Прејди на содржината

Википедија:Избрана слика/2026/јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI  XII
2009: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2010: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2011: I  II
2016: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2017: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2018: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2019: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2020: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2021: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2022: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2023: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2024: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2025: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII
2026: I  II  III  IV  V  VI  VII  VIII  IX  X  XI  XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец јануари 2026 година.


1 јануари 2026 2 јануари 2026

Новогодишен огномет во селоо Еберхардцел, јужна Германија.

Скелет на син кит во Централната сала на Природонаучниот музеј во Лондон.
3 јануари 2026 4 јануари 2026

Свештеникот на лизгалки (1790-ти) од Хенри Рејберн.

Костенливотилна кокиларка (Grallaria nuchalis ruficeps) кај Чоко, Колумбија.
5 јануари 2026 6 јануари 2026

Санта на западната страна на Антарктичкиот Полуостров обликувана со превртување и топење.

Местото на поранешното бродоградилиште „Јетаверкен“ во Гетеборг, Шведска.
7 јануари 2026 8 јануари 2026

Васиниот мост (Васабрун) во Стокхолм, Шведска.

Уздест пингвин (Pygoscelis antarcticus) на антарктичкиот остров Дисепшен.
9 јануари 2026 10 јануари 2026

Излетничка маса во Аренас Неграс на островот Тенерифе, Канарски Острови.

Зимски поглед на Химелдункберг, Јужен Висок Рен, Германија.
11 јануари 2026 12 јануари 2026

Тавански мозаик на Неоновата крстилница (VI век) во Равена, Италија, на кој е прикажано Крштението Господово.

Краткоклун клунест еж (Tachyglossus aculeatus setosus) кај Скотсдејл, Тасманија, Австралија.
13 јануари 2026 14 јануари 2026

Поглед од Астрономскиот видиковец Сикасумбре на островот Фуертевентура, Канарски Острови.

Воз на запчена железница од Клајне Шајдег за Венгералп, Швајцарија.
15 јануари 2026 16 јануари 2026

Точкеста ангелска риба (Pomacanthus maculosus) во Националниот парк Рас Мухамад, Црвено Море, Египет.

Атмосферска перјаница од подводен вулкански избув кај Тонга сликана од Меѓународната вселенска станица.
17 јануари 2026 18 јануари 2026

Семена чаура на блатна перуника (Iris pseudacorus).

Кејот на Некар во Тибинген, Германија.
19 јануари 2026 20 јануари 2026

Житно поле кај Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Свети Севастијан насликан од Џакомо Рајболини по излгедот на татко си, Франческо Франча.
21 јануари 2026 22 јануари 2026

Врата на евангелската сала „Каспар Олевијан“ во Трир, Германија.

Надолен поглед на тенди на собирот Бишва иџтема (2023) во Бангладеш. Ова е втор по големина муслимански собир во светот со 5 милиони посетители.
23 јануари 2026 24 јануари 2026

Селото Југар и неговите ниви (3.850 м) гледани од манастирот Фуктал во Ладак, Индија.

Воз на Хрватски железници помеѓу селата Турчин и Свети Илија во 2009 г.
25 јануари 2026 26 јануари 2026

Прозорец обраснат со хмељ во поранешна столарска работилница во Бајлштајн, Германија.

Заснежени јаболкови насади во Сангла, Химачал Прадеш, северна Индија.
27 јануари 2026 28 јануари 2026

Фасадата на зградата на МРТ во Скопје.

Залез над мраз во Бруфјорден, Сандвик, Шведска.
29 јануари 2026 30 јануари 2026

Голем корморан (Phalacrocorax carbo), мала бела чапја (Egretta garzetta) и сива патка (Mareca strepera) во магла на езерото Таудаха кај Катманду, Непал.

Зимски мраз кај островот Ољхон во Бајкалското Езеро, Русија.
31 јануари 2026

Инженерот Изамбард Кингдом Брунел застанат пред ланците на бродот „Грејт Истерн“, 1857 г.

Намена

[уреди извор]
  • Избрана слика на главната страница за месец јануари 2026 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот