Википедија:Светски ден на пантомимата 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија

Светски ден на пантомимата 2017 — меѓународна иницијатива за одбележување на Светскиот ден на пантомимата (22 март), поттикната од соработката на Викимедија Србија и Марко Стојановиќ, Претседател на Светската организација на пантомимичари. Главни цели на иницијативата биле збогатување на содржините на теми поврзани со пантомимата на повеќе јазични изданија на Википедија, јакнење на меѓусебната соработка на локалните заедници од различни земји и воспоставување на соработка со релевантни установи. По тој повод, Споделено знаење и заедницата на Википедија на македонски јазик по вторпат земале учество во иницијативата преку организирање на уредувачки ден на тема „Пантомима“.

Правила[уреди извор]

Во уредувачкиот ден по повод одбележувањето на Светскиот ден на пантомимата во 2017 година, право на учество имале сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик.

Времетраењето на потфатот било од 00:00 (CET) до 23:59 (CET) на 22 март 2017 година.

Статиите коишто биле предмет на уредување морало да бидат на теми повзани со пантомимата. Со цел да се олесни изборот на тема за уредување и да се спречи истовременото уредување на една иста тема од страна на повеќе корисници, направени биле списоци со дадени теми кои им стоеле на располагање на учесниците за уредување.

Предмет на уредување во уредувачкиот ден биле: 1) статии кои не постојат на Википедија на македонски јазик (создавање на нови статии) и 2) постоечки статии на Википедија на македонски јазик (подобрување на статии).

Материјали[уреди извор]

За создавање или подобрување на статиите на теми од областа на пантомимата можело да се користат другите јазични изданија на Википедија, како и дигитализирани и други материјали.

Список на учесници[уреди извор]

Бр. Корисник Придонеси
1 Kiril Simeonovski
2 Ehrlich91
3 P.Nedelkovski
4 Иван Ж
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Поврзано[уреди извор]

Надворешни врски[уреди извор]