Википедија:Избрана статија/2014/49

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николај Иванович Лобачевски околу 1843 г.
Николај Иванович Лобачевски околу 1843 г.

Николај Иванович Лобачевски (руски: Никола́й Ива́нович Лобаче́вский; Нижни Новгород, 1 декември 1792 - 25 февруари 1856, Казањ) — истакнат руски математичар кој има постигнато многу успеси во областа на геометријата, на физиката како и во доменот на астрономијата. Негово главно достигнување е развитокот на неевклидовата геометрија, тој имал за цел да развие геометрија во која петти постулат не е точен. Прифаќањето на неговите идеи се одвивало прилично бавно, најнапред неговите идеи биле одбивани, а после неколку века тие идеи биле прифатени за да се решат многу проблеми во областа на математиката, а сосема исто се случувало и со неговите залагања, истражувања и заклучоци во областа на другите науки. Тој добивал и признанија за идеите што ги поседувал, а бил и критикуван од страна на свои колеги. Во неговиот живот имало само една жена со која имал седум деца. Имал мирен и спокоен живот и постигнал големи успеси. Од особено значење е хиперболичната геометрија, наречена и „Лобачевскиева геометрија“.

Главно достигнување на Лобачевски (независно од Јанош Бојаи) е развојот на неевклидовата геометрија. Пред него, математичарите се обидувале да ја докажат или порекнат зависноста на Петтата аксиома на Евклид од другите аксиоми на Евклидовата геометрија. Петтата Евклидова аксиома е аксиома во неговата геометрија кое тврди дека за било која дадена права и точка која што не лежи на таа права, има една и само една права низ точката која што не ја сече дадената права т.е. е паралелна со неа. Лобачевски наместо тоа сакал да развие геометрија во која петтиот постулат (аксиома) не е точен. Оваа идеја најпрво била изјавена на 23 февруари 1826 година, кон сесијата на одделот за Физика и Математика, а ова истражување било печатено во „Вестин Казанского Университета“ во 1829-1830. Лобачеваски напишал и текст за тоа наречен “ Краток Преглед на пронаоѓањата во Геометрија “ што било објавено од страна на Казин Месинџер, но било одбиено кога Академијата за Науки од Сан Петербург ја поднела за објавување Геометријата која што Лобачевски ја развил и била наречена хиперболична геометрија. (Дознајте повеќе...)