Википедија:Селска чешма (Новости)/Архива 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната страница за разговор.
Архива 2


Честитки[уреди извор]

Најсрдечни честитки на сите корсници на мк Википедија и големо благодарам на сите нив за придонесите со кои достигнавме преку 10.000 статии!!! Само така! --Б. Јанкулоскиразговор 02:04, 24 јуни 2007 (UTC)

Ова е супер! Сега пишувам нешто како известување за медиумите, само не сум сигурен од кај да почнам...:-). Честито! Гледам дека и главната страница е редизајнирана... добро е се тоа, само навистина не ми се допаѓа избраниот портал и мултимедијалната содржина, а се надевам дека ќе има некој да го средува делот "На денешен ден". Поздрав, ќе го објавам известувањето на Порталов пред било каде да го пратам, да видите дали е ОК... --FlavrSavr 21:25, 24 јуни 2007 (UTC)

Википедија на македонски јазик надмина 10.000 статии[уреди извор]

На 22 јуни, mk.wikipedia.org - македонската едиција на Википедија, популарната интернет енциклопедија, ја доби својата 10.000та статија. Со тоа македонската Википедија и официјално се вброи во категоријата на поактивни и поголеми јазични едиции на Википедија.

Македонската Википедија е организирано активна од почетокот на 2005 година, откога бележи постојан раст како во квантитетот, така и во квалитетот на статиите. Како и другите јазични едиции, Википедија на македонски јазик функционира на принципот “слободна енциклопедија”, што значи дека корисниците на енциклопедијата учествуваат во нејзиното создавање.

За бројката од 10.000 статии најзаслужна е колективната работа на дваесетина постојано активни корисници, како и над илјада регистрирани корисници од Македонија, но и од странство: најголем број на уредувања има Бојан Јанкулоски, македонски студент во Нов Зеланд. За нормалното функционирање на енциклопедијата се грижи тим од 8 администратори.

Повеќе за работата на македонската Википедија заедница, јавноста ќе може да дознае на настанот СподелиКино, во заедничка организација со Слободен софтвер Македонија, на 3 јули, во 20 ч., во културниот центар Точка.

Ај видете дали се е во ред. Мислам дека ќе ги најдам меиловите на уредниците на културните редакции на поголемите весници во Македонија, ама за секој случај, ако знаете некој, кажете да му го испратам. --FlavrSavr 22:56, 24 јуни 2007 (UTC)
Објавив и на Викимедија --FlavrSavr 22:59, 24 јуни 2007 (UTC)
Немам некои забелешки, нека иде нешто во етер. Мислам дека ако испратиш информација на новинските агенции МИА и МАКФАКС би требало да заврши најповеќе работа. Ако праќаш по email соопштение стави некој линк кон википедија да не не гуглаат. Јас толку.--brest 23:06, 24 јуни 2007 (UTC)
  • Големо благодарам што ме спомнувате! Само една забелешка: презимето ми е без „в“ :) --Б. Јанкулоскиразговор 23:14, 24 јуни 2007 (UTC)
Средено. Кога го пишував текстот едноставно ќе беше нефер да не те спомнам. Само, "дијаспора" како збор ми е малку, таков... не баш... може треба само од "странство". --FlavrSavr 23:21, 24 јуни 2007 (UTC)
Да, да никаква „дијаспора“! :) Во Нов Зеланд не постои македонска „дијаспора“, а и како што кажуваш, со себе носи неугледни аконотации. „Странство“ е вистинскиот збор. Туку што стана со изледот на порталите? Проблемот го образложив тука и сметам дека е прилично итен за решавање. --Б. Јанкулоскиразговор 07:56, 25 јуни 2007 (UTC)

Дечки јас го испратив ова на огромен број на новинари (добив листа од една другарка :) ), па се надевам дека некој ќе ја објави веста... Не кажав само за тоа во Точка, зошто и мене не ми е јасно што точно ќе се случува таму, па да не испадне да дојдат новинари да очекуваат некаква видеопрезентација/прес конференција... во секој случај, таму треба минимум да се случи некаква средба меѓу нас, така што Викисредба, некој? :-) --FlavrSavr 15:47, 28 јуни 2007 (UTC)

