Википедија:Напреден курс (Именување)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шаблон:Добредојде навигација



Оваа статија е дел од
напредниот курс
на Википедија.
Лекции

Почеток


Мојата прва статија
Конвенции за именување
Воведниот дел
Стил на пишување
Интервики
Категории
Пренасочувања
Слики


Подигнување на слики


Шаблони
Табели
Преместување


Заклучок

Видете уште

Почетен курс
Помош:Содржина


Конвенции за именување[уреди извор]

Општо, именувањето на статиите треба да го преферира она што најголемиот број зборувачи на македонски јазик би го најлесно препознале, а истовремено создавањето на врски до таквите статии треба да биде лесно.

Ова е оправдано од следново начело:

Имињата на статиите на Википедија треба да бидат оптимизирани повеќе за читателите отколку за уредувачите и повеќе за општата публика отколку за специјалистите.

Википедија ја определува познатоста на името преку гледање како веродостојните извори на македонски јазик ја нарекуваат темата.

Во продолжение дадените конвенции за именување претставуваат водилки за создавањето и именувањето на страници. Ова се конвенции, а не стриктни закони изгравирани во камен. Како што Википедија расте и се менува, некои конвенции кои порано имале смисла, сега се несоодветни. Секогаш кога ќе се сомневате, следете ја конвенцијата.


Општи конвенции[уреди извор]

Останатите зборови со мала буква[уреди извор]

Не ги ставајте вторите и последователните зборови во еден наслов со голема буква, освен ако станува збор за лична именка. На пример, правилно е ако станува збор за име и презиме на лице, како Џон Вејн. Правилно е Видео игра, а не Видео Игри или пак, правилно е Рубикова коцка, а неправилно е Рубикова Коцка.

При определувањето на зборовите кои се пишуваат со голема буква или мала буква, следете го правописот на македонскиот јазик, од кој поважните правила се:

  • Членот или честицата во туѓите имиња се пишува со мала буква: Лудвиг ван Бетовен, Леонардо да Винчи, Фердинанд де Сосир. Кога членот или честицата доаѓаат во почетокот, то ест кога стојат само со презимето, се пишуваат со голема буква: Да Винчи, Де Сосир.


Специфични конвенции[уреди извор]

Именување на филмски статии[уреди извор]