Википедија:Избрана статија/2020/39

Од Википедија — слободната енциклопедија

Затемнување на Сонцето — тип на затемнување којшто се случува кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, а Месечината целосно или делумно го попречува („прикрива“) Сонцето. Ова може да се случи само на млада месечина, кога Сонцето и Месечината се врзани кога се гледаат од Земјата во усогласување познато како сизигија. Во целосно затемнување, дискот на Сонцето е целосно прикриен од Месечината. Во делумно и прстенесто затемнување, само дел од Сонцето е прикриено.

Ако Месечината била во совршена кружна орбита, малку поблиску до Земјата, и во исто време и орбитална рамнина, целосно затемнување на Сонцето би имало секој месец. Но, орбитата на Месечината е наклонета (навалена) на повеќе од 5 степени кон Земјината орбита околу Сонцето (видете еклиптика), па нејзината сенка на млада месечина обично ја промашува Земјата. Земјината орбита е наречена еклиптичка рамнина бидејќи орбитата на Месечината мора да ја помине оваа рамнина со цел да дојде до затемнување (како сончево така и месечинско). Покрај тоа, вистинската орбита на Месечината е елипсовидна, често носејќи ја доволно далеку од Земјата што аголната големина не е доволно голема да го болкира Сонцето целосно. Орбиталните рамнини се поминуваат едни со други во јазолна линија што резултира со најмалку две, а најмногу пет, затемнувања на Сонцето кои се појавуваат секоја година; не повеќе од две кои можат да бидат целосни затемнувања. Меѓутоа, целосно затемнување на Сонцето е ретко на било која локација бидејќи целосно излегува само на тесен пат на површината на Земјата која е проследена од сенката на Месечината. (Дознајте повеќе...)