Може. Предлог теми за дискусија: редизајн на главната страница :), масовно додавање на статии и нивно средување, лиценци за сликите (и нивно потенцијално отстранување), споредба на квалитетот со другите енциклопедии. --Милош 16:57, 28 јуни 2007 (UTC)
Јас мислев дека веќе си го пуштил соопштението до медиумите, чекам некакви реакции во некој медиум и нема ништо, а ти сега си го пуштил.
За предлог темите за дискусија:
  1. избор на области каде што може да се направи масовен внес на статии
  2. може ли на легален начин да се дојде до некој дигитален лексикон во некоја област или општ лексикон кој што би се внел во википедија. Колку што можам да забележам во српската википедија има направено таков deal со барем еден издавач, види [sr.wikipedia.org/Речник социјалног рада|Речник социјалног рада]. Јас претпоставувам дека може да најдеме таквии лексикони и кај нас. Пример со помош на еден ваков дигитален речник корисникот razvigor за кратко време успеа да додаде педесетина нови статии, кои за жал ниту ги форматира (wiki), ниту ги категоризира. Мене ми паѓа на ум енциклопедијата во издание на МИ-АН, да видиме дали има простор за соработка на овој план, па да направиме една екипа која професионално ќе го одработи својот дел и ќе ја имаме вики форматирано и категоризирано оваа енциклопедија. (или било која слична). Да ги провериме и кативираме нашите врски со одредени институции во државава, можеби ќе ископаме и други интересни извори.--brest 17:59, 28 јуни 2007 (UTC)
  3. дали некој кој има подолг стаж на википедија (Милош, FlavSavr, Бојан, Јанкуловски, ...) може да направи некакви статистки кои би биле презентирани на видео бим?--brest 18:10, 28 јуни 2007 (UTC)
Детална статистика (додуша еден месец доцни) има овде. --Милош 13:27, 29 јуни 2007 (UTC)
Па може и тоа да се искористи, не ми текна за овие статистики. Бидејќи се менуваат некаде на почеток од месецот можеби баш за вики средбата ќе бидат актуелни. Ама сепак премногу се детални и не се погодни за некаква презентација на видео бим. Јас замислував нешто со неколку (2-3 до 5 максимум) слајда со некакви графикони да се привлече вниманието.--brest 13:34, 29 јуни 2007 (UTC)
Хм, мислам дека може да се среди и прес конференција да се одржи во Точка (ако сакате). Тоа не мора да биде класична (како од телевизија прес конференција, туку онака ако дојдат новинари да знаат кого да прашаат и сл. Со Милош зборевме ова да биде во терминот за кино и ако не ви пречи ние сепак ќе пуштиме едно филмче некаде низ средбата. Новица 20:10, 29 јуни 2007 (UTC)

Бидејќи немаше некоја поголема заинтересираност (само 3-4ца пројавија желба да дојдат), средбата ја одложуваме за друг ден. Сепак, кој сака може да дојде на Сподели кино, јас веројатно ќе бидам таму. --Милош 22:41, 2 јули 2007 (UTC)

Нов дизајн за главната страница[уреди извор]

Ја адаптирав француската верзија за кај нас, можете да ја погледнете овде. Горните 2 шаблони не се избрани, чекам ваш предлог за „брзи врски“. --Милош 11:09, 23 септември 2007 (UTC)

Штознам, ја погледнав, француската и можам да кажам дека добро си ја адаптирал. Ама мене, лично, и сегашниот изглед ми се допаѓа, па мислам дека нема потреба да се менува (инаку, добра е и твојата верзија). Поречанец A? 20:24, 23 септември 2007 (UTC)
Сегашниот изглед е многу поарен. Француската ми е некако обична, безбојна. Дефинитивно сегашниот изглед е подобар--strich 21:25, 23 септември 2007 (UTC)
И мене сегашниот изглед ми се допаѓа.--Nesho 22:22, 23 септември 2007 (UTC)
Морам да се согласам со останатите, особено со strich - сегашната главна страница е пожива, попријатна. --Виктор Јованоски 08:12, 24 септември 2007 (UTC)

Во ред, мнозинството одлучува, остануваме со сегашната. --Милош 09:34, 24 септември 2007 (UTC)

