Википедија:Селска чешма (Правопис и граматика)/Архива 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 2


Каде се користи „ô“?[уреди извор]

Здраво. Овде видов дека освен è и ѝ, има и ô акцентирано, што го немам сретнато досега, па би замолил некој што се разбира да ми објасни каде се користи за да не направам грешка при пишувањето на нови статии. :) --Игор 11:45, 30 август 2008 (UTC)

Здраво, Игор. Акцентираното О со надреден знак, но не ова --> ô, туку нешто вака (со надреден знак, а не акцент), се користи понекогаш во печатот за да се разликувала именката од (на пр. Тоа се врши во `од) од предлогот од (на пр. од Скопје до Битола). Грешка е да се става тоа симболче, односно грешка е овој симбол ô. Ако постои потреба некаде да се обележи таквото о во именката од (одот), може да се стави надреден знак над таквото о: `од, `одот. (заб: јас овде ставам апостроф (`), а не надреден знак (како врз ѐ), бидејќи го немам тој симбол, о со надреден знак, мислам дека ме сфаќаш). Значи тоа е единствената употреба, според правописот. Поздрав, Brainmachinewtf? 12:50, 30 август 2008 (UTC)
Сфатив што е работата. Значи и не е толку важно. Благодарам. --Игор 14:12, 30 август 2008 (UTC)
Тоа „капчето“ или циркумфлекс се користи/користело за да се разликуваат хомографите, како од и ôд, а сум сретнал и друг збор во животот, но никако да се сетам кој збор. Како и да е и Србите го користат, и тоа многу почесто. Еден пример е зборот код vs кôд. Првото значи кај а второто код = англиското code. По таа логика би требало и кај нас да биде под (како предлог за место) и пôд (како душеме). Меѓутоа ете не се користи. А тоа со апострофот искрено не сум го сретнал, а колку што се сеќавам како деца учевме дека се става циркумфлекс.

Акцент[уреди извор]

Здраво. Се надевам дека некој ќе биде љубезен и ќе ми даде одговор на прашањето околу акцентирањето на странските имиња во македонскиот јазик. На пример дали руското име Владимир го читаме со акцент на второто И од крајот на зборот или на првото И од крајот на зборот.

Ако изговараме странски имиња тогаш во македонскиот јазик имињата се изговараат со македонски акцент, доколку изговорот на името не звучи или нема фонолошка смисла само во тој случај се изговара во оригинална форма.-- MacedonianBoy  Oui? 20:10, 7 јануари 2009 (UTC)


Српски -> Македонски[уреди извор]

Јер само Гоогле преводи на српски језик, а не Македонски, могао неко молимо Вас да проверите моје промене у Западној Австралији и на Перт и прилагодити ако је потребно да би их смисла у македонском? хвала :) Orderinchaos (разговор) 05:40, 11 јануари 2009 (UTC)

Ок Готово --Brainmachinewtf? 16:42, 31 јануари 2009 (UTC)

Добре дојдовте или добредојдовте?[уреди извор]

Според правописот е Добре дојдовте, а многупати го имам сретнато слеано. Како е поправилно? --Игор (разговор) 11:46, 28 јануари 2009 (UTC)

