Википедија:Избрана статија/2010/33

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марија Магдалена.

Марија Магдалена или Марија Магдала во апокрифите од Новиот Завет и во Новиот Завет е опишана како една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус Христос. Марија Магдалена била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во времето на неговиот живот и по него. Таа во движењето можеби станала позната во последните денови на Исус, патувајќи заедно со него и Апостолите. Според сите Четири Евангелија, Марија Магдалена била првиот сведок на Воскресението Христово.

Марија Магдалена е наведена и во ранохристијанските списи како „апостол на апостолите“. Во апокрифните текстови, таа е опишана како визионер и лидер на Исусовото движење, која била сакана од Исус повеќе од сите други ученици. Во текот на истотијата, па и во модерно време се појавиле различни шпекулации или тврдења во врска со Марија Магдалена, вклучувајќи ги и тврдењата дека таа му била сопруга на Исус, па дури и дека била проститутка.

Марија Магдалена од страна на Римокатоличката црква, од Православната црква и од Англиканската црква се смета за светец. Нејзиниот празник се чествува на 22 јули. Таа исто така се чествува и од страна на Лутеранската црква.

Од Рим, Марија Магдалена се вратила во Ефес кај апостол Јован на кој му помогнала во проповедта на евангелието. Моштите на Света Магдалена биле пренесени во Цариград. Блиску до Гетсиманската градина во Ерусалим, денешен Израел, била изградена Црква „Марија Магдалена“ посветена на оваа светица. (Дознајте повеќе...)