Википедија:Избрана статија/2019/07

Од Википедија — слободната енциклопедија

Диего Гарсија (англиски: [Diego Garcia] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — атол кој се наоѓа малку појужно од екваторот, сместен во средиштето на Индискиот Океан, а е најголемиот од 60-те мали острови кои го чинат архипелагот Чагос. Тој бил француска колонија во 1790-тите години, но по Наполеоновите војни потпаднал под британска власт. Под британска власт бил една од „Зависностите“ (анг. Dependencies) на британската колонија Маврициус, сè додека не бил одвоен од Маврициус за да биде приклучен кон новосоздадената Британската Индоокеанска Територија (БИОТ) во 1965 година.

Помеѓу 1968 и 1973 година, населението на островот било насилно протерано од Обединетото Кралство и САД, за да се изгради американска воена база на островот. Голем број жители на островот биле депортирани на Маврициус и на Сејшелите, по што САД изградиле голема поморска и воена база, која оттогаш е во континуирана операција. До август 2018 година, Диего Гарсија е единствениот населен остров на BIOT; населението е составено од воен персонал и помошни изведувачи. Тој претставува една од двете критични американски бази бомбардери во подрачјето на Азија-Тихоокеанија, заедно со воздухопловната база Андерсен (англ. Andersen Air Force Base), која се наоѓа на островот Гуам во Тихиот Океан.

Атолот се наоѓа 3.535 км источно од брегот на Танзанија, 1.796 км југозападно од јужниот дел на Индија (градот Канијакумари) и 4.723 км северозападно од западниот брег на Австралија (кај Кејп Рејнџ националниот парк, Западна Австралија). Диего Гарсија лежи на најјужниот дел од морскиот гребен Чагос-Лакадив, кој претставува огромен подводен планински венец, чии врвови се составени од корални гребени, атоли и острови како што се Лакадиви, Малдиви и архипелагот Чагос. Месното време е UTC+06:00 во текот на целата година (нема летно сметање на времето). (Дознајте повеќе...)