Википедија:Избрана статија/2014/24

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоштадот во стариот дел на Бајројт
Плоштадот во стариот дел на Бајројт

Бајројт (германски: Bayreuth) — познат град во северна Баварија, Германија, во долината на реката Црвена Мајна, меѓу Франконска Јура и планините Фихтел. Градот датира од 1194 година, а денес е главен град на Горна Франконија. Тој е познат во светот по Бајројтскиот фестивал од XIX век кој и денес се одржува секоја година.

Се верува дека градот е основан од страна на грофовите Андекс, најверојатно околу средината на XII век, но прв пат се споменува како Бајеруте (Baierrute) во 1194 година, во еден документ на епископот Отон II од Бамберг. Слогот -руте (гер. -rute) може да значи „расчистување”, додека Бајер (гер. Baier-) укажува на доселеници од подрачјето на Баварија.

Градот е прочуен по неговата поврзаност со композиторот Рихард Вагнер, кој живеел во Бајројт од 1872 година, па сè до неговата смрт во 1883 година. Вилата на Вагнер, „Ванфрид“ била изградена во Бајројт под покровителство на баварскиот крал Лудвиг II, а по Втората светска војна била пренаменета во музеј посветен на Вагнер. На север од Бајројт се наоѓа фестивалската сала, специјално изградена оперска куќа, посветена исклучиво за изведување на оперите на Вагнер. На премиерите на последните две дела од циклусот Вагнер „Зигфрид“ и „Залез на боговите“. (Дознајте повеќе...)