Википедија:Избрана статија/2014/25

Од Википедија — слободната енциклопедија
Внатрешност на Отобојренската базилика во Баварија
Внатрешност на Отобојренската базилика во Баварија

Рококо (фр. rococo, а поретко и roccoco), наречен и „доцен барок“ — стил и уметничко движење од XVIII век, кој влијаел на неколку видови уметност, вклучувајќи ги сликарството, вајарството, архитектурата, внатрешното уредување, декоративната уметност, литературата, музиката и театарот. Стилот рококо се јавил во раниот XVIII во Париз како реакција против надменоста и строгите правила на барокот, особено на оној во Версајскиот дворец. Така, уметниците на ова движење избирале повесел, понакитен и пограциозен пристап кон барокната уметност и архитектура. На тој начин, уметноста и архитектурата во рококо стилот биле накитени и во нив често се користеле кремасти, пастелни бои, несиметрични конструкции, криви линии и злато. За разлика од барокот кој бил политички насочен, рококо стилот имал разиграни, а често и духовити уметнички теми.

Што се однесува до внатрешното уредување, просториите во стилот на рококо биле изработени како цели уметнички дела со елегантен и накитен мебел, мали скулптури, украсни огледала и таписерија која ги надополнувала архитектурата, релјефите и сликите на ѕидовите. Исто така стилот рококо одиграл голема улога во театарот. Во книгата „Рококо“ (The Rococo), пишува дека нема ниедна друга култура која „создала подуховит, поелегантен и подисмејувачки дијалог полн со нејасен и прикриен јазик и гестови, префинети чувства и суптилна критика“ од оној на театарот во стилот на рококо, особено во Франција. (Дознајте повеќе...)