со Ј. Значи проблемот нема да биде само во потешкотиите да се најде наведената литература, туку проблем е и лошата транскрипција на туѓите имиња. Ако не може да се снајдеме од германски на македонски, што ќе правиме од јапонски н македонски (веќе си го навел јапонскиот) или од кинески на македонски. Инаку за тоа дека vol.2 е изд.2 и pp. е стр. и некои слични вакви поими целосно се согласувам.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:11, 24 април 2009 (UTC)
Па добро, Јон Крамер е друго, ама Џон Крејмер е друго, затоа не можеш да знаеш кој е кој, јас побарав ми ги изваде Џон, е сега дали е тој не знам, затоа и преводот така испадна. Меѓутоа не се зафаќајте за имињата, реков за нив може да оди било како, иако мислам дека е на македонски подобро (со тоа што ќе побараме малку на гугл), има ред други работи кои ги дискутираме, како местото на изадавање, и тие ситниците стр. изд. том итн., за имињата ќе се договориме, но мило ми е што сте согласни со тоа дека тие ситници и тоа како треба да се преведуваат а не само да се копираат од англиската. Инаку би било добро да дадете мислење и за градот каде што е издавачката куќа дали треба да се преведува, јас мислам дека треба (видете го примерот со Токио и како прават на англиската, значи копи пејст оттаму не е изворна верзија во никој случај). -{админинстратор}- гитардемон 13:19, 24 април 2009 (UTC)
P.S. Имај го на ум примерот со фудбалерите, кога некој пишува статија за некој фудбалер од трета лига исток во Кина (на пример ете), ни знае како се предава името ни ништо, но не чекаме на некој експерт да го преведе. Ако установиме грешка го поправаме, ако не установиме ќе живееме во лага :) но затоа сме повеќе луѓе тука, треба да се стремиме да биде точно. Што го прави некој покомпетентен за превод на имиња од нас? Ако е од табернакул (на пр.) не значи дека знае да преведе шпанско име подобро од тебе, значи не е проблемот во тоа дали била преведена книгата или не, работата е дали ние точно ќе го предадеме името, еве јас можеби згрешив (не знаев кој е точно тој, дали е американос или германос), ама не е тоа причина да биде сè на англиски. Утре други ден ќе излезе книгата од него и кај нас, и тогаш да го промениме на македонски кога веќе сме знаеле претходно (бидејќи сме побарале на гугл) како е? -{админинстратор}- гитардемон 13:31, 24 април 2009 (UTC)
Да се надоврзам на темата за превод на референци: од кај да знам јас исландски или татарски имиња како се предаваат на македонски? Ви се молам, реф си стои во оригинал така е и во книги.--MacedonianBoy 14:08, 24 април 2009 (UTC)

Случајно ми е познат извор на информации каде во детали се дискутира како се работи се референци и со извори на информации. Изворот е:


Л. Шоптрајанова, М. Стефова, И. Кузмановски, Извори и користење на хемиски информации, Просветно дело, Скопје, 1999, 10.


Во оваа книга во детали се опишуваaт во голема мерка стандардизирани начини за цитирање: книги, монографии, енциклопедии и др. извори на информации. Ако некого го интересира повеќе може да консултира луѓе од универзитетските библиотеки во Битола, Скопје, а верувам и во др. библиотеки. Стандардите се горе-долу слични како во претходо наведената книга. Според нив преведувањето на референците е незгодна работа. Посебно ако се има предвид дека ние на Википедија сме отприлика дваесетина и во ситуација кога постојат стандарди кои се применуваат, не само во Македонија, ние се обидуваме да наметнеме нови. Згора на тоа постои и ова Википедија:Цитирање_извори.
Поздрав, Wikimk (разговор) 17:14, 24 април 2009 (UTC)

