Википедија:Избрана статија/2021/44

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Giulio-cesare-enhanced 1-800x1450.jpg

Гај Јулиј Цезар (100 п.н.е. – 44 п.н.е.) — римски воен и политички водач чие освојување на Галија Комата го проширила римскиот свет се до Атлантскиот Океан, успех чии последици се видливи и денес. Според многумина, Цезар е еден од најголемите луѓе во Стариот свет. Тој е можеби најпознатата историска личност како резултат на комбинација на човековите таленти: од командување во битка, државништво, говорништво, пишување, право, владеење, сексуалност, пријателство и разговор – тој бил одличен во сите. Имал огромна волја, храброст и целосно отсуство на омраза од било кој вид. Тој бил обожуван од страна на луѓето во Рим и прогласен за бог.

Достигнувањата на Цезар не се само воените походи и освојувањата. Тој всушност бил голем реформатор и основач на Римското Царство, иако за прв цар се смета неговиот внук од сестра, посинок и наследник Гај Октавијан. Подоцнежните цареви во Рим биле ословувани со титулата „цезар“ (од која е изведен зборот „цар“ во многу европски јазици).

Што се однесува до воените походи на Цезар, тој кога дошол на власт во рамките на Првиот триумвират, Рим била само медитеранска држава, но тој освоил и ги присоединил Франција, Белгија, делови од Шпанија, со други зборови ја направил европска држава и бил основоположник на западна Европа каква што денес ние ја знаеме. Потоа, под власта на Цезар потпаднале делови од Германија, а се обидел да ја освои и Британија. (Дознајте повеќе...)