Википедија:Избрана статија/2012/39

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Mahathir Mohamad addressing the United Nations General Assembly (September 25 2003).jpg

Махатир Мохамад (роден во 1925) е малезиски политичар, кој бил четвртиот премиер на Малезија. Премиерската функција ја извршувал цели 22 години во периодот помеѓу 1981-2003 година, додека неговата политичка кариера траела речиси 40 години.

Махатир се родил и израснал во градот Алор Стар во Кедах. Иако според своето образование, Махатир бил доктор по медицина, тој започнал да се занимава со политика и бил активен деец на Обединетата малајска национална организација (ОМНО), најголемата политичка партија во земјата. Во 1964 година влегол во парламентот, но дошол во судир со тогашниот премиер Тунку Абдул Рахман и бил исклучен од ОМНО. По оставката на Тунку Абдул Рахман се вратил во ОМНО и во парламентот, а подоцна влегол во владата. Во 1976 година бил назначен за заменик премиер, а во 1981 година, по оставката на Хусеин Он, бил инаугуриран во премиер.

За време на неговиот премиерски мандат, дошло до брза модернизација и економски развој на Малезија, а неговата влада иницирала серија храбри инфраструктурни проекти. Долго време, Махатир бил доминантна политичка фигура во Малезија, освојувајќи пет последователни политички избори и наметнувајќи се над своите ривали за водство на ОМНО. Тој се залагал за ограничување на граѓанските слободи и бил антагонистички насочен против дипломатските и економските интереси на САД, Велика Британија и Австралија, поради што Малезија била во лоши односи со овие држави. (Дознајте повеќе)