Википедија:Избрана статија/2018/33

Од Википедија — слободната енциклопедија

Грег ван Авермат (роден во 1985) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти. Ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри 2016.

Покрај олимписката титула, други поголеми достигнувања му се победите на Париз-Рубе, Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке во 2017 година, ГП Монтреал 2016 и Тирено-Адријатико 2016, Омлоп Хет Ниусблад во 2016 и 2017, две поединечни етапни победи на Тур де Франс, бодовниот пласман и етапната победа на Вуелта а Еспања 2008 и неколку завршници на подиум на еднодневните класици.

Сметан за еден од најсестраните возачи во современиот велосипедизам, Ван Авермат е специјалист за класичните велосипедски трки, но исто така освоил етапи и генерален пласман на етапните трки, особено кога вози на ридест терен. Неговиот силен спринт му овозможува да победува од мали водечки групи, но исто така освоил трки по соло-бегства и ја носел жолтата маичка на Тур де Франс во 2016 и во 2018 година. (Дознајте повеќе...)