Жалам што нема да се согласам со твојот предлог Милош, но еве пишувам затоа што ти го побара моето искрено и објективно мислење. Сегашната страница има поживи пастелни боички, и особено ми се допаѓа инфо-барот на врвот на страницата. Сметрам дека треба да остане сегашната. НО, тоа не е причина да не направиш некакви промени на [1]. Сметам дека можат да се направат промени во дизајнот и во боите. Поздрав. revizionist 16:41, 24 септември 2007 (UTC)
Е, да, би било убаво да се сменат боите. Поточно, нешто слично како на порталот, во нашите, топли бои. Инаку, како што реков, адаптацијата на Милош не е лоша, ама проблемот е што француската страница не е нешто посебно, односно сегашниот изглед на нашата е подобар од тој. :D Поречанец A? 15:12, 24 септември 2007 (UTC)
Хм, сега ме збунивте, збориме за редизајн на Главната страница или на порталот на РМ на англиската википедија? Околу пастелните бои, претходниот дизајн имаше 2 основни, од кои остана само сината (пример). Сегашниот изглед ми е некако натрупан, па сакав да ја „олабавам“ целата содржина. Белата боја не е зло, само полесно се чита на неа :).
Имаме уште еден (постар) предлог на Boyan, повторно преработена верзија. Погледнете ја комбинацијата на бои, па ако нешто ви фати око кажете. --Милош 15:31, 24 септември 2007 (UTC)

Милош, сакав да кажам дека моето мислење е дека сегашната верзија на главната страница е добра, и пријатна (но тоа е само мое мислење, со сета почит кон твојот предлог). Исто така додадов дека би можел да го смениш дизајнот и боите на Порталот за Република Македонија на англисклата Википедија. Поздрав. revizionist 17:49, 24 септември 2007 (UTC)

Јас сакав да кажам дека мене ме бендисува вака: сегашниот изглед со промена на боите (како на порталон), со црвено и жолто. Само хедерите, коишто сега се сини, да бидат црвено-жолти, другото да си остане бело. Верувам ме сфаќате. Поречанец A? 16:09, 24 септември 2007 (UTC)
ОК, сега ми е јасно, фала на дообјаснувањето :) Сепак, имате 2 спротивни мислења, прашање е кое да се следи :) Нека седи вака за сега, додека не се најде консензус за нов дизајн нема да менувам. За порталот на англиската ќе видам ако имам време (и нерви), бидејќи оваа ми е „матична“ википедија. --Милош 17:56, 24 септември 2007 (UTC)

Предлог за нов шаблон за историја на Македонскиот Народ[уреди извор]

Колеги, предлагам новиот шаблон за историја на македонскиот народ, наместо постоечкиот, да изгледа вака:

Историја на
македонскиот народ

Licnosti-hоrizontalno.png

Хронологија
Праисториска Македонија
Античка Македонија
Римска Македонија
Средновековна Македонија
Македонија во Отоманската империја
Создавање на македонската нација
Народно-ослободителна борба
НОФ во Егејска Македонија
Социјалистичка Република Македонија
Република Македонија
Теми
Македонци
Македонска култура
Македонски јазик
Македонска книжевност

Напишете го вашето мислење. Позрдав. revizionist 20:23, 25 септември 2007 (UTC)

Смена на шаблонот[уреди извор]

За  --Виктор Јованоски 22:09, 25 септември 2007 (UTC); Коментар  Мене ми се допаѓа. Првиот имаше многу слики, а овој е попрефинет. Само мислам дека е поубаво разговоров да го префрлиме на страницата за разговор на постоечкиот шаблон.

Портал или серијал „Македонци“[уреди извор]

Би сакал да ве прашам сите што мислите да направиме еден портал или пак серијал поврзан со македонскиот народ (Македонците) од сите негови аспекти. Значи тој портал/серијал да ги содржи сите статии поврзани со МАКЕДОНСКАТА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ И ПОСЕБНОСТ, како што се: етногенеза, географска распространетост, јазик, обичаи, етнологија, антропологија, историја идр. Односно со тоа да се зацврсти и афримира етничката посебност на Македонците, која се повеќе е напаѓана и негирана во застрашувачки размери од страна на бугари, бугарофили, бугарски пропагандисти на македонскава википедија, која би требала да има посебен однос кон сите статии што се поврзани со македонскиот идентитет! Поздрав - Македонец 22:21, 25 септември 2007 (UTC)

