Википедија:Избрана статија/2022/41

Од Википедија — слободната енциклопедија

Молња — моќен ненадеен тек на електрична искра (електростатичко празнење) придружено со татнеж или гром кои се слушаат за време на бурата. Празнењето ќе се движи низ електрично наелектризирани области во самите кумулонимбуси, или од еден облак до друг облак, или меѓу облак и површината на Земјата. Наелектризираните облсти во атмосферата се ослободуваат од полнежот преку молњите или електричните празнења, често нарекувани удар на гром доколку погоди некој предмет или живо суштество на површината. Постојат три основни видови на молњи, во самиот облак (СО), од облак до облак (ОО) и меѓу облак и Земја (ОЗ). Иако молњите секогаш се придружени со звук на татнеж, оддалечените молњи можат да бидат видени но не и слушнати.

На Земјата, честотата на молњите е 40–50 празнења во секунда или приближно 1,4 милијарди празнења годишно, и со просечно времетраење од 30 микросекунди. Вообичаениот блесок на молња од облак до површината на Земјата кулуминира со создавањето електрично спроводлива плазмен канал низ воздухот со висина од 5 км, од внатрешноста на облакот па сè до површината на Земјата. Процесот кој се одвива при крајната фаза е доста сложен процес.

Молњите најчесто се создаваат кога топол воздух се меша со поладни воздушни маси, што доведува до нарушувања кои ја поларизираат атмосферата. Но истите можат да се случат и при песочни бури, шумски пожари, торнада, вулкански ерупции, дури и при студовите во зима,тогаш молњата се нарекува снежна молња. Ураганите вообичаено создаваат молњи најчесто во дождливите делови оддалечени 160 км од центарот.

Науката која се занимава со проучување на молњите се нарекува фулминологија, а стравот од молњите се нарекува астрафобија. (Дознајте повеќе...)