Википедија:Избрана статија/2016/36

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шаховска олимпијада — меѓународно шаховско натпреварување, кое се одржува под покровителство на ФИДЕ. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од земји, кои се членки на ФИДЕ.

Турнирот се одржува на секои две години, а бројот на земји-учеснички не е ограничен. Градот-домаќин се одредува на седница на ФИДЕ. На еден турнир се одвиваат натпреварите во машка и натпреварите во женска конкуренција, а вообичаено се организираат и додатни настани, чија главна цел е популаризација на шахот.

Првата официјална шаховска олимпијада се одржала во 1927 година во Лондон, а сè до 1939 година, натпреварувањето било наречено „турнир на нациите“. Во овој период, турнирот не бил одржуван редоследно. Од 1950 година, настанот се одржува на секои две години.

Победничкиот пехар во машка конкуренција е познат и како „Хамилтон-Раселов пехар“ и е посветен на англискиот мецена Фредерик Хамилтон Расел, а се доделува уште од 1927 година. Во женска конкуренција, победничкиот пехар е наречен „Менчиков пехар“, во чест на првата светска првенка, Вера Менчик.

Досега се одржани 38 шаховски олимпијади, а најмногу победи во обете конкуренции има репрезентацијата на Советскиот Сојуз, 18 во машка и 11 во женска конкуренција. (Дознајте повеќе...)