Википедија:Значајност (филмови)
| Значајност |
|---|
| Поврзано |
| * Што не е Википедија |
Важна напомена: Ако статијата не ги задоволува насоките и критериумите содржани овде, тоа не значи дека автоматски треба да биде означена за брзо бришење. Но, ако не постои ни малку обид да се утврди зошто таа статија е значајна да постои, може да биде избришана.
Општи критериуми
[уреди извор]Општото упатство за значајност наведува: „Доколку една тема е значително опфатена во веродостојни извори кои се независни од предметот, се претпоставува дека ги задоволува критериумите за започнување на засебна статија.“ Обратно, дури и ако се претпоставува дека темата ги исполнува сите критериуми, групниот консензус сепак може да утврди дека таа не се квалификува како самостојна статија.
Дополнителни критериуми кои се однесуваат на филмови:
- Изворот треба да биде независен, што значи дека режисерот, издавачите на филмот, глумците, да не се директно поврзани со написот. Не се независни извори оние кои го вклучуваат студиото или компаниите што работат со него на продукцијата и објавувањето, ниту соопштенија за медиумите, и слични рекламни и други публикации, како што се: резимеа на заплетот без критички коментар или списоци во филмски водичи. Видовите извори што се сметаат за независни се оние што пишувале за филмот, како што се периодичните списанија, и книги во кои се анализира или се споменува филмот.
- Филмот бил широко дистрибуиран и добил рецензии во две или повеќе публикации кои се независни.
- Филмот е историски значаен, што се потврдува со еден или повеќе од следниве фактори:
- Објавување на најмалку две независни статии, по најмалку пет години од првото прикажување на филмот.
- Филмот бил прогласен за значаен според широка анкета на филмски критичари, академици или филмски професионалци, кога таква анкета била спроведена најмалку пет години по објавувањето на филмот.
- Филмот бил повторно комерцијално издаден или прикажан на фестивал, најмалку пет години по првичното објавување.
- Филмот бил прикажан како дел од документарец, програма или ретроспектива за историјата на киното.
- Филмот добил голема награда за извонредност во некој аспект од филмското творештво. Сепак да се внимава на следново: наградите од филмските фестивали обично бараат многу повеќе внимание и преглед, бидејќи овој вид награди е многу повеќе подложен на злоупотреба и манипулација.
- Филмот бил избран за чувување во национален архив.
- Филмот се изучува како предмет на акредитиран универзитет или колеџ со значајна филмска програма.
- Филмот претставува уникатно достигнување во кинематографијата, или е пресвртница во развојот на филмската уметност или значително придонесува за развојот на националната кинематографија.
- Во филмот учествува (како глумец, режисер, продуцент) позната или значајна личност за која филмот е голем дел од нивната кариера.
- Филмот бил успешно дистрибуиран домашно во земја која не е позната како земја што произведува филмови. Во ваков случај треба да се утврди дека станува збор за филм кој е значаен по нешто повеќе од самото производтсво.
- Филмови кои се снимаат или се во план најавени да се снимат може да се споменат во статијата на значаен глумец, продуцент или режисер, само ако имаат доволно најави во независни извори.
Статиите за филмски ликови треба да ги следат препораките за значајност пред да бидат создадени.
Доколку филмскиот лик е адаптиран од друг медиум или дело, од книга, на пример, а за оригиналниот лик веќе има статија, не треба да се создава нова статија за филмскиот лик.
Ве молиме имајте предвид дека едноставното исполнување на критериумите не значи автоматски дека филмскиот лик треба да има своја статија.
Именување и должина на статиите за филмови
[уреди извор]- За филмови се препорачува насловот на статијата да е во превод на македонски јазик, (оригиналното име во заграда), како што би гласел насловот доколку филмот се прикажува во кино или на телевизија.
- Се препорачува должината на статиите за филмови да не биде попоплнета само со список на ликовите. Доколку списокот е долг, се препорачува да се скрати само на најзначајните, односно да се направи избор на ликовите.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||