Википедија:Избрана статија/2017/13

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
La Tombe de Horemheb cropped.jpg

Египетска митологија (или египетска религија) — различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот.

Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун. Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил. Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност). Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата). Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле. Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде. Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе. (Дознајте повеќе...)