Википедија:Избрана статија/2013/02

Од Википедија — слободната енциклопедија

Првата балканска војна бил воен конфликт помеѓу Османлиското Царство и членките на Балканскиот сојуз: Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора. Војната започнала на 26 септември (9 октомври по нов стил) 1912 година и завршила на 17 мај (30 мај по нов стил) 1913 година со победа на сојузниците.

Сојузничката победа ставила крај на петвековната османлиската доминација на Балканскиот Полуостров и поделба на Македонија помеѓу победниците. Османлиското Царство ги изгубила своите територии на полуостровот, со исклучок на еден тесен појас на северниот брег на Мраморното Море. Останатиот дел на Тракија заедно со источна Македонија потпаднале под бугарска власт. Српската војска ги освоила Косово, северозападна Македонија и во други области, Грција - Епир, бројни острови во Егејското Море и југозападна Македонија до Солун, а веднаш по Лондонскиот мировен договор е создадена независна албанска држава, меѓутоа барањето на Албанците за обединување на сите територии што живеле во една политичка целина останало неостварено.

Антагонизмот и претензиите над Македонија помеѓу балканските држави довеле до раскинување на Балканскиот сојуз и започнување на Втората балканска војна. Според Карнегиевата анкета, причини за започнување на Првата балканска војна биле: военото и политичкото ослабување на Османлиското Царство, угнетувањето на христијаните, неуспешната борба на Македонската револуционерна организација, противречностите помеѓу големите сили и стремежот на балканските држави за завладување на нови територии. (Дознајте повеќе...)