Во ред, ако е така се сложувам, не мора да се преведуваат ни места ни имиња ни ништо. Ама тоа дека кога има две книги сврзникот and мора да се промене со и тоа е така, другото page, volume и сл. не мора. Ама сега оди дискусијата на друго, ај што не сакате да бидиме оригинални, добро :) ама не кажавте ништо за тоа како да се преведуваат другите референци (значи не библиографски), туку врски до вести од весници, од разни сајтови, од youtube, ако пишува таму во врската Fight between two dogs on YouTube, сигурно нема да ја оставиме така, туку ќе ја преведеме. Или ако има профил на некој политичар на некој сајт во форма George Bush on politiciansareidiots.com, и тоа не можеме да го оставиме така (ќе го направиме Џорџ Буш на politiciansareidiots.com). Има полно вакви примери, така што освен за книгите кои треба да бидат оригинал, за другите работи мислам дека сум апсолутно во право бидејќи и да е веста на италијански нема да напишеме вака George Bush su ipoliticisonoidioti.it бидејќи на англиската во секој случај ќе биде George Bush on ipoliticisonoidioti.it, туку ќе напишеме Џорџ Буш на ipoliticisonoidioti.it (италијански), со шаблон за јазикот, во случајов {{it}}. Се сложувате? -{админинстратор}- гитардемон 18:25, 24 април 2009 (UTC)
За мене ова е добро решение. Се сложувам.--Стан (разговор) 18:34, 24 април 2009 (UTC)
Ова и јас го зборував, така треба како што Гитар накратко образложи. Поздрав--MacedonianBoy 18:39, 24 април 2009 (UTC)

Коментар  Мислам дека Гитар е во право и неговите забелешки се потполно на место. Ако референцата е на англиски не значи дека е оригинално така. Всушност на en.wiki го направиле и прават тоа што Гитар го предлага тука на mk.wiki. Друга работа е тоа што повеќето референци (можеби >90%) на en.wiki се на en јазик, така да тамошните уредувачи не кршат глава околу преведување на референци, туку едноставно ги наведуваат а ние дополнително треба и да ги адаптираме на нашиот јазик. Би требало да се преведе и адаптира се што може, пример: Џорџ Буш на politiciansareidiots.com (англиски), Џорџ Буш на ipoliticisonoidioti.it (италијански), ... --brest (разговор) 19:02, 24 април 2009 (UTC)

Со оглед на тоа дека има работи за кои некои корисници се согласуваат, но и работи за кои не се согласуваат со Гитардемон, мислам дека не треба да трошиме залудни зборови на оваа страница и да губиме време, па затоа би го замолил Гитардемон да ги издвои своите предлозин кои ги има, па да коментираме за нив и евентуално доколку дојде до гласање да знаеме што е предмет на дискусија и прифаќање или отфрлање. Вака, од еден извадок од референците дојде до сосема различни и бескорисни теми.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:24, 24 април 2009 (UTC)


Коментар  Во принцип, референците не се преведуваат - самата идеја со референците се губи така. Не може да има компромис во стилот, "ако сте сигурни дека има превод, напишете го на македонски". Ако има превод на македонски некаде, се цитира преведената книга, името на македонскиот издавач итн., а не на странскиот издавач и оригиналот. Во сите други случаи, целосно во оригинал, никакво транскрибирање на имиња, поими и сл. За вести од други сајтови, сепак можеби може да се направи исклучок. --FlavrSavr (разговор) 21:09, 24 април 2009 (UTC)
Понекогаш дури и да има превод, требе да си остане во оригинал. Пример: "Автобиографијата" на Григор Прличев на бугарски (во оригинал) - ако цитирам нешто од таму, јас ке цитирам страница од бугарското издание, на пример стр. 12, затоа зашто го немам на македонски јазик и не знам 12 страница од бугарското на која страница од македонското издание одговара. --Стан (разговор) 23:42, 24 април 2009 (UTC)

За референците и останатото...[уреди извор]

Прво, да не го забораваме основното правило: македонски јазик се пишува со кирилично писмо, и не треба да претпоставуваме дека знаат или не знаат читателите да читаат латиница, грчки, арапски, кинески... Но, тоа не важи за референците, кои МОРА да се оригинал од книгата/весникот што се цитирале, бидејќи референцата (фуснотата) има улога на `дополнително четиво` - за оние кои ги интересира, и кои знаат и други јазици.


Второ, за примерите кои Гитардемон ги наведува како `добар` и `лош` пример - морам да кажам дека `добриот` пример е полош од `лошиот`:

  • Р. И. Браун, Death of the Messiah изд. 2 (Гарден Сити, Њујорк: Doubleday, 1994) стр. 1240–1241;

Поарно целото да го оставиш во оригинал. Работава излегува дека што си знаев - си преведов: калабалак - името на авторот кирилица, името на статијата или книгата (во случајот не се сфаќа за што станува збор) - оригинал, па она во заграда преведено, па Даблдеј - ај ќе го оставиме... pp е страница - да, ама vol. може да биде и том... ако мене ме интересира да го најдам, како ќе го најдам тоа што се цитирало?

Трето, зошто да се ставаат јапонски оригинални референци? Референца во основа значи дека ЈАС како составувач на текстот ги прочитав оригиналите и ви ги изнесувам на увид... тоа што повеќето статии се превод од англиските статии, па ние не сме ги прочитале оригиналите, само ставаме референци `на доверба` е друго дванаесет. Во таков случај подобро и да се испушти таквата референца.

