Википедија:ВикиПроект Портали

Од Википедија — слободната енциклопедија

ВикиПроектот Портали е создаден со цел организирање на корисниците на Википедија на македонски јазик и заедничка работа во создавањето и одржувањето на портали кои на читателите ќе им овозможат полесен пристап кон податоците од одредена тема.

Порталите се на некој начин главни страници за одредена тема поместени во Портал - именскиот простор. Порталите ја зголемуваат функционалноста на википедија и овозможуваат синтетизирање на знаењата на одредена тема кои се опфатени во википедија. Повеќето википедии на други јазици посебно оние јазични изданија со голем број на статии веќе имаат дизајнира голем број на портали на различна тема.

Основни цели кои треба да бидат остварени со работата на овој ВикиПроект се:

  • создавање на нови портали; и
  • одржување на постоечките портали.

Учесници[уреди извор]

Ако сакате да станете учесник во ВикиПроектот Портали слободно доададете го Вашето име на листата на учесници.

википедијанците коишто сакаат да го помогнат реализирањето на целите на овој ВикиПроект може да ја додадат предлошката {{Корисник ВикиПроект Портали}} на својата корисничка страница.

Организациија на работа[уреди извор]

Работата на Википроектот се темели на прилагодување на најголемиот број на теми на наједоставен начин да бидат достапни до читателите.

Главната страница Википедија е на некој начин основен портал преку кој на читателот му нуди пристап до останатите теми преку портали, категории или статии.

Па, од ова како основна работа на овој Википроект може да се каже дека е создавањето и одржувањето на портали за основните науки, теми и области.

Како секундарна работа во овој Википроект се зема создавањето и уредувањето на портали за останатите науки, теми и области кои не се многу актуелни, но како и останатите науки овозмужуваат стекнување на ново знаење за читателот.

Создавање на портали[уреди извор]

За полесна организација на работата во создавањето на нови портали добро е да се разгледа следнава листа на портали.

Одржување на портали[уреди извор]

Одржувањето исто така зазема голема улога во работата на овој Википроект. Тоа не бара само одржување на Главната страница (основниот портал на Википедија), туку и на останатите портали, а особено оние кои како составни елементи содржат времени избрани статии кои бараат промена секој нареден месец, односно според дефинираната динамика.

За полесна организација на работата и во овој сегмент добро е да се разгледа следнава листа на портали која содржи портали кои бараат обрнување на посебно внимание во нивното одржување.

Добар портал[уреди извор]

За да се каже дека еден портал е добар, најважно е содржината да соодветствува на темата за која се изработува порталот. Естетскиот изглед на порталот има маргинална улога иако може доборо да послужи за разубавување на порталот.

Еден стандарден портал потребно е да ги има следниве елементи:

  1. Основна листа на портали, портали поврзани со основните науки и теми.
  2. Вовед, воведен дел во кој со кратки зборови се дава општ податок за темата, најчесто се зема воведниот дел од статијата чија тема соодвествува на темата на порталот
  3. Избрана статиија, која содржи извадок од некоја квалитетна и доволно информативна статија поврзана со темата на која гласи името на проектот.
  4. Дали знаевте, оддел кој содржи неколку интересни податоци во врска со темата искажани во прашална форма.
  5. Категории, кој ги содржи сите категории во категоријата која има идентичен наслов како и насловот на порталот подредени во вертикален редослед. Најчесто се користи AJAX скрипта за генерирање на овој оддел, но може да се даде и мануелна одржувана листа на категории

Забелешка:Доколку не постои категорија со наслов идентичен како и насловот на порталот, овој елемент не се додава.

  1. Клучни статии, оддел во која се дадени директни врски до најважните статии од темата за која се однесува порталот.

Забелешка:Доколку останатите елемнти се посоодветен пример или насловот на темата дава поопширни или недоволни податоци за бројот на статии, тогаш овој елемент и не мора да се додава.

  1. Повразани портали или потпортали во кои спаѓаат портали кои според насловот имаат сродност или голема поврзаност со дадениот портал претставени со наслов и лого.
  2. Врски кон останатите проекти на Викимедиа, кои може да водат и кон проекти на странските јазици поради слабиот фонд на податоци на македонски јазик.
  3. Вики врски со останатите јазични изданија на Википедија кои имаат проект со идентичен наслов.

Елементи кои може да се додадат на порталот:

  1. Избран елемент кој најчесто може да претставува:
  • слика која е избрана како најсодржајна и интересна во врска со темата на порталот
  • биографија (извадок) на некоја позната личност која придонела многу или има врска со насловот на темата.
  • дело (извадок) од некоја книга која ја обележува или има големо значење во врска со темата.

Како елементи на порталот можно е и повеќе од овие додатни елементи да се додадат на порталот (на пр. избрана слика и избрана биографија).

  1. Работи кои може да се направат во врска со темата (уредување, проширување и средување на статии).
  2. Избран/и цитат/и кој/и претставува/аат мудра/и мисла/и искажана/и од некоја позната личност во контекст на темата.
  3. Новости во врска со темата претставени со настани случени или кои треба да се случат на дадена дата.

Пожелно е порталите да бидат составени од елементи дадени во кутии или целости кои ќе бидат уредно распоредени и ќе му овозможат на читателот лесно снаоѓање со содржината на порталот. Боите на кутиите на елементите е пожелно да бидат во бои со кои се одликува или најчесто се поврзуваат со темата на која гласи порталот. Поради подобар естетски впечаток можно е и сите елементи да бидат дадени во една рамка во која порталот ќе изгледа како една целина.

Предлошки[уреди извор]

  • {{ВикиПроект Портали статија}} — ознака дека статијата е дел од проектот Портали — се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{Корисник ВикиПроект Портали}} — предлошка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.

Поврзано[уреди извор]