Википедија:Селска чешма (Идеи)/Архива 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 1


Проект општини и села во Р Македонија[уреди извор]

Сега и селата во Р Македонија се форматирани. Ако имате други предлози за БОТ обработки, кажувајте, ако не, ќе продолжам со селата и општините во Пиринска Македонија. --Filip M 23:13, 18 Април 2006 (UTC)

Веќе спомнав, има некои проблеми со преименувањето на именските простори. Филип, среди го ботот да ги излиста сите статии (или места) каде се појавува некои од следниве:
  • Wikipedia
  • Корисник_разговор
  • Wikipedia_разговор
  • Слика_разговор
  • МедијаВики_разговор
  • Шаблон_разговор
  • Помош_разговор
  • Категорија_разговор

Треба да се променат во:

  • Википедија
  • Разговор_со_корисник
  • Разговор_за_Википедија
  • Разговор_за_Слика
  • Разговор_за_МедијаВики
  • Разговор_за_шаблон
  • Разговор_за_помош
  • Разговор_за_категорија
  • Мислам дека ќе има доста конфликти, па прво да се најдат конфликтните места, од нив да се избере што е за поправка, па потоа да се сменат (најверојатно рачно). Со оглед на тоа што јас од утре веќе нема да бидам достапен некои 20-на дена, некој друг треба да се нафати за работава. --Милош 18:00, 23 Април 2006 (UTC)

Барам помош за шаблон Генеалогија[уреди извор]

Барам помош за Предлошка:Генеалогија. Видете шо направив во Константин Миладинов. Сакам да го направам шаблонот за Генеалогија еднаш засекогаш, а не секогаш од нула да го почнувам. Сакам во шаблонот да можаат да се напишат: Родители, сопрузи (да има можност за повеќе од еден), браќа, сестри, деца. Помогнете, ве молам --Комита 00:51, 22 Април 2006 (UTC)

Јас немам идеја како би се решил овој шаблон, т.е. како да се прикажува во таа форма. Провери на Англиската Википедија дали постои такво нешто? Инаку има и проект wikitree... --Милош 10:21, 22 Април 2006 (UTC)
Па може и да не е баш во таа форма, тоа е само една идеја. Ако некој има друга идеја за прикажување, да каже! На англиската барав, не најдов. Wikitree изгледа ветувачки! --Комита 13:34, 22 Април 2006 (UTC)
Ако може да изгледа како инфо-кутија, би го склопиле одма. --Милош 16:39, 22 Април 2006 (UTC)
Дали вакво нешто може да помогне (го најдов на статијата за алкени - Alkene на англиската Википедија)?

CH3CH2CH2CH2CH==CH2
6  5  4  3  2   1

1-Hexene

      CH3
      |
CH3CH2CHCH2CH==CH2
6  5  4 3  2   1

4-Methyl-1-hexene

      CH3
      |
CH3CH2CHCH2C==CH2
6  5  4 3  |2 1
          CH2CH3

2-Ethyl-4-methyl-1-hexene

Идеи за Викикнигите[уреди извор]

Корисникот Brest има систематски и опширно, но сепак концизно претставено комплексна низа идеи за многу нови соржини и функционалности на Викикнигите на порталот таму: Wiktionary:mk:Портал. Заинтересираните нека видат и би сакал да ја започнеме дискусијата a propo тоа тука. --Б. Јанкулоски 14:19, 28 Април 2006 (UTC)

Предлог за одликувања на уредници на статии за МАКЕДОНИЈА[уреди извор]

Бидејќи подолго време уредувам статии за Македонските градови и села, манастири, релјеф, реки,а и за историја исто предлагам три одликувања за уредници што уредуваат статии со содржина поврзана за Македонија.

