Википедија:Избрана статија/2009/32

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајански календар

Маите се централноамериканска цивилизација, значајни по целосно развиениот пишан јазик од пред-колумбискиот период, но и според нивната архитектура, уметност, математичките и астрономските системи. Оваа цивилизација своите почетоци го забележала во пред-класичниот период (2000 п.н.е. до 250), додека пак врвот на својот развиток Маите го забележале за време на класичниот период (од 250 до 900 година) и продолжил во пост-класичниот период па сè до доаѓањето на Шпанците во Америка. Во својот најголем подем, областа каде живееле била најгусто населена област во светот во тоа време.

Маите споделуваат голем број на заеднички карактеристики со останатите централноамерикански цивилизации поради високиот степен на соработка помеѓу народите. Календарот, писмото и епиграфијата не потекнуваат од Маите, но тие ги развиле потполно. Територијата на Маите се протегала од Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала па сè до централно Мексико. Маите како народ никогаш не исчезнале, ниту за време на класичниот период ниту пак со доаѓањето на Шпанците во Америка. Денес, Маите и нивните наследници сочинуваат значителен процент од населението во нивниот регион, Ел Салвадор, Мексико, Хондурас и Гватемала. Голем број на мајански јазици и денес се зборуваат. Повеќе...

Скорешно избрани: Гладијатор · Тигар · Курт Кобејн