Поврзано: Разговор:Главна страница/Расправа за добредојде
Иако така стои во правописот и тоа е правилно, факт е дека доста почесто се употребува слеаната форма - добредојде. Видете ги резултатите од Google пребарувањето:
Некои весници употребуваат добре дојде во статиите - ете на пример Вест, а пак во друга статија од Вест се користи добредојде. A1 има многу статии кои користат добредојде ([1], [2]), понекогаш ќе се најде и по некое добре дојде; BBC Македонија користи добредојде итн., итн... Заклучок? Иако правилото вели добре дојде, денес во нашиот јазик многу, многу почесто може да се сретне слеаната варијанта. Гугл вели 61.500 : 2.090 за добредојде, онаа форма која ние ја користиме. Употребата на добредојде vs. добре дојде на македонската Википедија можеме да ја одредиме само преку консензус - да се согласиме дали да правиме промена. Јас искрено мислам дека прашањето нема некојa поголема значајност и сакам да ја задржиме старата форма (оти ќе треба да преправаме еден куп предлошки и статии). Прашањето е отворено за дискусија, доколку се согласувате, може да го промениме. --Brainmachinewtf? 16:27, 31 јануари 2009 (UTC)
Мене воопшто не ми се допаѓа тоа што не се прави никаква разлика помеѓу „добре дојде“ и „добредојде“. Еве во што е разликата помеѓу овие две работи:
Ако некој ви дојде на гости велите „Добре дојде пријателе!“
Ама ако некој друг раскажува за настанот ќе рече „Знаеш на тој човек му беше искажано срдечно добредојде“.
Сметам дека разликата не е многу суптилна, ама дека како резултат на неколку погрешно водени маркетинг кампањи во последниве години добредојде и (уште полошо) добродојде многу често се употребуваат во погрешен контекст. Всушност добредојде е исто што и српското добродошлица.
Посакувам да слушнам коментар на ова тема од многу постручните од мене за вакви работи.
Поздрав, Wikimk (разговор) 07:36, 4 февруари 2009 (UTC)
Никогаш не сум размислувал на таа тема, а тоа што го кажуваш е сосема логично. (Исто како и јас што отсекогаш велам дека кратката заменска форма ни треба да се разликува од негацијата ни :P). Но, не верувам да ќе најдеме одговор, освен ако не се обратиме на институтот за македонски јазик. :) --Игор (разговор) 11:00, 4 февруари 2009 (UTC)
На алатката за македонски правопис на On.net (горе лево), и двете форми се сметаат за точни. Исто така, постојат владини сајтови каде што се користи добредојде. За жал, не можам да ја пронајдам книгата за правопис кај мене дома. Сметам дека не е добре да вршиме компаративни споредби со други јазици ;-). Исто така, ова е можеби едно не толку битно прашање, по кое најдобро ќе се изјасни некој лектор. Поздрав. --FlavrSavr (разговор) 15:26, 4 февруари 2009 (UTC)

Кога веќе се бара лектор, еве ме :)
„Речник на македонскиот јазик“, Детска Радост, Скопје, том I, стр: 140
добре дојде! добре најдов!
(веднаш под него):
добредојде, како израз за добродошлица.
И двете се користат, и мое мислење е дека ова е најмалиот проблем во нашава Википедија, гледано од лекторска гледна точка. Поздрав --Виолетова (разговор) 15:54, 4 февруари 2009 (UTC)

Всушност речникот на кој повикуваме цело време се вика Речник на македонскиот литературен јазик со српскохрватски толкувања. Па така толкувањето за изразот добредојде буквално пишува (книга прва, стр. 140):
„добредојде n dobrodošlica
За зборчето добре пишува:
„добре adv samo u izrazima добре дојде!, добре најдов! dobro dosao! dobro sam nasao!
Ова оди во прилог на моето претходно објаснување (делот обележан со црвено е на српскохрватски).

Јас не сум доволно стручен да ценам за тоа колку е ова битно прашање, ама мора да признам дека многу ме иритира кога ќе видам добро дојдовте, добродојдовте и други варијанти по рекламите низ градовиве во МК.
Поздрав, Wikimk (разговор) 17:07, 4 февруари 2009 (UTC)

Добре` е бугарски збор.

Слеано/разделено - „каде што“ или „каде што“?[уреди извор]

Како е правилно, оти на многу места ги среќавам и двете форми? --Brainmachinewtf? 16:43, 31 јануари 2009 (UTC)

Каде што. Разделено, исто како и како што, колку што, каков што, каква што, какво што, какви што.

Слеано се пишуваат релативните сврзници од кој, чиј и што. (којшто, коешто, чијшто, чиешто итн.) Поздрав. --Игор (разговор) 12:07, 1 февруари 2009 (UTC)

Не треба ни “каде што“, ни “каде што“, ни “којшто“, ни “кој што“. Тоа се предимензионирани форми, нешто како “прибидејќи“. Треба само “каде“, “кој“ или само “што“ итн.