  • Орден за заслуги за Република Македонија - Државно знаме
Орденот се доделува за заслуги за уредени статии поврзани за Република Македонија (градови, села, совемена историја, населби, релјеф, планини, реки итн.)
Државно знаме доделено на корисник ........
  • Орден за заслуги за Македонија - Национално знаме (16 зрачно)
Орденот се доделува за заслуги за уредени статии поврзани со територијата на етничка Македонија (Вардар, Егеј, Пирин, Мала Преспа, Голо Брдо) (статии со содржина: македонска историја, Егејска, Пиринска и останатите делови на Македонија, македонски јазик, статии за Македонците итн.)
Национално знаме доделено на корисник ........
  • Орден за заслуги за Античка Македонија - Национално знаме со кралската дијадема
Орденот се доделува за заслуги за уредени статии поврзани со Античка Македонија (археологија, праисторија, антички македонски цареви итн.)
Национално знаме со кралската дијадема доделено на корисник ......
Доколку не се усвојат, јас сам си го давам правото да одликувам корисници што ќе придонесат за МАКЕДОНИЈА преку создавање статии за нејзе!
Македонец 21:02, 16 Мај 2006 (UTC)
Мислам дека идејата е во ред. Како мислиш да изгледаат ордените? Јас мислам баш како знамиња да се доделуваат, ама во нешто помал формат. --FlavrSavr 21:56, 16 Мај 2006 (UTC)
Идејата ви е супер, само знамиња се знамиња, а ордени се ордени и не е во ред да ги мешаме. Можеби е подобро е кога тие ордени би биле во форма на сонцето од Вергина или македонскиот штит.--Majahm 22:15, 16 Мај 2006 (UTC)
И јас ја поддржувам идејата, само да се направат ордени, знамиња не се за делење :) --Милош 22:22, 16 Мај 2006 (UTC)


Еве една монета со претстава на македонски штит, кратенка МАКЕ и суровица во средина.--Majahm 22:49, 16 Мај 2006 (UTC)
  • Ја поддржувам идејата. Подобро е да се сплотуваат грбови и симболи во комбинацијата. Знамиња се нешто поинакво. Хинт: видете слика лево. Сонцево е совршено за на орден. --Б. Јанкулоскиразговор 04:30, 18 Мај 2006 (UTC)
Навистина сонцето е совршено!!!--Majahm 08:27, 18 Мај 2006 (UTC)
  • Направив подобар дизајн на етничкото македонско знаме со кралската дијадема (ќе го видите подолу). Можете да го користите ако имате потреба. Што се однесува до ордените, наредниве денови ќе ви испратам некои примери кои ги креирав. --Amacos 01:08, 3 јули 2006 (UTC)
Македонско етничко знаме со кралската дијадема

Мислим да би било лепо да се свакодневно окупљамо на неком ирц каналу како би се договарали, расправљали о спорним темама, координирали између наших Википедија (Википедија на нама разумљивим језицима) или да би се дружили. Предлажем да канал буде #dinara, на irc.freenode.net серверу. irc://irc.freenode.net/dinara, веза која ће Вас директно одвести у собу #dinara. За детаљнија упутства можете погледати [1]. Ако сматрате да је идеја добра и остварива молио бих Вас да обавестите ваше кориснике. Хвала :)

С поштовањем,

Дејан

Јас повремено доаѓам на ирц (канали како #wikipedia-sr, #wikimedia), ама на #dinara не сум нашол никого. Инаку регистриран е и #wikipedia-mk, би било убаво сите кога сте слободни да доаѓате таму. --Милош 20:09, 31 Мај 2006 (UTC)


зНАМ КАКО ЛЕСНО СВЕ ДА СЕ ДОБОЛНИ[уреди извор]

ДО СЕКОЈА ОПШТИНА ДА СЕ НАПИШЕ МАИЛ И СУБЕР КЕ БИДЕ СИТЕ КЕ СЕ ЗАПАЛАТ И КЕ НИ ГИ ПРАТАТ НА НАШ МАИЛ И НИЕ ОП КЕ ГИ АПЛАДИРАМЕ

Предлог-дизајн на ордени[уреди извор]

Како што ветив, еве направив некои дизајни. Можеби се во облик на класичен орден, не во некој модерен стил. Секоја забелешка е добредојдена. --Amacos 00:15, 4 јули 2006 (UTC)


