Википедија:Избрана статија/2020/22

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алехандро Валвереде
Алехандро Валвереде

Алехандро Валверде Белмонте (р. 1980) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим. Најголемите победи на Валверде се случиле на Вуелта а Еспања во 2009, Критериум ди Дофине во 2008 и 2009, Трка околу Баскија во 2017, Волта а Каталуња во 2009, 2017 и 2018, Лиеж-Бастон-Лиеж во 2006, 2008, 2015 и 2017, Флеш Валон во 2006, 2014, 2015, 2016 и 2017, the Класика де Сан Себастијан во 2008 и 2014, светската серија UCI ProTour 2006 и UCI ProTour 2008, Светските турнеи во 2014 и 2015 и друмската трка на Светското првенство 2018.

Вкупно, Валверде има 123 професионални победи. Пред неговата победа на Светското првенство, го држел рекордот на освоени медали на светските првенства – двапати го освоил сребрениот медал на светските првенства, во 2003 и 2005 година, како и бронзениот четири пати во 2006, 2012, 2013 и 2014. До 2019 година, Валверде завршил деветнаесет пати меѓу првите десет на големите трки. Валверде е еден од ретките, кој комбинира различни специјалности во друмскиот велосипедизам, станувајќи силен специјалист за искачување, спринтер и добар на хронометри.

По долгата судска битка бил суспендиран на две години како дел од истрагата Операција Пуерто, но се вратил на натпреварувањата во 2012 година, откако му завршила суспензијата. Сите негови резултати од 2010 година биле избришани, вклучувајќи ја и победата на Тур де Романди 2010 и не настапувал во 2011 година. (Дознајте повеќе)