Кратенки за јазиците[уреди извор]

Во последно време забележувам (а и променувам) многу статии во кои во описите на странски јазик, странскиот јазик се обележува лат., гер. или слично, нешто кое сум го видел само на српската википедија, и затоа мислам дека е некоја навика останата од старата држава кај нас. Искрено мене ова ми изгледа неуредно и сметам дека треба да се избегнува, или пак ако не, да се користи само тоа. Премногу е шаренолико, и едни пишуваат така, а други (повеќето) го пишуваат целосно името на јазикот (на пример: латински, германски). Мислам дека треба конечно да се договориме за тоа кој стил треба да го користиме и откако ќе се договориме да го вметнеме негде во упатствата за да знаат и новите корисници како треба да го пишуваат. Се надевам ќе добијам одговор. --√ гитардэмонговори со мной √ 05:33, 4 февруари 2009 (UTC)

Долгата верзија FTW! Бидејќи поголемиот број од статиите го користат тој стил, а плус на овој начин ќе нема забуни за тоа како правилно да се скрати зборот. --Brainmachinewtf? 14:06, 4 февруари 2009 (UTC)
Во нашиот јазик се користат и кратенки на јазиците, а се користи и целиот израз. Разликата е во визуелниот ефект. --Виолетова (разговор) 15:57, 4 февруари 2009 (UTC)
И јас ги користев долгите форми, но во последно време многу поприродно и подобро ми изгледа доколлку се користи скратена форма.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:06, 4 февруари 2009 (UTC)
Долгата ми изгледа по-енцицклопедички ако ме сфаќате. Можеме и да создаваме предлошки ако полесно ви е да ги пишувате скратените форми (како што имаме на англиската). Балканец What man, what? 03:22, 7 февруари 2009 (UTC)
Да, мораме да се усогласиме во врска со тоа. Затоа сите ве замолувам да ги користиме предлошките од типот на: lang-en - англиски, lang-fr - француски, lang-es - шпански и сл. Со ова убаво и целосно се прикажува за кој јазик станува збор, без никакви кратенки. Веднаш по тоа убаво се ставени две точки, а по нив зборот на одредениот јазик со закосени букви. Ве молам сите да завршиме со ова еднаш за секогаш и ова да го ставиме во правилата, во прирачниците каде и да треба не се разбирам. Ако сите се согласите тогаш Зоки еве нека го стави таму ова правило и една листа на вакви предлошки за сите јазици, ако за некои јазици нема јас се нафаќам да отворам и потоа само ќе го применуваме ова. --Макс(разговор) 14:37, 9 февруари 2009 (UTC)
Жално е што никој не учествува во дискусијава од админите. Јас мислам дека треба долгата со примената на предлошките. Треба да се вметне некаде во упатства за уредување. --√ гитардэмонговори со мной √ 16:37, 9 февруари 2009 (UTC)

Техничко прашање: може ли да ги „македонизираме“ шаблонтие? Т.е. да ги именуваме пр. {јаз-анг} за англиски, {јаз-гер} за германски наместо {lang-en} или {lang-de} итн. Мислам дека некако подобро (и малце полесно) ќе биде. Балканец What man, what? 08:58, 10 февруари 2009 (UTC)

Уште подобро решение, јас сум за ова. Поздрав--MacedonianBoy 09:08, 10 февруари 2009 (UTC)
Да, одлично. Значи замолувам некој администратор да го заклучи разговоров со тоа што ќе ја каже финалната одлука, а тоа е да се користат само предлошките без кратеник и некои други глупости, да го вметне правилото каде што треба, да ги македонизираме предлошките и на крај кој ќе наиде на нешто што е без таков шаблон само ќе го промени. --Макс(разговор) 13:11, 10 февруари 2009 (UTC)

