Википедија:Избрана статија/2012/30

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Alnwick Castle - Northumberland - 140804.jpg

Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: Harry Potter and the Philosopher's Stone, во САД како Harry Potter and the Sorcerer's Stone), е фантастично-авантуристички филм од 2001 година базиран на истоимениот роман од Џоан К. Роулинг. Режиран од Крис Колумбус, е прв филм од популарниот Хари Потер серијал. Приказната го следи Хари Потер, момче кое на својот единаесетти роденден дознава дека е волшебник и започнува со своето волшебно образование во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Даниел Редклиф го глуми Хари Потер, наспроти Руперт Гринт и Ема Ватсон, како најдобрите другари на Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Од возрасните глумци присутни се: Ричард Харис, Меги Смит, Роби Колтрејн, Алан Рикман и Иан Харт.

Warner Bros. ги купиле правата за книгата во 1999. Продуцијата започнува во 2000, со Колумбус одбран како режисер од кратка листа на кандидати да го создаде филмот. Писателката Раулинг инсистирала целата екипа на глумци да бидат исклучиво Британци за да се зачува културниот идентитет на книгата и филмот. (Дознајте повеќе...)