Четврто, ако веќе се воведува ред на Википедијава наша, најправилно е сите статии да се авторски. Тогаш книгата / весникот / статијата / авторот што се појавуваат во делот `фусноти` или `референци` ќе си биде оригинал, како што налагаат правилата во македонскиот јазик. Друга работа е кога во самиот текст, односно во самата статија се споменува име или книга - тогаш правилото вели дека треба да се преведе, а оригиналот да се стави во референца (фуснота) или во заграда. Оригиналот сепак мора да го има. Ако пак, референцата (фуснотата) е текстуално дообјаснување, а не е посочување на книга и слично - тогаш тоа треба да се преведе.

Петто, што се однесува до „Автобиографијата“ која на македонски јазик ја има и е достапна (и било кои слични примери - на англиски, француски, германски...), ако Стан (или кој и да е) ја пише од оригиналот кој тој го чита во моментот - јас имам право бидејќи Вики.мк е наменета пред сè за македонските читатели, да го најдам делот во македонската книга, и да ја сменам референцата од македонскиот извор, за да биде полесно за снаоѓање за македонскиот читател. Се разбира, ако имам време да го барам делот што е цитиран. А тоа веројатно многу ретко ќе се случува ако воопшто се случува...


И за крај, бидејќи статиите не се авторски текстови, односно во случајов за таквите разговараме, поарно е да не измислуваме правила кои се вон сите правила во македонскиот јазик... Ете толку накратко за тематикава од гледна точка на лектор по македонски јазик. Поздрав до сите. --Виолетова (разговор) 01:07, 25 април 2009 (UTC)

Па добро, тоа го установивме и самите по толку дискусија и погоре, сепак благодариме :) Јас книги не читам воопшто така што навистина не знам како се цитираат референци. Не ме привлекува пишаниот збор. Како и да е, не беше цела дискусија за библиографијата, сепак испадна нешто добро (читајте промена) од сево ова, се договоривме дека некои работи навистина треба да се преведуваат (врски до сајтови за вести, за видео и ред други работи), пракса која не ја правевме досега. За тоа со книгите готово, и онака нема многу цитати од книги, сето е од веб сајтови, кое мора да го преведуваме (како што се примерите погоре со Џорџ Буш). Рече Кирил да изработам некои напатствија па да гласаме, но не гледам потреба се сложуваме сите за истото (конечно). -{админинстратор}- гитардемон 02:34, 25 април 2009 (UTC)
Нема потреба од гласање, мнозинството од нас, колку јас видов, се сложуваат со статовиите на Виолетова. Ако сакате гласање наведете подточки за кои да се гласа, вака разговоров е расфрлан.--MacedonianBoy 09:08, 25 април 2009 (UTC)
По Виолетова, референците остануваат како што се, преземени од анг.вики???/--Астрион (разговор) 11:44, 25 април 2009 (UTC)
...по можност средени како што пишува овде Википедија:Цитирање_извори. ...и при тоа без vol, pp, том, стр. и слични кратенки кои може веднаш да се подразбираат од референците. Ако уредувачот не може да се снајде најдобро е да ги остави такви какви што ги нашол во оригиналниот текст (кој најверојатно го превел).
Поздрав, --Wikimk (разговор) 12:35, 25 април 2009 (UTC)
Исти се, за книгите, а за сè друго се преведуваат! Значи ако има вест од било кој сајт се преведува во целост (освен името на сајтот на пр. www.youtube.com нема да биде ввв.јутуб.ком). И кога има две книги кога се поврзани со and ќе се пишува и. На пр. референцата од англиската википедија (2009) The book of whatever, London: The whatever publishing company AND (2009) The book of other important stuff of the like, London: The whatever publishing company кај нас ќе биде (2009) The book of whatever, London: The whatever publishing company И (2009) The book of other important stuff of the like, London: The whatever publishing company. Тоа, друго нема. Инаку во секој случај прегледувајте ги референците пак, бидејќи книги нема многу често во цитирањата (зависи од статијата), па така најчесто водат до сајтови, референци кои рековме дека треба да се преведуваат (на пр. Fight between two dogs on youtube.com ќе биде Тепачка помеѓу две кучиња на youtube.com или George Bush on politiciansareidiots.com ќе биде Џорџ Буш на politiciansareidiots.com). Mислам дека е јасно, така? -{админинстратор}- гитардемон 00:47, 27 април 2009 (UTC)