Апостроф, наводници и буквите ѐ и ѝ[уреди извор]

Се замолуваат сите корисници на македонската Википедија да обрнат особено внимание на следните забелешки:

  1. Во случај да имате потреба од користење на знакот апостроф ( ' ), тогаш Ве замолуваме да го користите истиот, а не знакот `,
  2. Во случај да имате потреба од користење на наводници, Ве замолуваме истото направете го со користење на македонските наводници „ “ а не англиските " ",
  3. Во случај да имате потреба од користење на буквите ѐ и ѝ, направете го тоа со користење на тие букви, а не со користење на основните букви е и и.

Овие три правила важат за уредување на содржина на статија, наслови на статии, разговори и секаде каде има потреба од пишување на текст на македонски јазик. Ви благодарам, --MacedonianBoy 14:22, 9 февруари 2009 (UTC)

Па тоа само по себе треба да се подразбира, тоа е како да не знаеш дали к или ќ, на некој начин. Правопис си е правопис, е некој ако не го почитува тоа е тоа. Но добро е сега за сега, на почетоците на Википедија имавме проблеми со тоа... Како и да е, многу е полесно да го напишеш точно, отколку некој да поправа по тебе. А за апострофот, имам проблеми и јас бидејќи има три апострофи , и ' Инаку последниот е англиски според мене, а во статијата за ‘рбетници се користи овој нагоре , а сметам дека најмакедонски е тој надолу (јас така го пишувам на рака). --√ гитардэмонговори со мной √ 16:39, 9 февруари 2009 (UTC)

Не(воз)можност[уреди извор]

Може ли некој да ми ја објасни разликата помеѓу невозможност и неможност? Однапред благодарам. --203.59.21.98 (разговор) 07:18, 25 април 2009 (UTC)


  • Еве една мала семантичка анализа, според мое наоѓање.
    • Невозможност - повеќе се однесува на својството на објектот отколку на вршителот. Нештото е невозможно да се направи/изведе најчесто заради некоја негова состојба/карактеристика само по себе, па така за него важи својството „невозможност“.
    • Неможност - се однесува главно на вршителот, дали тој е во можност да го изврши тоа. Овој збор имплицира и други фактори кои придонесуваат кон неизводливоста, но не баш карактерот на самата цел (т.е. објектот). Неможноста не значи дека нештото е невозможно (можеби за друг човек или за истиот, но под други околности тоа би било изводливо, т.е. можно).

Меѓутоа дури и ова е дискутабилно, и сепак подлежи на философска расправа. Ова беше само една моја идеја, но не конечен и стопроцентен одговор. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:01, 11 јули 2009 (UTC)

Запишување на редните броеви[уреди извор]

Се замолуваат сите корисници на Википедија на македонски јазик да внимаваат во запишувањето на редните броеви со бројки. Имено, според Правописот на македонскиот литературен јазик, правилно е да се користи точка (.) веднаш по бројот (на пр. 25. април). Сите други записи, кои содржат суфикси од виодт -от -ви -ти и сл. се погрешни[се бара извор]. Најчесто се греши во следните ситуации:

  1. запишување на датумот (правилно е 12. март, а не 12-ти март; записот 12 март е исто така погршен, бидејќи поимањето на овој запис би бил дванаесет март, а не дванаесетти март, чие членување го дава точката);
  2. запишување на сериски настани, при што се јавува потребата од употреба на редни броеви (на пр. 25. Струшки вечери на поезијата, но не 25-те Струшки вечери на поезијата, 25-ите Струшки вечери на поезијата или 25-тите Струшки вечери на поезијата);
  3. запишување на редните броеви (општо, пред било која именка) (на пр. 10. крал, а не 10-от крал; 2. место, а не 2-то место);
  4. набројување со употреба на редни броеви (на пр. прво е 1., а не 1-во; второ е 2., а не 2-ро;).

