Википедија:Одземање на администраторски статус/iNkubusse
- Следнава дискусија е зачувана како архивирано барање за администраторски статус кое не е успешно. Ве молиме, не менувајте ја оваа страница.
Искажете го вашето мислење (разговор) (2/1/2); Закажано да заврши во 16:54, 7 февруари 2017 (UTC)
iNkubusse (разговор • придонеси) — Дискусија за ова беше отворена на селската чешма.--Retrohead (разговор) 16:55, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
Образложение
[уреди извор]Почитувани колеги, на списокот на администратори има уредници кои направиле помалку од 50 уредувања во последните 8 до 10 години. Знам дека Кирил и Тони рекоа на една од поодамнешните вики средби дека ќе се актуелизира ова прашање, но досега мислам дека немало целосна ревизија. Имено, највоочливи ми се админите guitardemon666, Виктор Јованоски, iNkubusse, кои се незабележливи на Википедија од кога јас уредувам (негде од септември 2012). Не знам зошто на некому му се потребни администраторски овластувања кога ниту уредуваат на Википедија, ниту ги користат можностите за блокирање вандали, бришење заштитени слики, решавање спорови, итн. Затоа мислам дека треба да се отвори ова прашање и евентуално да се гласа дали треба да останат админи или да се сменат критериумите.--Retrohead (разговор) 16:55, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
Основни податоци
[уреди извор]Ве молиме бидете конструктивни и учтиви во Вашите коментари. Ако не го познавате номинираниот доволно, Ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
[уреди извор]Почитувани википедијанци, сегашни и поранешни, почитуван iNkubusse ... Најпрвин морам да напишам дека за предлогот некако се двоумам како би гласал.
- Доколку би гласал „ЗА“, најверојатно би било поради чистење на статистичкиот список на администраторите, односно да се знае кој „заслужува“ во моментот да биде администратор. Често во соопштенијата до друштвените мрежи од нашата заедница се наведува податокот дека на википедија на македонски јазик имало незнам колку статии, колку често ја посетувале на ден... и колку администратори има во моментот. На крајот ова би излегло слично како еден од стиховите на Гане Тодоровски: „Колку сме толку сме токму сме!“
- Доколку би гласал „ПРОТИВ“, тоа би било поради тоа што не гледам што ќе добие заедницата а што ќе изгуби, доколку администраторскиот статус на iNkubusse се премести од неактивен во поранешен. Сите знаеме (можеби поновите членови помалку) каков бил неговиот придонес во минатото, и лично сметам дека доколку некогаш пронајде можеби малку време за свој придонес повторно на википедија на македонски јазик, нормално дека тој ќе биде добре дојден, но се прашувам зошто да му ги одземеме привелегираните администраторски алатки?
Затоа, мојот глас ќе го дадам откако ќе ги видам вашите размислувања, доколку ги имате--Тиверополник 23:16, 31 јануари 2017 (CET).[одговори]
За
[уреди извор]- --Retrohead (разговор) 16:55, 31 јануари 2017 (CET)[одговори]
- --Со сета должна почит кон гореспоменатиот член, кој јас не сум го запознал, бидејќи започнав со уредување после 2010 година, кога повеќето од овие предложени администратори, меѓу кои и iNkubusse веќе беа повлечени, но моето мислење отсекогаш било дека неактивните администратори едноставно не треба да бидат повеќе администратори. Под статус на администратор не треба да се поистоветува на статусен симбол, на нешто врвно, туку на поголема одговорност, која си бара време. Имено, Википедија на македонски јазик и со 17 администратори има илјадници непроверени статии, а дури и самите скорешни промени одвај кој и да ги забележува, освен неколкумина администратори кои навистина си ја вршат својата функција. Никој не е спречен во вршење на уредувањето, па така навистина не гледам проблем во одземање на статусите. Воедно, доколку било кој од овие администратори, најде време и почне повторно активно да уредува, со поднесување на барање мислам дека ќе биде само процедурално за да му се вратат овие права. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:26, 1 февруари 2017 (CET)[одговори]
# Само следете го Џимбота и сè ќе биде во ред. :) —iNkubusse A? 13:28, 2 февруари 2017 (CET)[одговори]
- Гласот е неважечки поради тоа што номинираниот корисник нема право на глас. Ова е пред сè за да се спречи номинираниот корисник да гласа во своја корист, но, ете, можно било да се случи и спротивното.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:43, 2 февруари 2017 (CET)[одговори]
Против
[уреди извор]- --Макс(разговор) 21:11, 2 февруари 2017 (CET) Освен причината за неактивност, не гледам друга наведена причина за одземање на правата. Дали корисникот покрај својата неактивност успеал некако да ги злоупотреби своите права? Дали има ограничен број на администратори на македонската Википедија, и таа некако е преоптоварена доколку има вишок? Мислам дека одговорот е едно јасно „Не“ на двете прашања.[одговори]
Воздржани
[уреди извор]- - iNkubusse и Виктор Јованоски одговорија брзо на известувањето што им го испратил Retrohead, и кажаа дека се присутни на Википедија но без да се најават за да знаеме дека се присутни. Затоа јас не би гласала за одземање на администраторските права. Можеби во иднина ќе ги гледаме почесто логирани. Кој знае :) - Виолетова (разговор) 21:38, 2 февруари 2017 (CET)[одговори]
- --ca7apult (разговор) 09:15, 3 февруари 2017 (CET)[одговори]