Википедија:Избрана статија/2014/42

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Einstein patentoffice.jpg

Специјална теорија за релативноста — прифатена физичка теорија која се однесувана врската меѓу простор-времето. Истата се заснова на два постулати: (1) законите на физиката се непроменливи (инваријантни) во сите инерцијални системи (незабрзувачки појдовни системи), и (2) брзината на светлината во вакуум е подеднаква за сите набљудувачи, без разлика на движењето на светлинскиот извор. Беше предложена во 1905 г. од страна на Алберт Ајнштајн во делото „За електродинамиката и подвижните тела“. Непостојаноста на Њутновата механика со Максвеловите равенки од електромагнетизмот и неможноста да се добие движењето на Земјата низ етерот довеле до развој на специјалната релативност, која служи за исправки во механиката за да се справи со ситуациите кои вклучуваат движења со брзини блиски до брзината на светлината. Во денешнот период, специјалната релативносте најточниот модел за движење при која и да било брзина. Иако е така, Њутновата механика сèуште се користи (поради својата едноставност и точност) при доста помали брзини релативно во однос на брзината на светлината.

Теоријата се нарекува „специјална“ бидејќи се применува принципот на релативноста само во специјални случаи на инерцијалните појдовни системи. Ајнштајн подоцна објавил труд за општата релативност во 1915 г. за да се примени принципот во општ случај, поточно, за секој појдовен систем за да се справи со општи координантни преобразби и гравитационите ефекти. (Дознајте повеќе...)