За јазиците[уреди извор]

Мислам дека вака како земја шо има јазик на кирилица (да не речам земја од кајшо потекнува кирилицата, ама ај ќе речам) треба да бидиме солидарни и во википедија на други јазици отстрана треба да ги клајме сите јазици шо користат кирилица + најголемите википедииии на други јазици, а ако веќе неможи сите на кирилица шо се, барем оние најголемите на кирилица... доста се десетте најголеми од другите јазици и сè останато да биди за кириличните јазици. мислам ме сфативте :) Guitardemon666муабет 11:48, 23 септември 2006 (UTC)

Под сите јазици ги подразбираш и казахстански и монголски? :) Мислам дека оваа листа е ОК, со тоа што можеби треба да го додадеме и белоруски... --FlavrSavr 15:58, 23 септември 2006 (UTC)
  • да ти кажам право не е важно од кај му е шо му е писмото (дали русите му го наметнале, дали кирил методиј наум или климент му го однесле), важно го имат, та монголски та онај кинескио на кирилица шо се пиши (читав на англиската википедија пред некој ден има и таков)... а пример дали не е поарно монголски или чâваш отколку Kaszëbsczi... јас искрено појма немам шо јазик е то, ама не е поважен од било кој па дури и казахстански :) ... мое мислење во секој случај, не го наметнувам :) Guitardemon666муабет 15:12, 25 септември 2006 (UTC)

ВАЖНО Гласање[уреди извор]

до кога ќе трај ова? кога можите да ја смениме страницата (сите заедно)

Мислам дека е доволно, доволно луѓе гласаа. Промената Одбрана-Избрана може да се направи веднаш. За редизајнот, направи првична верзија на некое друго место (пр. твоја подстраница), после остави врска овде и ќе поправиме што треба. Предлогот за селата во Егејска Македонија не се усвојува, бидејќи нема потребно мнозинство (над 70-80%). Треба да изгласаме и систем за гласање (знам дека звучи смешно), за да немаме евентуални недоразбирања.


1[уреди извор]

Предлог[уреди извор]

ОДбрана статија на неделата“ да биде заменето со „ИЗбрана статија на седмицата“ (правилно и литературно)

Гласање[уреди извор]

За  --Guitardemon666

За  --FlavrSavr 12:22, 20 декември 2006 (UTC)

За  --Милош 12:33, 20 декември 2006 (UTC)

За  --Filip M 20:37, 20 декември 2006 (UTC)

2[уреди извор]

Предлог[уреди извор]

Наместо „Актуелно на македонската Википедија“ (кое веќе и не е воопшто актуелно) да се воведе избрана слика на неделата (која ќе се менува во исто време со избраната статија на неделата)

Гласање[уреди извор]

За  --Guitardemon666

За , во форма како што предложи FlavrSavr. --Милош 12:34, 20 декември 2006 (UTC)

За  --Filip M 20:38, 20 декември 2006 (UTC)

За , во форма како што предложи Guitardemon666. :) --FlavrSavr 22:55, 21 декември 2006 (UTC)

За  - се согласувам со Guitardemon666 и FlavrSavr .

Коментари[уреди извор]

Јас мислам дека треба да се направи вака - наместо Актуелно на Македонската Википедија, таму да се премести Избраната статија на неделата: идејата е дека нашите избрани статии треба да бидат што е можно повидливи. На местото на Избраната статија на неделата да се стави Избраната слика на неделата (прашање: дали може да бидат избирани и слики од Викиризницата?). Нешто под Избраната слика на неделата, може сепак да има и неколку Актуелности (ама навистина ова сега е премногу). --FlavrSavr 12:30, 20 декември 2006 (UTC)

