Википедија:Избрана статија/2012/11

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Новото градското собрание на Хановер

Хановер, на реката Лајне, е главен град на покраината Долна Саксонија, Германија и некогаш преку личен сојуз бил семејно седиште на хановерските кралеви на Велика Британија, под нивната титула како војводи од Брауншвајг-Линебург (подоцна наречено Изборништво Хановер). На крајот на Наполеонските војни станал главен град на Кралството Хановер.

Покрај што е главен град на Долна Саксонија, Хановер бил главен град на административниот округ Хановер додека не биле распуштени овие административни окрузи на почетокот на 2005. Од 2001 тој е дел од регионот Хановер, кој е општинско тело создадено од поранешниот округ и градот Хановер.

Со население од 522.944 жители (1 февруари 2007) градот е главен центар на северна Германија, познат како еден од домаќините на годишните трговски саеми како што се Хановерскиот саем и CeBIT. Секоја година, Хановер е домаќин на „Шиценфест Хановер“ (Schützenfest Hannover), најголем фестивал за стрелци во светот и „Октоберфест Хановер“, кој е втор октоберфест по големина. Во 2000, Хановер бил домаќин на светскиот саем Експо 2000. (Дознајте повеќе...)