Последната, четврта (4.) точка се потврдува и со составот на овој текст. Наведени се четири ситуации во кои се греши и истите се подредени со 1., 2., 3. и 4., односно 1. ситуација, 2. ситуација, 3. ситуација и 4. ситуација (ова ја задоволува и третата ситуација). Однапред ви благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:30, 8 јули 2009 (UTC)

Грешка си за датумите, правилно е 12 март 2009, без точки (извор: Правопис, точка 403). А, дека суфиксите се погрешни — наведи извор. --Brainmachinewtf? 16:56, 10 јули 2009 (UTC)
Не можам да ти го наведам правописот, а и не знам од каков правопис читаш, кога добро се сеќавам минатата година, кога професорката по македонски јазик не подготвуваше за матура, ни покажа еден голем правопис, во кој беше со точка. И јас не знаев дека е со точка. Примерот беше, дали е правилно 8-ми март, 8 март или 8. март. И објаснувањето беше исто како погоре. Консултирај се со некој професор по македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:01, 10 јули 2009 (UTC)
Јас користам: Правопис на македонскиот литературан јазик: издание со изменет и дополнет текст/Б. Видоевски, Т. Димитровски, К. Конески, Р. Угринова-Скаловска: под редакција на Тодор Димитровски. - Скопје: Просветно дело, 1998. ISBN 9989-0-0099-9. Исто и во прирачникот за матуранти (од Билјана Богдановска) што ми беше е наведено дека датумите се пишуваат без точка. И Виолетова мислам дека некаде го спомна тоа. И така и користиме на Википедија. --Brainmachinewtf? 17:07, 10 јули 2009 (UTC)
P.S.Најверојатно читаш од стариот правопис, со сини корици. Пред неколку години се извршија неколку промени, меѓу кои беше и ова со членувањето на броеви. Меѓу другите промени беа и оние за именување на националноста кај некои народи (на пр. точно е Швеѓанец, но со новите промени, точно е и Швед; точно е Русин, но со новите промени, точно е и Русинец и др.). --Kiril Simeonovski (разговор) 17:08, 10 јули 2009 (UTC)
Ова го пишував како додаток, но излезе како одговор, бидејќи пред мене си напишал. Консултирај се со професори или јазичари или прочитај во еден нов голем правопис. Мислам дека е од 2003. или 2004., а промените се извршија една или две години пред тоа. --Kiril Simeonovski (разговор) 17:10, 10 јули 2009 (UTC)
Да, од правописот со сини корици читам. Не знаев дека е направена промена. Ќе отидам некој ден во библиотека и ќе го разгледам овој нов правопис. Поздрав, Brainmachinewtf? 20:30, 10 јули 2009 (UTC)

Мислам дека ова е важно за сите нас, затоа бидејќи јас не се разбирам донесете одлука и тогаш ставете знак дека е официјална ако оваа се уште не е. И имам мало прашање, пример имаме ваква реченица - Првичното издание на книгата било издадено 2005, а второто е издадено во 2007. Е сега дали е правилно со . на крајот од годиниве или со зборот година. --Макс(разговор) 18:21, 10 јули 2009 (UTC)

Точката претставува само членување, односно ако е 2007., тоа е исто како со зборови две илјади и седма. Најќесто ова асоцира на година, но сеак зборот година ја потврдува и граматичката точност, по што без дилеми станува збор за година.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:28, 10 јули 2009 (UTC)
Зборот Русинец (рус. россиянин) би бил регионална одредница (т.е. граѓанин на Руската Федерација од било која етничка група), но не сум го видел во ниеден речник. Русин (рус. русский) е припадник на рускиот народ исто како што се Срби—етничка група, Србијанци—граѓани на Република Србија. --124.169.38.170 (разговор) 05:00, 19 јули 2009 (UTC)
Како што напишав погоре, тоа е една промените направена со последните ревизии во Правописот. Промената беше пред неколку години, а веднаш после ревизијата излезе и нов Правопис. Инаку промените се направени само за неколку националности. Срвбијанец мислам дека не е правилно. Всушност и нема некоја разлика меѓу Русин и Русинец или Швеѓанец и Швед итн. Овие промени се направени како чиста алтернатива. Рускиот јазик е побогат со вакви изрази, кои имаат различни значења (на пр. русский и российский; кај нас е само руски). Сон ревизијата единствено е направена разлика меѓу поимите Атинец и Атињанец. Атинец се дефинира како денешен жител на градот Атина, а Атињанец како жител на Атина во антиката. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:44, 19 јули 2009 (UTC)

