Википедија:Избрана статија/2014/14

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зборот „Македонија“ на лаоски
Зборот „Македонија“ на лаоски

Лаоски (самонар. ພາສາລາວ, паса лау) — тонски јазик од групата на крадајски јазици. Ова е службен и национален јазик на Лаос и исто така се зборува во североисточен Тајланд каде се именува како исански јазик. Како мајчин јазик на Лаошаните и службен јазик во државата, тој е и втор јазик на малцинствата во Лаос и Исан. Јазикот, како и сите останати јазици во Лаос, се пишува со азбучнослоговно писмо (абугида). Иако нема службен статус, дијалектот од Виентијан станал дефакто стандардна верзија врз која се заснова стандардниот лаоски јазик.

Лаоскиот јазик јазик е наследник од групата на тајски јазици кои се зборувале во денешни јужна Кина и северен Виетнам. Таа територија се смета за татковина на сите тајски јазици и место од каде произлегле сите јазици од таа група. Поради нападите од монголците и кинезите и нивното освојување за нови поплодни територии, овие народи почнале да се преселуваат кон југ накај Индија, покрај реката Меконг па сѐ до Индокина. Усните преданија за тајските народи се зачувани во Хун Бором. Тајланѓаните и Лаошаните го потиснале населението што живеело тука, најчесто луѓе од мон-кмерската грпа на јазици и австронезиските јазици. Иако притиснати од посилните Виетнамци и Тајланѓани, Лаошаните го зачувале својот идентитет и култура и ги интегрирале дијалектите во еден самостоен јазик. (Дознајте повеќе...)