Википедија:Избрана статија/2014/28

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бродот „Мајски Цвет“ со првите англиски колонисти во Америка
Бродот „Мајски Цвет“ со првите англиски колонисти во Америка

Историјата на САД се смета дека започнува кога луѓето преминале преку Беринговиот Проток во она што денес е Алјаска. Никој не е сигурен кога почнале тие преселби, а неодамнешните проценки укажуваат дека почнале пред 14.000 - 16.000 години. Народите северно од Мексико, и во земјите што станале Соединети Американски Држави, имале свои цивилизациски и политички системи. Источната третина од она што сега се САД, во најголем дел била покриена со шуми и населена со Индијанци. Многуте племиња од таа област се занимавале со земјоделство, лов и робилов, како и собирање на плодови. Градот Кахокија (близу денешен Сент Луис) бил голем трговски центар. На својот врв, во 1200 година, имал 40.000 жители.

Пред XV век Европејците воопшто не знаеле за постоењето на Америка. Значајниот пораст на европското население создал услови Европејците да бараат нови земји за колонизација или за трговија. Првите авантуристи започнале со ширење на егзотични приказни за чудни светови, носејќи од таму егзотични блага. Така, во потрага по нов пат за Индија, на 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо, во име на шпанскиот кралски двор, со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ тргнал на долгоочекуваното пронаоѓање на поморскиот пат за Индија. (Дознајте повеќе...)