Википедија:Избрана статија/2014/32

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живин топломер за надорешна употреба
Живин топломер за надорешна употреба

Топломер или термометар (од стгр. θερμός = „топлина“ и μέτρον = „мера“) — инструмент за мерење на температура по повеќе можни методи. Има два дела: сетилник на температура (на пр. садот на живин топломер) каде се јавува некаква физичка промена при изложеност на температура и начин на означување (на пр. скала означена на живин топломер). Постојат разни видови топломери со различни намени.

Секој поединечен топломер може да мери топлина во степени, но за да се совпаднат два топломера мора да постои единствено договорено мерило, т.е. скала. Денес тоа е апсолутната скала на термодинамичка температура (од 1990 г.), чиј меѓународен стандард настојува да ја следи што поблиску. Скалата опфаќа од 0,65 K (−272,5 °C) до приближно 1.358 K (1.085 °C).

Оваа направа е дело на повеќе надополнувачки изумители кои дале свој придонес во термометријата. Такви се Корнелис Дребел, Роберт Флад, Галилео Галилеј и Санкториј.

Древните научници како Филон Византиски и Херон Александриски знаеле дека некои материи се шират и стеснуваат на различна температура, опишувајќи цевка делумно наполнета со воздух со еден крај ставен во вода. Со промена во температурата се менувал „водостојот“ на течноста во цевката поради ширењето и собирањето на воздухот во неа. (Дознајте повеќе...)