Јас мислам вака: то добредојдовте да се простира во ширина од две колони, а под то да си бидат статија на неделата лево, и слика на неделата десно... пошто нема смисла горе ДЕСНО да биди статијата, ко арапски да пишиме оддесно налево :) шо мислите за така, две колони добредојдовте, таман ќе се намали должината, и по една колона под то за овие двете.. и плус тие ќошињата на табелите да бидат поубај малце, босанската википедија има супер средена главна страница, така мислам ќошињата да изгледат, малце заоблени.

guitardemon666 муабет guitardemon666

Може. Ако може сепак да има и понекоја Актуелност би било идеално. --FlavrSavr 22:54, 21 декември 2006 (UTC)
Треба да има помакедонски бои мислам јас... да биди некако жолта со црвено најумно ќе биди... и друго, дали сте знаеле да го нема појќе... пошто не го апдејтираме на брзо време...

guitardemon666 муабет guitardemon666

ОК, кога ќе помине гласањево (помина една недела или не?), среди ја главната страница... За боите, абе ок, само глеј да бидат пастелна жолта и црвена, да не бодат премногу очи. А за Дали сте знаеле, треба да остане... треба почесто да се ажурира, ама и вака е корисен - ги упатува корисниците до нашите квалитетни статии, и и дава длабочина на енциклопедија. Да беше Вести дел, ќе се сложев, ама не е... --FlavrSavr 16:49, 24 декември 2006 (UTC)

3[уреди извор]

Предлог[уреди извор]

Да се направат (празни) статии за селата во Егејска Македонија, по шаблон сличен на оној користен кај селата од Пиринска Македонија (и Република Македонија), и да има пренасочувачки страници кои ќе пренасочуваат од името на грчки кон името на македонски (пример: Флорина -> Лерин, итн). Еден начин да стигнеме до 10000...

Гласање[уреди извор]

За  --Guitardemon666 И јас мислам дека селата за Македонија веќе се пополнети донегде... и ми се чини дека и да е празна, дава информација, пример често ќе видам некој син линк тука на википедија, си викам шо чудо е ова, и ќе видам дека е село... шо значи сепак е од корист, ако пребарва некој некое село најзафрлено во цела македонија, пак ќе види дека постој, во која општина е и слично... мислам дека ако се празни, корисни се... размислете... плус нема друг начин (лесен) до 10000 во скоро време... :/

Само да не бидат во категорија Села во Македонија и овие статии, океј? оти тие селата во пиринска македонија шо се, шо се клаени во категорија села во македонија... не е умно, мислам то е веќе територијална претензија :) освен ако со то македонија се мислело на етничка, а не на реп. македонија... ама јас викам сепак и да не прајме статии за егејска, мора да се смени то во бугарските села, не се тие македонски села, бугарски села се... шо викате за то?
За секое село постојат четири категории: Прво кон која општина припаѓаат, второ кон кој дел од Македонија (Република Македонија, Пиринска Македонија или Егејска), трето во која држава се (за селата во Пиринско нормално си стои Република Бугарија, а за селата во Р Македонија си стои Р Македонија) и на крај уште една категорија: Села во Македонија, како заедничка категорија што ги обединува сите делови на Македонија како регион. Мислам дека тоа е и точно и избалансирано.--Filip M 17:20, 3 јануари 2007 (UTC)

За  --Filip M 20:41, 20 декември 2006 (UTC) Со тоа што нема да ги воведеме сите села во Егејска Македонија, туку само оние што се релевантни, односно кои се среќаваат во македонската историја, или фолклор (Леринско, Костурско, Кукушко, ... ). Сметам дека ни требаат сите градови од Егејска Македонија. Празните статии даваат структура и го олеснуваат полнењето. Погледнете колку повеќе имаме сега содржина за селата во Македонија, од порано, кога немавме никаква структура.

За  Доколку не прават технички пречки, не гледам зошто статиите да не се создадат. Подобро е да се гледа на нив како „потенцијално полни“, отколку како на празни статии. Зошто?

