Прејди на содржината

Википедија:Обука на студенти и средношколци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Обука на студенти и средношколци ― проект на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот бил започнат во 2022 година со цел запознавање и обучување на средношколските ученици и студентите да ја употребуваат и користат Википедија. Овој проект е дел од програмата „Образование и наука“ во потпрограмата „Образование“ на Споделено знаење.

СУГС „Марија Кири Склодовска“[уреди извор]

На ден 18 мај, во времетраење од 09:15 до 10:40, Споделено знаење односно Dandarmkd одржа предавање за Википедија и обука по уредување во Средното училиште „Марија Кири Склодовска“ кое се наоѓа во Општина Аеродром. Присутните ученици беа од прва, втора и трета година и во број беа 31, придружени со нивниот професор по информатика. Првиот час добија вовед и историјата на Википедија, вовед во Споделено знаење и неговите активности. На вториот училиштен беа обуката и лекциите од кодовното уредување и уредување преку преведување. Откако ја добија обуката за време на вториот училишен час, некои од заинтересираните добија можност да создадат статии.

Уредници и опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Емил23 Мостарска Бијела‎ (Н)
2. Ayfrig Арнего (Н)
3. Dandarmkd Телматологија (Н)
Галерија

Институт за етнологија и антропологија[уреди извор]

На ден 27 мај, во времетраење од 10:00 до 13:00, Dandarmkd и Иван Ж одржаа предавање за Википедија и обука по уредување и работилница во Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет. Присутните беа пет студенти, еден демонстратор, и еден виш лаборант, придружени со нивниот професор по етнологија и антропологија. Во оваа прилика беа создадени три статии, подобрени три статии и биле закачени 10 податотеки на Википедија на Македонски јазик.

Уредници и опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Mihaelad21 Љупчо Неделков‎‎ (Н)
2. BogdanovskaeR Нијази Лиманоски (П)
3. Alexetnolog Бранислав Русиќ‎ (Н)
4. ‎Dusha Krusha Институт за етнологија и антропологија (П)
5. EthnoMK Ѓорѓи Здравев‎ (П)
6. EdaStarova Вера Кличкова‎ (Н)

Фотографиите за време на работилницата се поставени од корисникот Dandarmkd.

Енциклопедиска галерија
Галерија

СУГС „Здравко Цветковски“[уреди извор]

Список на првите 25 учесници (лево). Список на вторите 15 учесници (десно).

На 14 септември во периодот од 9:30 до 10:15 часот одржавме обука во СУГС „Здравко Цветковски“, Општина Карпош. Координаторот на заедницата на Споделено знаење, заедно со двајцата координатори (Tvelmkd и Dragana Niseva) на нашиот Викиклуб, дадоа вовед во Википедија и Споделено знаење и кажаа за нивните општи активности. Исто така, беа одржани кратки лекции за уредување. Кога станува збор за учесниците и бројките, учествуваа 40 ученици со присуство на нивниот раководител на смена. Вкупна бројка од 43 лица.

American High School Skopje[уреди извор]

На 6 февруари, од 8:10 часот до 10 часот, двајцата активисти Никола Милошевски и Драгана Нисева одржаа предавање+работилница во American High School Skopje. Двајцата активисти тогаш одржаа предавање за Википедија и имаа работилница со 23-цата ученици и нивната професорка. За време на првиот час, обуката односно предавањето се состоеше од вовед во Википедија, кратка историја на Википедија и Споделено знаење, лекции по уредување на Википедија со цел присутните да стекнат википедијански уредувачки вештини. Вториот час беше за одржување на работилницата кога учесниците создаваа свои кориснички профили и преведуваа веќе постоечки статии од англиската Википедија. Преведуваните статии беа по личен избор на учениците. Од 23-цата ученици, 19 создадоа кориснички сметки и беа создадени 12 статии. На 13ти, еден ученик кој тогаш создаде профил, објави нова статија.

Уредници и опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. TeoDimitrijevski Боќе‎‎ (Н)
2. Filip Demjanski Нов корисник
3. Adijan muslija Н. Раџам (Н)
4. Pero kisela voda Вин Дизел (Н)
5. Royal3223 Вртење на куче‎ (Н)
6. Teo Jankuloski Радојчиќи (Н)
7. Klaradz Тетрада (површина) (Н)
8. Erika Iva Подравина (Н)
9. Jana1234567890 Нов корисник
10. Петар Нарашанов Нов корисник
11. Sara Toshikj Јежевац (планина) (Н)
12. Ljubica Levovska Нов корисник
13. Ribarskam Букве (Н)
14. Jasmin Cholovic Нов корисник
15. Ivooroisi2nwiscifid Нов корисник
16. Илин Најков Лангерак (Јужна Холандија) (Н)
17. AAAA1207 Нов корисник
18. Alkis567 Dinner in The Sky (Н)
19. Daniil Novotarskiy Нов корисник
20. Dandarmkd Јардол (Н)
21. Lenavdz Тарсо Тон (Н)
Галерија

Институт за етнологија и антропологија, февруари[уреди извор]

На почетокот на предавањето.

