Википедија:Избрана статија/2019/24

Од Википедија — слободната енциклопедија

Актинфамилија на глобуларни мултифункционални белковини кои формираат микрофиламенти. Се среќава во скоро сите еукариотски клетки (единствениот исклучок се сперматозоидите на цевчестите црви), каде може да биде присутен во концентрации над 100 μM.

Актинот претставува мономерна подединица на два вида на филаменти во клетките: микрофиламенти, кои се една од трите главни компоненти на цитоскелетот, и тенки филаменти, кои се дел од контрактилниот систем на мускулните клетки. Во клетките може да биде присутен или како слободен мономер, наречен „G-актин“ (односно глобуларен актин), или како дел од линеарен, полимерен микрофиламент наречен „F-актин“ (односно филаментозен актин). И двата типа на актин се неопходни за одвивањето на основните клеточни процеси, како што се клеточниот мотилитет и контракцијата на клетката при клеточната делба.

Актинот учествува во мноштво на значајни клеточни процеси, како што се: клеточниот мотилитет, клеточната делба и цитокинезата, движењето на клеточните органели и везикули, клеточната сигнализација, мускулната контракција, воспоставувањето и одржувањето на меѓуклеточните врски (мостови) и клеточната форма. Многу од овие процеси се посредувани од екстензивни интеракции помеѓу актинот и клеточните мембрани. Кај `рбетниците идентификувани се три главни групи на изоформи на актинот: алфа, бета и гама актин. Алфа актините, кои се наоѓаат во мускулните ткива, се важна компонента на контрактилниот систем. Бета и гама актините се наоѓаат во повеќето типови на клетки, како компоненти на цитоскелетот и како медијатори на внатрешноклеточниот мотилитет. Се верува дека ваквата разновидност на структури кои може да ги формира актинот, што му овозможува да извршува разновидни функции, е регулирана од врзувањето на тропомиозинот долж актинските филаменти. (Дознајте повеќе...)