Википедија:Избрана статија/2009/45

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
India 78.40398E 20.74980N.jpg

Географијата на Индија е разновидна, од снежни покривки на планините, до пустини, низини и висорамнини. Климата се менува од екваторска на крајниот јужен дел до ладна планинска клима на Хималаите. Индија го зафаќа најголемиот дел од Индискиот потконтинент и има брег во должина над 7.000 км, од кој најголем дел лежи на Индискиот Океан. Индија на запад се граничи со Арапското Море, а на исток со Бенгалскиот залив.

Плодната Индо-гангска низија зазема голем дел од северна, средна и источна Индија, додека висорамнината Декан зазема поголем дел од јужна Индија. На западниот дел од земјата се наоѓа пустината Тар, која е во еден дел карпеста, а во друг песочна пустина, додека источната и североисточната граница ја чинат Хималаите. Со сигурност не може да се зборува за највисоката точка на Индија поради територијалниот спор со Пакистан. Според Индија, највисоката точка (сместен во спорната територија Кашмир) е врвот К2, висок 8.611 м. Највисоката точка на неспорна индиска територија е врвот Кангченѕунга, висок 8.598 м.

Индија се граничи со Пакистан, Народна Република Кина, Бангладеш, Мјанмар, Непал, Бутан и Авганистан. Шри Ланка и Малдиви се острвскеи држави, јужно од Индија. Земјата е поделена на 28 држави, 6 административно сојузни територии и територија на главниот град. Политичките поделби се главно поради етничките и јазичните разлики, а не географските. Повеќе...