Бидејќи добив е-пошта во врска со запишувањето на редните броеви т.е. употреба на точката како правописен знак, би сакал да го цитирам правописот: Правопис на македонскиот литературен јазик, трето издание, редакциски одбор: Б. Видоевски, Т. Димитровски, К. Конески, К. Тошев, Р. Угринова-Скаловска - Скопје: Просветно дело, 1986. Иако постаро издание, не гледам дека во поновото издание има промени во овој дел, според кое досегашната практика на употреба на точката како правописен знак на википедија на македонски јазик е во склад со правописот. Така:

  1. точката се употребува при скратување на зборови: и др., итн., ...
  2. Имињата при потписи и други зборови: Б. Петковски, Бл. Митровски, ..
  3. Ако редниот број се пишува со арапска цифра зад неа ставаме точка:
    1. Тој беше борец на 41. дивизија.
    2. Табелата се наоѓа на 248. страница.
    3. Да резимирам: 1. организациите треба уште повеќе да се активираат во спроведувањето на донесените решенија; 2. секој нивни член треба да се вклучи во определената акција; 3. треба да се води редовна евиденција.
  4. Точка не се пишува зад арапските цифри ако е јасно од текстот дека тие имаат редно значење. Така е најчесто во датуми, години и векови по ред и сл.:
    1. Скопје, 15 мај 1965 година.
    2. Второто заседание на АВНОЈ се одржа во Јајце на 29 ноември 1946 година.
    3. Дури и во 20 век македонскиот народ беше поробен.

--brest (разговор) 17:18, 24 септември 2009 (UTC)

Евтин/евтин[уреди извор]

Дали е правилно евтин или евтин? Зборот потекнува од грч. „φτηνός“ (фтинос). Ф и Т се безвучни согласки, па зошто се пишува со В (на пр. Евтини приказни)? --203.59.100.56 (разговор) 10:19, 5 август 2009 (UTC)

Затоа што „в“ никогаш не се едначи по звучност во зборовите (тој глас е исклучок), за разлика од другите звучни и безвучни согласки. Еве еден пример: не пишуваме „чуфство“, нели? „С“ е безвучна согласка овде, а пак правилно е „чувство“. Затоа овде мислам дека правилно е „евтин“.

Еве многу контра, но пред се` соодветни примери: Не пишуваме „совтвер“ нели? Пишуваме „софтвер“. Не пишуваме „пивтија“, туку „пифтија“. Не пишуваме „тавтабити“, туку „тафтабити“, не „навта“, туку „нафта“, не „ќовте“, туку „ќофте“ итн, итн ... Затоа јас со уште поголемо право мислам дека е правилно „евтин“.


Brainmachinewtf? 11:25, 5 август 2009 (UTC)

Ги знам правилата, но воопшто не станува збор за едначење по звучност. Поентата ми беше дека зборот доаѓа од грчкиот „фтинос“. Повторувам: зошто тогаш се пишува со В? --203.59.100.56 (разговор) 11:24, 6 август 2009 (UTC)
Хм... навистина не знам. Ова ме потсети за инсистирањето кон „филозофија“ со з, а не со с (философија), иако софос значи мудрост, а зофос значи мрак (не сум сигурен дали така беа на грчки), па филозофија во буквален превод би било „љубов кон мракот“. Ќе ја прашам Корисник:Виолетова, таа е лектор по македонски јазик, па да видиме што таа мисли. --Brainmachinewtf? 18:21, 6 август 2009 (UTC)
Во нашиот јазик зборот „философија“ е изведен од старословенскиот јазик (философиꙗ) <— старогрчкиот јазик (φιλοσοφία). Нема валидна причина за да се пишува со З. --203.59.100.56 (разговор) 12:32, 7 август 2009 (UTC)

