Википедија:Избрана статија/2011/26

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Flag of Europe.svg

Знамето на Европската Унија или само Знаме на Европа е знаме и амблем на Европската Унија (ЕУ) и Советот на Европа (СЕ). Знамето се состои од еден круг со 12 златни (жолти) ѕвезди петокраки на сина позадина. Сината боја го претставува запад, бројот на ѕвездите го претставува заедништвото, а нивната позиција во круг го претставува единството.

Знамето е дизајнирано од страна на Арсен Хајц и Пол Леви во 1955 година како симбол на Советот на Европа, а Советот пак повикал тоа да биде усвоено и од другите европски организации. Во 1985 година Европската Унија, која тогаш се викала Европска економска заедница (ЕЕЗ), по иницијатива на Европскиот Парламент го прифатила како свое знаме, а пред тоа немало никакво знаме во употреба.

Иако е знаме на две одделни организации, тоа многу почесто се поврзува со Европската Унија, отколку со Советот на Европа. Знамето вообичаено се користи за да ја претставува Европа на спортските настани и е про-демократско обележје надвор од Европската Унија. Тоа делумно било инспирација и за креирање други знамиња, како што се оние на другите европски организации или на држави во кои Европската Унија била вклучена подолг период, како на пример Босна и Херцеговина и Косово. (Дознајте повеќе...)