Кога некој ќе направи некакво пребарување на Гугл или Погодок, да речеме, статијата ќе му испадне, празна или не. Така, тој ќе може да ја пополни (особено ако е патриот или по потекло егеец :), а со тоа добиваме не само нови содржини, туку и нови корисници. Што повеќе статии, тоа поголеми се можностите за придобивање на членство (а со тоа и обем на енциклопедијава) токму заради пребарувањата и нивната (потенцијална) моќ да инспирираат.
Друга предност на нивното постоење - со тоа што ќе имаме содржини (барем за поголемите села и градови), ќе имаме веќе подготвени извори за контрааргументирање со грците, како за Егејска, така и за Македонија во целост. Тука пред сѐ ја имам во предвид англиската Википедија и нашето/нивното влијание врз нејзините содржини на тие теми.
  • Значи со ова не само што се приближуваме кон 10.000 статии (не заборавајте дека и други Википедии се имаат доближено на тој начин), туку и добиваме поголема проминентност и авторитет на англиската Википедија, барем на наши теми. Угледот исто така би растел сѐ повеќе со придобивањето на нови корисници, и со тоа, содржини. Предлагам овој систем да се искористи и за други нешта неповрзани со Македонија, па можеби дури ни со географија. --Б. Јанкулоскиразговор 03:49, 22 декември 2006 (UTC)

Воздржан  --Милош 12:47, 20 декември 2006 (UTC)

Против  На конференцијата, од администраторите на германската Википедија, балканските Википедии добија интересно прашање - дали мислите дека ваквите празни предлошки помагаат во креирањето на енциклопедиска содржина. Иако прашањето мислам дека повеќе беше поставено до Српската Википедија (сите се зезавме зошто имаат 10000 статии за селата во Франција :) ), мојот одговор беше: не сум сигурен. Кој ќе ги пополнува овие нови страници? Имам чувство дека тие дооолго време ќе останат празни. Или уште полошо, во делот Личности, луѓето ќе си ги пишуваат своите баби и дедовци. :) Значи, сега за сега, јас сум против. Кога ќе ги направиме локациските карти за селата во Република Македонија, ќе размислам. --FlavrSavr 12:51, 20 декември 2006 (UTC)

Против  Тие статии сите или 99% од нив ќе стојат празни. Ако некој сака да ги наведе, може да создаде статија од типот „Листа на селата во Егејска Македонија“, но статии - никако. Веќе имаме значителен процент празни статии и не мислам дека е добро процентот да биде уште поголем. (Zdravko 15:33, 20 декември 2006 (UTC))

ЗДРАВО![уреди извор]

Еј де4ки дај ако мозе некој да стави несто во врска со бермудскиот триаголник ако мозе поздрав

порталов...[уреди извор]

мислам ова сѐ да се архивира или шо било, и да се премести ова на Портал:Википедија... пошто Википедија:Портал мислам дека е прилично резервирано за објанусвање за порталите на википедија... шо мислите вие? и дали видовте шо изнапишав за администратори :) сега имаме и постапка за барање админ статус (и бирократски статус)... видете Википедија:Администратори, и видете ги сите врски таму (многу појќе имам пишано од шо личи) guitardemon666 муабет guitardemon666

Мислам не. Именскиот простор „Помош“ е за објаснување на различни функции. Супер си ги средил страниците за администратори, само фалат неколку работи:
  1. официјална политика за гласање
  2. на мк.вики немаме арбитражен комитет
  3. превод на најосновните правила (3RR)

--Милош 23:16, 26 декември 2006 (UTC)

ВАЖНО - МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА[уреди извор]

Здраво момци и девојки википедисти - ако можам така да се изразам.

прво сакам да кажам дека го почитувам вашето дело, и би сакал да дадам придонес, особено во делот МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА, а и се што е поврзано со МАКЕДОНИЈА

Имам многу книги, фотографии и материјали коишто се потребни за уредување на статиите.

Денес ја уредив статијата Ѓорѓи Сугарев

Би сакал да ми го кажете вашето мислење, и ако ви се допаѓа, би сакал да се заклучи статијата од понатамошни промени.

