Википедија:Селска чешма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вовед  · Почетен курс  · Помошна табела  · Превод на статија  · Вашата прва статија  · ЧПП  · Помош  · Начела и напатствија

Селска чешма (Village pump)  · Потребни статии  · Инкубатор  · Кандидати за избрана статија (Ревизија)  · ВикиПроекти  · Викисредби  · Facebook icon.svg Facebook  · Twitter.svg Twitter

Одржување  · Администратори  · Потреба од администраторско внимание  · Прашања за авторски права

Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори
↓ Кон содржината ↓       ↓ Кон разговорите ↓
Отворете нова тема или прашање
Византиската чешма во с. Винце, Кумановско

За да оставите порака, стиснете на дадената врска подолу, но запомнете:

  • При дискусиите останете смирени, учтиви и културни. Претпоставете добронамерност;
  • Вандализмот бргу се отстранува;
  • Давајте описен наслов на вашиот нов коментар;
  • На крајот од пораката потпишете се со четири тилди (Еве вака: ~~~~). Ова автоматски ќе го потпише Вашето корисничко име и датумот и времето кога е оставена пораката (се потпишуваме на страници за разговор, но не на статии).
За што да ја користите оваа страница?
Кратенки:
ВП:СЧ

Оваа страница е наречена „селска чешма“ затоа што е место каде што читателите и уредувачите можат да се соберат и заедно да дискутираат за било што поврзано со Википедија.

Ве охрабуваме да почнете нов разговор доколку сакате:

  • Да добиете помош околу користењето на Википедија;
  • Да добиете помош околу уредувањето на Википедија;
  • Да дискутирате технички прашања, поврзани со погонот МедијаВики;
  • Да ги дискутирате начелата и напатствијата;
  • Да дадете јавни известување и новости;
  • Да дадете предлози и сугестии;
  • Да оставите конструктивна критика за проектот;
  • Да поставите правописни и граматички прашања и ревизии;
  • Да добиете помош со преводи на поими и имиња од странски јазици;
  • Општо, за сè што е поврзано со Википедија и Википедијанците.

Доколку сакате да дискутирате за некоја статија, ве молиме почнете ја дискусијата на страницата за разговор на самата статија.

Ако барате администраторско внимание (за вандализам на страници, кршење на начела, лични напади и непристојност, уредувачки војни, заштита на страници или други технички работи), поставете го барањето на Википедија:Огласна табла за администратори.

Do not speak Macedonian? Other languages icon.svg

If you are willing to post comments but you do not speak Macedonian, you are welcome to do it on the Village Pump for foreign languages (please visit the Macedonian Wikipedia Embassy to check the language abilities of the community members before choosing the language to post in). Please do not post comments in foreign languages on this page, as it is intended for comments and discussions in Macedonian only. All comments that are posted on this page in a language other than Macedonian will be immediately moved to the Village Pump for foreign languages.

Filing cabinet icon.svg Архиви


Појаснување на правилата за гласање[уреди извор]

Преиспитување администраторски статус[уреди извор]

Почитувани колеги, на списокот на администратори има уредници кои направиле помалку од 50 уредувања во последните 8 до 10 години. Знам дека Кирил и Тони рекоа на една од поодамнешните вики средби дека ќе се актуелизира ова прашање, но досега мислам дека немало целосна ревизија. Имено, највоочливи ми се админите guitardemon666, Виктор Јованоски, iNkubusse, кои се незабележливи на Википедија од кога јас уредувам (негде од септември 2012). Не знам зошто на некому му се потребни администраторски овластувања кога ниту уредуваат на Википедија, ниту ги користат можностите за блокирање вандали, бришење заштитени слики, решавање спорови, итн. Затоа мислам дека треба да се отвори ова прашање и евентуално да се гласа дали треба да останат админи или да се сменат критериумите. Ова мене ми личи како да си поставен за директор на некоја фирма, а во 10 години ниту еднаш да не отидеш на работа.--Retrohead (разговор) 12:22, 24 јануари 2017 (CET)

