Википедија:Избрана статија/2021/24

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јато птици во преселба
Јато птици во преселба

Преселба на птиците — изведување на редовни летови од многу видови птици кои се спроведуваат како резултат на сезонски или периодични преместувања на птиците поради настанати промени во животната средина, достапноста на храната или се случиле временски промени. Во некои случаи птичјите летови не може да се категоризираат како регуларна преселба поради фактот дека тие се неправилни, како резултат на номадство или се вршат само во една насока без птиците да се вратат. Во голем дел од случаите преселбата на се случува поради промената на годишните времиња. Птиците кои не се селат, туку секогаш живеат на едно место, се нарекуваат „жители“ или резидентни. Околу 1800 од 10 000 видови птици во светот се селат на долги растојанија. Многу од птичјите населенија се преселуваат далеку користејќи постојани патеки, т.н. миграциони маршрути. Најчест модел претставува летањето на север во пролет, каде птиците се размножуваат во умерена умерените или поларен арктички области, а наесен се враќаат на југ кон потоплите региони. Аналогно на ова, во јужната полутопка насоките се обратни.

Речиси сите птици се селат заеднички во јата. За големите птици летањето во јато претставува заштеда на енергијата, па затоа при летот се подредуваат во јато со облик налик на латиничната буква V. Патките, на пример, со летање на тој начин заштедуваат 12-20% од својата енергија во споредба со онаа кога би летале сами. При детекција со радар е утврдено дека јатата на некои гусковидни птици се движат со околу 5 км/ч побрзо, отколку ако единките се движат сами. (Дознајте повеќе...)