Би сакал исто така да ми кажете како можам да стапам во контакт со тие (тој) што е одговорен за Македонската википедиа, за да ги усогласиме дејствијата, и да направиме агенда за работите коишто би можел да ги завршам (притоа акцентирам дека можам да направам десетици, десетици полни статии - видете ја статијата за Ѓорѓи Сугарев).

Благодарам однапред

Статијата е супер, но заклучување на статии се врши само во случај на вандализми. Те охрабрувам да дадеш секаков можен придонес за Википедија во иднина. Инаку, постојат повеќе администратори на оваа Википедија, јас сум еден од нив, и мојот e-mail е slobodanjakoski(на)gmail.com. Википедија е слободна енциклопедија, така што, во принцип, нема потреба од "агенда за работите" - уредувањето е слободно сè додека тоа не нарушува некои основни начела на Википедија, како на пример неутралната гледна точка. Поздрав, и продолжи така!--FlavrSavr 09:31, 26 јануари 2007 (UTC)

Благодарам за брзиот одговор ФлаврСавр, но мне ми е страв некој (од соседните земји - особено од Бугарија) да не влезе во статијата, и да не направи промени). Ако се случи тоа, значи целиот мој ефорт ќе е за џабе. Пиши. Поздрав --Revizionist 14:49, 26 јануари 2007 (UTC)

Не се секирај, ништо не е изгубено, секоја промена и верзија на статиите се снима и може едноставно да се врати. --Милош 14:53, 26 јануари 2007 (UTC)
Фала Милош :) -- Revizionist

СТРАНИЦА НА НЕДЕЛАТА[уреди извор]

Здраво пријатели Википедисти..

Би сакал да знам како една статија може да се кандидира за статија на месецдот (и дали самиот креатор на статијата има право сам да си ја предложи) ?? И како да ја предложи...

Поздрав, Revizionist

Листи на селата во Егејска Македонија[уреди извор]

Веројатно сте забележале дека почна уредувањето на селата во Егејска Македонија. Неколку нови википедијци се вклучија (по потекло од Егејска Македонија). За сега користиме само он-лине ресурси. Потребна ни е помош на некој од Македонија кој може да ја најде книгата: Населените места во Егејска Македонија од Тодор Христов Симовски, и да ја провери транслитерацијата и грчките имиња. --Filip M 13:02, 5 февруари 2007 (UTC)

Јас ја имам книгата Филипе.

Кажи како да помогнам. Или можеби подобро ќе биде да се најдеме и да ти ја дадам, па откако ќе свршиш работа да ми ја вратиш. --Revizionist

Одлично. Да се најдеме, ама јас сум моментално малце во Америка. ;-) Дури летото може ќе бидам во Скопје. Најдобро е да ги отвориш листите и да провериш што фали. Ние до сега доста успеавме да внесеме. Костур, Воден, Лерин и Кукуш треба да се прилично точни. --Filip M 21:47, 6 февруари 2007 (UTC)

Уредувањето на селата од Егејска Македонија е отприлика готово. Листи До сега се користени википедија и статистиката на К’нчов. Ако некој ја има книгата: Населените места во Егејска Македонија од Тодор Христов Симовски, корисно ќе биде да провери неколку работи: 1. Транслитерацијата на имињата 2. Припадноста на селата во одредени општини (сега се главно како што биле според отоманската административна поделба) 3. Новите грчки имиња. Јас ќе почнам да отворам статии за оние места за кои сме сигурни, а ќе чекам потврда/исправка за останатите. --Filip M 22:34, 6 март 2007 (UTC)

Ве молам погледнете го шаблонот за селата во Егејска Македонија. Ако имате примедби, кажувајте. Ќе почекам неколку дена, и потоа ќе почнам да отворам статии за селата (за тие за кои имаме доволно податоци). --Filip M 19:42, 12 март 2007 (UTC)

Во следните неколку дена ќе почнам да ги додавам селата од Егејска Македонија. Ако има примедби, побрзајте. --Filip M 21:01, 23 март 2007 (UTC)