Во право си Игор и се согласувам со она што го пишуваш. Пред неколку години воведовме процес за одземање на администраторските права, а неактивноста секако е полноважен критериум за одземање на статусот. Сепак, на неколку викисредби досега имаме дојдено до заклучокот дека е добро најпрво да се обидеме да стапиме во контакт со неактивните администратори, па дури потоа да се премине на поднесување барања за одземање на администраторските права на овие корисници.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:02, 24 јануари 2017 (CET)
Ок, ќе им оставам порака на вики профилите, па ако не реагираат ќе иницирам постапка.--Retrohead (разговор) 23:47, 24 јануари 2017 (CET)
Дефинитивно треба да ги контактирате администраторите во прашање. Требало уште во 12:22, 24 јануари 2017 да ме исконтактирате.
Инаку, не ја гледам причината да се отстрануваат администратори, освен ако нема некој лимит или нешто слично што го спречува функционирањето на проектот. Тоа е моето општо мислење.
Конкретно за мојот случај, моментално не ми се потребни администраторските алатки и не сум многу активен тука (уредувам барем еднаш месечно, ама обично анонимно). Така што, ако мислите дека има потреба (вие треба да го знаете тоа, јас не сум многу во тек), веројатно ќе биде ок да не сум веќе администратор. Ако некогаш добијам мотивација да се вратам на Википедија на македонски јазик, најверојатно ќе ми треба администраторски статус, зашто обично се бавам со такви работи, ама тоа тогаш, накнадно.
Да сумирам: јас не гледам причина, односно не знам како нешто би сменило тоа, ама ако вие мислите дека треба, ве поддржувам. —iNkubusse A? 02:15, 25 јануари 2017 (CET) P.S. Хаха, guitardemon666 и Виктор Јованоски ми беа другарчиња, ама претпоставувам и тие остареле. Само Кирил не се предава! :D
8 до 10 години!
Толку многу сме остареле, INkubusse, што се изненадив дека некој ми пишал: бидејќи средував нешто ситно на англиската Википедија, си мислев дека нотификацијата се однесува на нешто тамошно, ама бидејќи и јас, како тебе, ретко (и главно анонимно) уредувам, ми требаа неколку секунди да сфатам кој и каде ми пишува. Би се повторил кога би напишал што и да е повеќе по однос на темава: да пишував пред INkubusse, веројатно ќе напишев нешто многу слично. Премногу работни обврски и нереализирани цели на личен план за да насетам враќање во блиска иднина, па не гледам зошто не би бил преместен од поделокот на неактивни во оној на поранешни администратори; и самиот, кога пред некое време ги гледав листите, сфатив дека припаѓам таму: неколку години имав задоволство да работам со оние од листата на неактивни и поранешни администратори, а дел од активните администратори (Raso mk, Тиверополник, MacedonianBoy) го стекнуваа своето реноме и статус некако паралелно со нашата деволуција од активни во полуактивни администратори; останатите, ако не се лажам, некаде тогаш почнуваа активно да уредуваат. Природна смена на генерации. Секако, концепт без никакво значење за Бојан и Кирил.
Беше убаво додека имавме време. Светот, за жал, да ти бил безнадежно различен и не многу заинтересиран за аргументи. Капа долу до сите што издржавте. – Виктор Јованоски (разговор) 10:59, 28 јануари 2017 (CET)
  • Коментар  Кога ќе размислам од денешна перспектива (и јас еднаш спомнав за отстранување) што корист има Википедија ако им се одземат правата на неактивните админи? Ништо. Нека бидат и понатака админи, самото тоа што се ставени во секција неактивни е доволно. Активните корисници имаат претстава кој е активен а кој не. Поздрав--Никола Стоіаноски 11:29, 28 јануари 2017 (CET)
Ок, бидејќи има различни мислења, ќе отворам гласање, па кој како сака. Бидејќи Гитар Демон не одговори, ниту пак има намера да се враќа, судејќи според шаблонот на неговата страница за разговор, мислам дека одлуката за него не би била контроверзна, но како и да е. Инаку, Ivica83 бил админ или не, бидејќи го нема на списокот? И уште едно прашање, дали е тоа целосен All-Time список на админи?
П.С.—Почит за улогата на Виктор и Инкубус во етаблирањето на македонската Вики, ако не се согласуваат со мојот предлог, целосно ги разбирам.--Retrohead (разговор) 14:43, 29 јануари 2017 (CET)
@Retrohead: Предлозите за одземање на администраторскиот статус во минатото ги правевме преку поднесување на барање на посебна страница, па поради поголема прегледност и систематичност во целиот процес предлагам да се поднесат одделни барања преку процесот за одземање на администраторскиот статус.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:36, 31 јануари 2017 (CET)
Ок, направено. Ако може известување во горниот дел од екранот дека гласањето е во тек.--Retrohead (разговор) 17:00, 31 јануари 2017 (CET)
Yes check.svgОк Известувањето е додадено.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:15, 31 јануари 2017 (CET)

