Википедија:Програма „ГЛАМ“/2025
![]() |
![]() |
на Викимедија МКД Програмата ГЛАМ има за цел да се воспостави активна соработка со ГЛАМ институции во Македонија, преку испраќање на Википедијанци во одредена институција. Ова овозможува едукација на вработените во ГЛАМ за проектите на Викимедија; едукација на вработените во ГЛАМ да додаваат референци во статии, и создавање нови статии или подобрување на постоечките бидејќи вработените во ГЛАМ секторот се високообразовани професионалци. Воедно, се овозможува овие институции да бидат поотворени за јавноста, да ја разберат потребата од дигитализација, како и потребата од споделување на знаењето, документите, историските фотографии и материјали со пошироката јавност. Тема за 2025 година се занаети и народни носии. Во текот на февруари 2025 година, започната е соработка со Музеј на Македонија, и за таа цел се договорени неколку матични Википедијанци. Координатор за соработка со културни институции[уреди извор]Почнувајќи од 2025 година, Коориднатор за соработка со културни институции е лице по договор со здружението на граѓани Викимедија МКД, кое ги извршува следниве обврски: соработка со галерии, библиотеки, архиви и музеи за да се промовира отворен пристап до културни материјали, организира работилници, обуки и настани со културните институции, создава, уредува и подобрува содржини, со што директно придонесувате за проектите на Википедија, поставува фотографии на заедничката ризница, документи и други материјали за уупотреба на Википедија. Проект „Матичен Википедијанец“[уреди извор]Матичен Википедијанец е уредник на Википедија, Википедијанец (или Викимедијанец), кој прифаќа да соработува со институција, обично уметничка галерија, библиотека, архива, музеј, културна институција или институт на високото образование (како што е универзитетот) за да ги олесни записите на Википедија поврзани со мисијата на таа институција, да ја охрабри и помогне да објавува материјали под отворени лиценци и да ја развие врската помеѓу институцијата домаќин и заедницата на Викимедија. Матичниот Википедијанец генерално помага да се координираат настани поврзани со Википедија помеѓу ГЛАМ („галерии, библиотеки, архиви и музеи“) и општата јавност, како што се уредувачките натпревари. Музеј на Македонија[уреди извор]Соработката со музејот е започната од февруари 2025 година. Резултати[уреди извор]Институт за македонска книжевност[уреди извор]Соработката со Институтот е започната во 2023 година. Резултати[уреди извор]Поврзано[уреди извор] |