Статија Македонци[уреди извор]

Почитувани колеги, туку-што завршив со преуредување на статијата Макеоднци, вклучувајќи цитирани извори, скенирање и додавање на слики како и промени во самиот текст. Затоа што темата е важна за нас, би сакал сите корисници да направат аналза и споредба меѓу СЕГАШНАТА ВЕРЗИЈА на статијата, и НОВАТА ПРЕДЛОГ ВЕРЗИЈА со моите промени и доадатоци. П.С. Сакам да изјавам дека со ова јас не индицирам дека правам нова статија. НАПРОТИВ, им се восхитувам на оние што ја создале, и до сега допринесувале за оваа статија. Јас само го продолжувам допринесувањето, и давам една последна финеса. Поздрав. Revizionist 18:18, 05 октомври 2007 (UTC)

Revizionist мора да ти оддадам признание за трудот што си го вложил. Статијата е супер, навистина, обемна, детална, спастрена... и пред сѐ е неутрална! Епа сеа, кој замери, нека му цркне козата! :)))) Шалата на страна, имам само некои ситни коментари. Најмногу од све у статијава ми праи ќеф тоа што не си се фатил одма за тоа како ние сме наследници на Античките Македонци, како сме имале империја до ваму-до таму, а уз пут, онака, сме и Словени. Значи стварно ти пружам рука за тоа како е објаснето кој е официјалниот став и кои се тенденциите на современите учени. Секако, да кажам, ова не значи дека јас негирам дека во нас има и несловенски гени. Него, ај сеа да не се правдам :)))). Друго: сликите се премногу и се нач'чкани, што прави овие линкчињата [уреди] да се напикани едно до друго, што пак прави текстот да изгледа грубо :((((. Мислам дека: или треба сликите да се намалат (i.e смалат), или да се стават од една страна на текстот, а некои од нив може и да се испуштат (на пример, нека стојат Чуповски и Петков-Мисирков, ама да се изостават Македонскиј голос и За македонцките работи, додека, малце погоре, сликите со носиите може да се смалат.) Може да се додаде, ако има место нели, сликата за борците од македонскиот полк во царската руска армија во која неговите припадници се декларираат како припадници на македонската нација. И секако (и неизбежно!) има некои lapsus calami и правописни грешки кои треба да се исправат и статијата да го добие правиот и заслужен сјај! Можеш да го вработиш Поречанец за ова :))))) Ај, ќе ми прости ваљда што го местам ;)... Епа тоа би имал да кажам... Ааааа, не, сеа приметив: делот за ослободителната борба во Пиринска Македонија би можел да завршува нешто у стилот: „Но, заради судирот на Југославија со Советскиот Сојуз и остатокот од Источниот блок, овој процес е прекинат.“ или нешто слично на ова, зашто сепак оваа одлука не била еднострана т.е. титова. Уффф, е сеа е готово! Уште еднаш, секоја ти чест! Поздрав! --Филип што бе? во 20:46, на 6 октомври, 2007 лето Господово
Накратко-ми се допаѓа новото иако некако ми се чинат мали бројките за Македонците вкупно, се сеќавам пред неколку месеци поглаварот на Македонската Православна Црква на тв како да спомна бројка од четири милиони Македонци ама не сум баш сигурен. Би сакал да ја прочитам точната бројка на Македонци, вкупно на целиот свет ако е можно. Поздрав.--Nesho 19:37, 6 октомври 2007 (UTC)

Мене ми се допаѓа толку многу што уште пред да се подигне ја предложувам за избрана статија. А ја немам ни целосно прочитано. Како и да е, од она што досего го имам погледнато, имам некои мали забелешки. Прво и основно, потполно се согласувам со забелешките на Филип од едноставна причина што некои слики се навистина големи и го нарушуваат естетскиот изглед на статијата; истовремено, и јас сметам дека треба да се промени реченицата Но, заради одлуката на Тито да ги прекине врските со СССР и земјите од источна Европа, овој процес е прекинат. поради тоа што, извадена од контекст, изгледа многу негативно. Предлогот на Филип е многу попристоен и понеутрален. Од Пиринска и Егејска Македонија може да се додаде и врска кон истоимените главни статии. Уште нешто што сметам дека е навистина важно е сликата поставена во шаблонот за етничка група. Таму се прикажани Чуповски, Рацин, Ченто и Трпчевски. Сметам дека треба да додадеме уште еден ред во кој ќе ги вметнеме Милчо Манчевски (единствен македонски режисер со филм номиниран за оскар), Горан Пандев или Дарко Панчев (македонски фудбалери со светско реноме), Блаже Конески (единствен македонски добитник на Златен венец на СВП...) и уште некој репрезент на Македонија во светски рамки. Но сето ова може да се реши со договор. И не мора веднаш. Значи уште еднаш - прекрасна статија. --Виктор Јованоски 21:23, 6 октомври 2007 (UTC)