Предавања и вовед за Викимедиините проекти кон студентите и персоналот на Институтот за етнологија и антропологија. Предавањето беше одржано во Институтот за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Скопје. Од 12-те учесници, 8 беа нови.

Институт за етнологија и антропологија, јуни[уреди извор]

На 6 јуни, имаше нова работилница во чест на истакнати македонски и светски антрополози. Вкупно беа вклучени 13 лица од кои 5 се нови учесници. Една статија беше создадена, додека три беа подобрени. 8 фотографии беа закачени на Википедија на македонски јазик.

Уредници и опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Mihaelad21 Крсте Богоески (П)
2. Маријаева Ангелина Крстева (П)
3. Dusha Krusha Милош Константинов (П)
4. Opasniantropolozi Марсел Мос (Н)
5. Dandarmkd
  1. (Н)
  2. (Н)
  3. (Н)
  4. (Н)
  5. (Н)
  6. (Н)
  7. (Н)
  8. (Н)
Галерија

На 8 јуни, дополнителни беа закачени уште три фотографии.

Уредници и опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
  1. (Н)
  2. (Н)
  3. (Н)

ОУ „Мирче Ацев“ - Ѓорче Петров[уреди извор]

На 24 ноември, од 9 до 12 часот, имавме работилница со основците од ОУ „Мирче Ацев“ - Ѓорче Петров. Темата беше за Словенија на која учествуваа 19 ученици и создадоа мноштво статии на разни полиња за Словенија. Настанот беше во соработка со самото училиште, предводено од директорката Гордана Насковска, и Словенечки центар - Скопје, предводен од Сашо Стојковски. Поради темата „Словенија“, наш гостин беше конзулот на Република Словенија, Мартин Глажар. Вкупниот број на учесници беше 26 лица. 23 статии беа создадени.

Уредници и опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. и 2. ИнесВиктор (Инес Ејуд
и Виктор Лазетиќ)
3. ДавидД1
4. и 5. МиаП (Миа Петрушева
и Антонина Христова)
6. и 7. Ivanaiandrea (Ивана Василеска
и Андреа Каевска)
8. и 9. Todoljoch (Андреј Љотиќ
и Виктор Тодоровски)
10. и 11. Marko i Matej (Марко Велковски
и Матеј Пачемски)
12. и 13. Mila I Anastasija (Мила Ристовска
и Анастасија Лазароска)
14. НедаС1
15. FilipFICOpro
16. Marko.maks00
17. и 18. Teonaivana (Ивана Бошковска
и Теона Трајковска)
19. КајаС1
20. Dandarmkd

Институт за географија[уреди извор]

На 20 декември, во периодот 11:00-14:30 часот, беше одржана работилница со студенти од Институтот за географија при ПМФ. Настанот беше во соработка со професорите доктори Благоја Маркоски и Марија Љакоска. Уредувањето беше сторено од 13 уредувачи. Вкупно на работилницата беа 20 лица, вклучувајќи го координаторот Никола. 24 статии беа создадени, а шест статии беа подобрени.

Уредници и опфатени статии
Бр. Корисник Статија
1. и 2. Filip2403001 (Филип Наумовски
и Јована Белушаноска)
3. Nikola0505 (Никола Трајковски)
4. и 5. Viki.Emilija (Вики Каравешова
и Емилија Папоска)
6. и 7. IvanaDimitar (Ивана Коцева
и Димитар Стомнарски)
8. Lari Trajkovski (Лари Трајковски)
9. Евгенија К. (Евгенија Калајџиева)
10. Sandra Trajkova (Сандра Трајкова)
11. Nikola.p.koko (Никола Патлиџанковски)
12. и 13. PetarKristijan (Кристијан Бранковски
и Петар Наумоски)

Поврзано[уреди извор]

Споделено знаење има организирано вакви проекти и активности со средношколци/студенти пред да започне овој проект:

Проект насочен за универзитетски и средношколски професори

Надворешни врски[уреди извор]