Википедија:Избрана статија/2010/22

Од Википедија — слободната енциклопедија

Салса музиката е различен, пред сè кубанскокарипски жанр, популарен низ латинска Америка и меѓу Латинците, кој се стекнал со меѓународна слава преку кубанските и порториканските музичари. Салсата вклучува многубројни стилови и варијанти. Терминот се употребува за опишување на речиси секоја форма на популарен жанр кој води потекло од Куба или Порторико, како што се ча ча ча (chachachá) и сон (Son). Сепак, салсата се однесува на одреден стил, развиен во 1960-тите и 1970-тите години од страна на Порториканци и Кубанци кои имигрирале во областа на Њујорк. Салсата се однесува и на неговите подоцнежни стилски потомци меѓу кои се вбројуваат салса романтика (salsa romantica) како и други подвидови. Овој стил сега се вежба низ латинска Америка и пошироко. Најблизу до салсата се кубанските сон и мамбо, кое се одликуваат со оркестар од раниот 20. век, како и латин џез (Latin jazz). Термините латин џез и салса понекогаш се употребуваат меѓусебно заменливо; многу музичари, особено изведувачите од пред 1970-тите се сметаат како дел од едниот (како Тито Пуенте, Еди Палмиери, Реј Барето меѓу другите) или пак како дел од двата правци.

Според стилот, салсата има кубанско потекло. иако поседува и стилови помешани со поп, џез, рок и р’н’б. Салсата е првичната музика која се свирела по латино клубовите и според Ед Моралес го претставува „суштинскиот пулс на латино музиката“. Музичарот Питер Мануел пак ја именува како „најпознатиот танц (музика) меѓу порториканските и кубанските заедници (и во) средна и јужна Америка“ и како „еден од најдинамичните и најзначајните панамерикански музички феномени на 1970-тите и 1980-тите години“. Модерната салса останува жанр, ориентиран на танцот и е во блиско сродство со стилот на салса танцувањето. (Дознајте повеќе...)