Википедија:Избрана статија/2013/41

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед на планината Арарат

Арарат (турски: Ağrı Dağı, ерменски: Արարատ) — заспан вулкански масив и највисока планина во Турција и сета Ерменска Висорамнина. Има два врва: Голем Арарат (5.137 м) и Мал Арарат (3.896 м). Масивот има пречник од околу 40 км, а иранско-турската граница минува источно од Мал Арарат.

Според Библијата, во „горите на Арарат“ застанала барката на пророкот Ное откако стивнал Светскиот потоп. Планината зазема значајно место во ерменската култура и големоерменските идеи, и е претставена е на грбот на Ерменија.

Се наоѓа во областа Источна Анадолија, помеѓу Догубајазит и Игдир, недалеку од границата со Иран, Ерменија и азербејџанската ексклава Нахичеван, меѓу реките Аракс и Мурат. Тромеѓата Турција-Ерменија-Азербејџан и Турција-Иран-Азербејџан се оддалечени 8 км, одделени со тесен појас на турска територија со магистралата E99 во правец на Нахичеван (Азербејџан).

Планината први ја освоиле германскиот природонаучник Фридрих Парот и мештанинот Хачатур Абовјан во 1829 г. Денес планината може да се искачува само со издадена дозвола и во придружба на ополномоштен водич од Турција. (Дознајте повеќе...)