Помош[уреди извор]

Ќе може ли накратко да м објасните како да отворам нова статија, некако комплицирано ми е уредувањево на Википедија. Пробувам со песочникот па уреди извор па темплејт за инфо бокс средував ама не е ништо објавено. Ми пристигна порака дека погрешни се извори цитирани од фесбук и ју тјуб, тоа го променив, наведов извор од оригиналната веб страна но повторно ништо.--Branko1Sotirovski (разговор) 19:08, 1 февруари 2017‎ (CET)

Во горниот десен агол има поле „Пребарајте по Википедија“. Во него впишете наслов на статијата која сакате да ја создадете. Доколку статијата не постои, насловот кој го впишавте ќе се појави со црвени букви и известување дека статијата не постои. Кликнете на црвените букви и започнете со пишување на текстот. Кога сте готови, кликнете „зачувај“ и voila, статијата е достапна за корисниците.--Retrohead (разговор) 10:02, 2 февруари 2017 (CET)

Групата Википедија на македонски јазик на фејсбук стана верификувана[уреди извор]

Здраво на сите,

би сакал да ве известам дека од денес, благодарение на мое залагање и со помош од Фондацијата Викимедија, која стапи со самиот фејсбук, групата Википедија на македонски јазик е верификувана. Тоа значи дека е признаена од страна на фејсбук и сега до нашето име ќе се употребува и синиот знак „штикла“, која означува дека страницата е автентична. Страницата се трудиме да ги промовира подеднакво страниците, фотографиите на Ризницата, разни интересни факти и слично. Слободно контактирајте ме доколку имате вакви идеи, а веќе не биле промовирани. Убав ден за нашата Википедија --Ehrlich91 (разговор) 21:13, 15 февруари 2017 (CET)

Помош при креација на шаблон[уреди извор]

Здраво,

Не ми е јасно како се креираат шаблони (доколку тоа можам јас да го правам) па би сакал некој да ми објасни а доколку тоа треба друг да го направи тогаш да исконтактираме и да направи шаблон. Имам во план проект со кој ќе се направат теми за единици, бригади и сл. низ воените сили па во тоа ќе помогне и креацијата на еден таков шаблон.

Поздрав.

Здраво ‎Идеологист, еве веќе готов шаблон за бригади. Треба да провериш дали можеби постои тоа што ти би сакал да го креираш? Поздрав - Виолетова (разговор) 19:58, 28 февруари 2017 (CET)
Во англиската Википедија кодот за тоа е infobox, токму тоа го барам јас. Содржината е склоп на сите поими за воени единици, значи не пример статија за некој баталјон кој постои и дејствува туку статија за тоа што значи поимот баталјон, од каде датира и сл. Значи, ова е само пример, јас ќе се обидам да направам така за сите воени единици (поим за чета, вод, баталјон, бригада итн.). Ваква кутија за информации има во англиската Википедија но нов сум овде и незнам како да воведам врска од англиската Википедија во овој текст. Ви благодарам за одговорот пред сè.

Идеологист 22:27, 28 февруари 2017 (CET)

Здраво, веќе постои и таков шаблон (Шаблон:Инфокутија Воена единица) како што можам да забележам. За параметрите во самиот шаблон, можеш да ги најдеш на англиската Википедија, бидејќи нема шаблонска документација на нашата или од веќе создадена статија за некоја од бригадите, каде што веќе е употребен овој шаблон. Се надевам ти помогнав. --Ehrlich91 (разговор) 22:39, 28 февруари 2017 (CET)

Елдин Вражалица[уреди извор]