Хех, само што се враќам од град (бев на кафе) и гледам веќе има коментари. Момци, навистина се радувам што ја прифаќате ревизијата, и моите додатоци. Фотографиите што ги скенирав се убави, но, да навистина се малку преголеми, тоа му го оставам на Филип да ги уреди. Правописните грешки (дококку се разбира има време) би можел да ги уреди Поречанец. Јас секогаш сум гледал да има неутралност. Оваа статија ги задоволува барањата за неутралност на Википедија - не се алудира на антика (не е докажана директната поврзаност), и исто така не се навлегува многу во програмата на ВМОРО. А за сликите со проминентни Македонци убаво е да ставиме само Макеоднци кои сме сигурни дека имаат искристализирано национално чувство. За тоа дали ќе стои Пандев и Манчевски нема проблем, ќе се договориме понатаму. П.С. предлагам пткако ќе ја ставиме да се даде администартивно предупредување на оние корисници кои ја ставаат сликата на Клеопатра или Александар Велики во оваа статија - според мене тоа е апсурно. П.П.С. Прифатена е забелешклата за судирот Тито-Информбиро, беше направена од брзање. Само што ја поправив. Поздрав дечки. Revizionist 24:40, 07 октомври 2007 (UTC)
На мојата страница за разговор, и Поречанец. Тјуха и БЈанкуловски ја одобрија новата верзија. Треба да кажам дека ги намалив сликите (некои од нив навистина беа преголеми) и 85% од промена на сликите од Филип е прифатена. Исто така го сменив и делот со Тито и Коминтерната (одлуката не е еднострана) но од брзање знаеш како е. И еве ја префрлив ревизијата од Мојата страница на статијата Македонци.Поздрав. Revizionist 13:41, 07 октомври 2007 (UTC)
П.С. Предлагам на корисникот Поречанец да му се додели орден за исклучителни доприноси во википедија на полето на правоприсната ревизија. Благодарам однапред. Revizionist 13:51, 07 октомври 2007 (UTC)


Викиречник[уреди извор]

Здраво луѓе,

работев деновиве на Викиречникот. Направив понуда за главна страна и статија. Во меѓувреме се (м)учам да направам шаблон во ХТМЛ и ПХП за внесување на зборови и автоматско правење на Викиречник статии. Секоја помош е добредојдена, мислења посебно. Како ви се допаѓа новата главна страна и шаблонот? Што би требало да се додаде или одземе? Повелете со коментари во разговорите на Викиречникот.

Поздрав. (Toci 23:51, 26 февруари 2008 (UTC))

ВикиПроект Спорт[уреди извор]

Луѓе видете го ова Википедија:ВикиПроект Спорт. Го направив со цел да обрнеме внимание малку повеќе и на спортот и да направиме ред во распоредувањето на спортските статии. Наскоро ќе започнам и со изработка на Портал:Спорт кој ќе биде соодветна замена за постоечката Категорија:Спорт на Главната страница. Мислам дека ова беше потребно. Поздрав. Кирил Симеоновски 04:42, 31 јули 2008 (UTC)

Портал:Спорт[уреди извор]

Го средив и Порталот:Спорт и линкот на Главната страница го заменив со него. Планирам да изработам и друго портали, но барам подршка и омасовување и од вас доколку сте заинтересирани.Поздрав. Кирил Симеоновски 15:06, 31 јули 2008 (UTC)

Портал:Олимписки игри[уреди извор]

Готов е Порталот:Олимписки игри кој убаво ќе ни дојде веднаш пред Олимписките игри. Голем поздрав. Кирил Симеоновски 14:44, 7 август 2008 (UTC)