Википедија:МСУ на Википодатоци
![]() |
![]() |
МСУ на Википодатоци — проект на Споделено знаење и Википедија кој има за цел да заведе податоци за што повеќе дела застапени во Музејот на современата уметност на Википодатоци. Оваа соработка исто така ја отвора можноста и за уредувачки потфати со студенти и други заинтересирани, кои во статии би ги обработувале застапените уметници, како и правците во кои работеле.
Проектот е инспириран од работилницата работата на нашите колеги од Холандија и Финска, и слични проекти како „Фламански уметнички збирки“ и Уметничкоисториски предизвик на „Европејана“.
Застапени уметници[уреди извор]
Ова е список на авторите застапени со свои дела во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје. Наведени се вкупно 272 уметници и 995 записи за поединечни дела.
Доколку уметникот е веќе претставен со свој предмет на Википодатоците, тамошниот предмет е внесен во соодветната колона. Доколку предметот не постои, тогаш треба да се направи и заведе тука. Доколку се работи за странски уметник без предмет, тогаш наведено е неговото име и презиме со изворно писмо.
Во следната колона се страницата за секој уметник на порталот на МСУ со биографија и дела (од кои секое потоа има своја страница). Потоа е наеден бројот на дела од тој уметник што ги има МСУ. На крајот е контролната колона, каде се наведува дали податоците за делата на дадениот уметник се внесени на Википодатоците.
Надворешни врски[уреди извор]
- Музеј на современата уметност - Скопје
- Целосен список на уметници во музејот со нивните дела заведени на порталот