Би Ве замолила за помош за уредување на статијата Елдин Вражалица! Бидејќи ѝ се заканува бришење, а јас се уште ја уредувам, т.е. имам ставено назнака за никулец, Ве молам помогнете ми како да ја средам. Благодарам! NatasaNedanoska (разговор) 23:13, 13 март 2017 (CET)

Работилница за развој на капацитетите на заедницата[уреди извор]

Почитувани википедијанци, нашиот долгогодишен пријател и вработен во Фондацијата Викимедија Асаф Бартов (кориснички сметки: Ijon, Asaf (WMF)) е заинтересиран да ја посети Македонија во периодот од 22-23 април 2017 година и во Скопје да одржи дводневна работилница наменета за заедницата на Википедија на македонски јазик. Асаф е одличен предавач и говорник со долгогодишно искуство во работата со заедниците од земјите во развој, а во изминатите неколку години има остварено и посета на земјите од нашето окружување.

Одржаната работилница би била во склоп на иницијативата Развој на капацитетите на заедницата, чија цел е откривање на потреби и начини за развој на капацитетите на заедниците. Една од темите на обуката би била воведување на заедницата во проектот Википодатоци и запознавање со неговата функционалност и значење при уредувањето на останатите викимедиини проекти. Во врска со другите теми е потребно нашата заедница да одлучи што би биле заинтересирани да научиме и кои способности и вештини сметаме дека треба да ги подобриме. За таа цел, во склоп на иницијативата се предвидени следните шест тематски подрачја, и тоа:

  1. Управување со заедницата;
  2. Разрешување конфликти;
  3. Технички вики-вештини;
  4. Привлекување и поддршка на нови корисници;
  5. Партнерства; и
  6. Комуникации и односи со медиуми.

Покрај овие теми, можно е да одбереме и некои други коишто сметаме дека се важни за нашата заедница и лично за нас како википедијанци. Работилницата е планирано да вклучува и интерактивен дел со прашања и одговори во врска со работи поврзани со движењето.

Мислам дека ова е голема можност за развој на капацитетите на нашата заедница, како и на нашите поединечни вештини и истата не треба да ја пропуштиме. Затоа, ги повикувам сите заинтересирани википедијанци да се пријават и да се вклучат во дискусијата за одредување на другите теми што би биле опфатени на работилницата.

Внимание: Работилницата би била изводлива и би се одржала доколку на неа учествуваат најмалку 10 лица.

Заинтересирани учесници[уреди извор]

  1. За --Kiril Simeonovski (разговор) 09:48, 11 април 2017 (CEST)
  2. За --Ivan Zivkovik (Иван Ж (разговор) 10:26, 11 април 2017 (CEST))
  3. За --FlavrSavr (разговор) 17:21, 11 април 2017 (CEST)
  4. За --Виолетова (разговор) 21:37, 11 април 2017 (CEST)
  5. За --Retrohead (разговор) 22:42, 11 април 2017 (CEST)

Дискусија[уреди извор]

Со оглед на тоа што времето одминува и е потребно да му одговориме на Асаф, исходот од дискусијата е дека работилницата нема да се одржи поради слабиот интерес од страна на заедницата.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:36, 14 април 2017 (CEST)

Wikidata description editing in the Wikipedia Android app[уреди извор]

Wikidata description editing is a new experiment being rolled out on the Wikipedia app for Android. While this primarily impacts Wikidata, the changes are also addressing a concern about the mobile versions of Wikipedia, so that mobile users will be able to edit directly the descriptions shown under the title of the page and in the search results.

We began by rolling out this feature several weeks ago to a pilot group of Wikipedias (Russian, Hebrew, and Catalan), and have seen very positive results including numerous quality contributions in the form of new and updated descriptions, and a low rate of vandalism.

We are now ready for the next phase of rolling out this feature, which is to enable it in a few days for all Wikipedias except the top ten by usage within the app (i.e. except English, German, Italian, French, Spanish, Japanese, Dutch, Portuguese, Turkish, and Chinese). We will enable the feature for those languages instead at some point in the future, as we closely monitor user engagement with our expanded set of pilot communities. As always, if have any concerns, please reach out to us on wiki at the talk page for this project or by email at reading@wikimedia.org. Thanks!

-DBrant (WMF) 10:41, 14 април 2017 (CEST)

New Page previews feature[уреди извор]