Википедија:Избрана статија/2007/43

Од Википедија — слободната енциклопедија

Националсоцијалистичка германска работничка партија (германски: Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei или НСДАП (NSDAP), најчесто ословувана како Нацистичка партија) била десничарска политичка партија во Германија помеѓу 1920 и 1945 година.

Водачот на партијата, Адолф Хитлер, бил назначен за канцелар на Германија од претседателот Паул фон Хинденбург во 1933. По смртта на Хинденбург, Хитлер набрзина воспоставил тоталитаристички режим познат како Третиот рајх, под којшто партијата се здобила со речиси неограничена моќ.

Нацистичката идеологија ја истакнува расната чистота на германскиот народ и ги гонела оние што ги сметала или за непријатели или за „живот невреден за живот“ (Lebensunwertes Leben) (вклучувајќи ги Евреите, Циганите, Словените и хомосексуалците, покрај Јеховините сведоци, умствено и телесно заостанатите, социјалистите и комунистите). Практикувањето на овие верувања донела директно до смртта на приближно 11 милиони луѓе, што е сега познато како Холокауст. Понатаму, Нацистичкиот концепт на Простор за живеење (Lebensraum) и потрагата по создавањето на Голема Германија, биле едни од главните причини за Втората Светска војна, во којашто загинале повеќе од 60 милиони луѓе.