Има многу вакви нелогични правила:

  • разделеното пишување на „сè уште“: зборови кои почнуваат на „сè“ логично треба да се пишуваат слеано (сепак, сеопфатен, сеопшт, севкупно, сеедно итн.)
  • разделеното пишување на „добредојде“: повеќето прилози во нашиот јазик се придавки о машкиот род. „Добре“ воопшто не е македонски збор, затоа треба да се пишува „добредојде“ и „добро дојде“ (првата варијанта има поопшто значење). Истото важи и за поздравот „добровечер“ (за разлика од „добра вечер“). --203.59.100.56 (разговор) 13:08, 7 август 2009 (UTC)
    • За ова второво, можеби е така направено за да се разликува употребата во овој контекст:
Тој ја отвори вратата и кажа: „Добре дојдовте!“
Тие беа пречекани на вратата со срдечно добредојде.
Инаку, се согласувам дека има многу нелогичности во нашиот правопис и граматика. Се сеќавам кога учевме македонски во средно дека честопати се чудевме на бројните исклучоци од секое можно правило. Но, сепак ова е јазик, најмногу од сè средство, а не некоја егзактна наука. Со текот на времето сите овие нелогична правила ги прифатив како финеси кои го прават нашиот јазик карактеристечен и интересен за употреба. --Brainmachinewtf? 14:26, 7 август 2009 (UTC)
Јас се сеќавам, учевме дека правилно е „евтин“. Ова е исклучок, како што при едначење по звучност меѓу согласките „д“ и „ц“, исклучоци се крадци, преци и очевидци.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:30, 7 август 2009 (UTC)

Cause/reason[уреди извор]

Како се разликуваат зборовите cause и reason во македонскиот јазик? --124.169.105.21 (разговор) 07:01, 18 август 2009 (UTC)

Список наместо листа[уреди извор]

Сакам да напоменам дека е добро сите статии кои започнувааат со „листа“ да се заменат со „список“, од проста причина што првото е италијански збор со латинско потекло, а второто е македонски збор. Имено зборот „листа“ во речник се преведува како список, попис или именик, но мислам дека на Википедија неговото значење би било спсиок. Не знам колку се внимавало на ова, но мислам дека е редно да се реши.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:52, 25 октомври 2009 (UTC)

Да јас постојано употребував листа, но веќе неколку месеци употребвам список. :)--Макс(разговор) 07:48, 26 октомври 2009 (UTC)

Се согласувам со оваа забелешка, список е во духот на македонскиот. Бојан имаш за кажување? 09:01, 26 октомври 2009 (UTC)

Имам една забелешка за транслитерацијата на грузиските имиња. Имено тие завршуваат на -дзе и мислам дека треба да користиме -ѕ наместо диграфот. Така треба да биде Шевернаѕе наместо Шевернадзе. Сепак имаме таква буква, за разлика од останатите јазици. Поз--Никола Стоіаноски 20:39, 1 ноември 2009 (UTC)

Ѕ во секој случај е точно. Така и правилно се предава.--Р ашо 20:42, 1 ноември 2009 (UTC)
Целосно се согласувам. Дури ова (употребата на грузиските презимиња со буквата „ѕ“) го имамм изнесено на Вики средба, но исходот беше негативен, со оправдување дека многу други странски поими во македонскиот јазик се припитомиле во друга форма (на пр. запишувањето на градовите Рим и Париз и сл.). Не знам каков ќе биде исходот од ова предупредување, но го поддржувам.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:28, 1 ноември 2009 (UTC)
Па добро има некои поими присвоени со подруга форма на пишување, но во овој случај имаме своја буква и треба да ја користиме. Поз--Никола Стоіаноски 22:12, 1 ноември 2009 (UTC)