Википедија:Значајност (настани)
Значајност |
---|
Поврзано |
* Што не е Википедија |
Во рамките на Википедија, значајноста е тест што го користат уредниците за да одлучат дали темата гарантира своја сопствена статија. Темата на статијата треба да биде забележителна или „достојна за забележување“; тоа е, „доволно значајно, интересно или необично за да заслужи внимание или да биде снимено“. Сепак да се биде познат или популарен - иако не е неважно - сепак е од споредно значење.
Ова упатство за значајност за настани го одразува консензусот што се постигнува преку дискусии, поткрепен со веќе воспоставената практика, и информира за одлуките дали статијата за минати, тековни и вонредни вести треба да се напише, да се спои со друга, да се избрише или дополнително да се развива.
Позадина
[уреди извор]Дискусии за бришење статии имаат голем број спорни дебати за настаните, особено настаните кои се дел од вонредни вести, и кои добиваат огромна медиумска покриеност. Ова упатство е формирано со намера да ги води уредниците во толкувањето на различните веќе постоечки начела и упатства кои се однесуваат на написите за настани, вклучително и општите правила за значајност (т.е. „се претпоставува дека темата ги исполнува критериумите за значајност ако има добиено независна поврзаност со изворот и значајна покриеност), и правилото дека Википедија не е збирка на вести. Со обидот да се разјасни примената на овие правила за статии за настани, ова упатство го наведува консензусот на заедницата во врска со статии кои имаат слична значајност.
Критериуми за вклучување
[уреди извор]Википедија не е енциклопедија на хартија, што значи дека нема практично ограничување за бројот на теми што можеме да ги покриеме или вкупното количество на содржина. Сепак, Википедија исто така не е неселективно собирање информации или место за тековни вести. Не секој инцидент што добива медиумска покриеност ќе има или би требало да има статија на Википедија. Правило за создавање статија на Википедија е дали настанот е од трајно, историско значење и опсегот на известување (се претпочита национално или глобално известување).
Уредниците треба да имаат на ум дека новите и актуелните настани изгледаат поважни отколку што може да изгледаат за неколку години. Многу настани добиваат покриеност во вестите, а сепак не се од историска или трајна важност. Новинските организации имаат критериуми за содржина, т.е. вредности на вести, кои се разликуваат од критериумите што ги користат енциклопедиите. Насилно злосторство, случајна смрт или друг медиумски настан може да биде доволно интересен за новинарите и уредниците на вестите за да го оправдаат покривањето на темата, односно објавувањето на голем број написи на таа тема, но тоа не секогаш е доволно значајно за да има статија на Википедија.
- Настаните се веројатно значајни ако имаат трајно историско значење и ги исполнуваат општите услови за значајност или ако имаат значителен траен ефект.
- Настаните се исто така многу веројатно дека ќе бидат значајни ако имаат широко (национално или меѓународно) влијание и биле многу широко опфатени во различни извори, особено ако потоа се повторно анализирани (како што е опишано подолу).
- Настани со помала покриеност или поограничен опсег „може или не може да бидат значајни“; описите подолу даваат насоки за проценка на настанот.
- Рутински видови вести за настани (вклучувајќи ги повеќето злосторства, несреќи, смртни случаи, познати личности или политички вести, „шок“ вести, стории на кои им недостига трајна вредност, како што се „приказни за ладилник за вода“ и вирусни феномени – без разлика дали се трагични или широко пријавени во тоа време – обично се „незначајни“, освен ако нешто дополнително не им дава трајност.
При оценувањето на настанот, уредниците треба да оценат различни аспекти на настанот и покриеноста: влијанието, длабочината, времетраењето, географскиот опсег, разновидноста и веродостојноста на покривањето, како и дали покривањето е рутинско. Овие фактори се опишани подолу.
Настани
[уреди извор]Трајни ефекти
[уреди извор]- Настанот што е преседан или катализатор за нешто друго од трајно значење, најверојатно ќе биде значаен.
Настаните често се сметаат за значајни ако делуваат како преседан или катализатор за нешто друго. Ова може да вклучува ефекти врз ставовите и однесувањето на општеството и законодавството. На пример, во САД, убиството на детето Адам Волш на крајот довело до донесување на Закон за заштита и безбедност на децата, наречен Закон Адам Волш.
Настаните кои имаат трајно дејство од историско значење веројатно ќе бидат знајачни. Ова вклучува, на пример, природни катастрофи после кои останува широко распространето уништување, а обновата на уништеното може да доведе до смена на населението, и можно е да влијае врз изборите. На пример, Ураганот Катрина или Земјотрес и цунами во Индискиот Океан (2004) се значајни според овие стандарди. Помал земјотрес или бура со мало или никакво влијание врз човечката популација веројатно не е значаен за да има статија на Википедија.
Може да бидат потребни недели или месеци за да се утврди дали некој настан има траен ефект или не. Сепак, ова не значи дека неодамнешните настани со недокажан траен ефект автоматски се незначајни.
Географски опсег
[уреди извор]- Значајните настани обично имаат значително влијание врз широк регион, домен или широко распространета општествена група.
Настанот кој влијае врз локално подрачје и го известуваат само медиумите во блискиот регион веројатно нема да биде значаен. Покривањето на настан на национално или на меѓународно ниво може да ја зголеми веројатноста за значајност, но таквото покривање не треба да биде единствената основа за создавање статија. Како и да е, се претпоставува дека настаните што имаат долгорочно докажливо влијание врз значаен регион во светот, или значајна широко распространета општествена група, се доволно значајни за да имаат своја статија.
Покриеност
[уреди извор]Длабочина на покриеност
[уреди извор]- Еден настан мора да добие голема или длабинска покриеност за да биде значаен.
Генералното упатство е дека покриеноста мора да биде значајна и да не е минлива. Длабочина на покривање вклучува анализа што ги става настаните во контекст, како што често се среќава во книгите, долгометражни написи во големите списанија за вести или на ТВ. Известувањето со мала тематска поврзаност или контекстуални информации често се смета за рутинско известување. Некои уредници сметаат дека говорните извештаи за вести (радио, ТВ) се примарни извори, а не се секундарни извори.
Медиумските извори понекогаш известуваат за настани поради нивната сличност (или контраст или споредба) со друг инцидент кој е широко пријавен. Уредниците не треба да се потпираат врз такви извори за да одредат значајност за новиот настан, бидејќи главната цел на таквите написи е да се потенцира или „стариот настан“ или таквите видови настани „генерално“.
Времетраење на покриеноста
[уреди извор]- Значајните настани обично добиваат медиумска покриеност која е во подолг временски период.
Времетраењето на известувањето по медиуми е силен показател за тоа дали некој настан има минливо или трајно значење. Иако значајноста не е привремена, изливот или напливот на вести и извештаи за настанот не го прават автоматски тој инцидент значаен. Настаните што се опфатени само во извори објавени за време или веднаш по настанот, без дополнителна анализа или дискусија, веројатно не се соодветни за статија во енциклопедија. Сепак, ова може да биде тешко или невозможно да се одреди кратко време по настанот, бидејќи уредниците не можат да знаат дали некој настан ќе добие дополнително покривање или не. Тоа што некој настан се случил неодамна сам по себе не го прави незначаен.
Ако некој настан е наведен како студија на случај во повеќе извори, откако завршило првичното медиумско покривање, ова може да биде показател за трајно значење.
Разновидност на извори
[уреди извор]- Се очекува значајна национална или меѓународна медиумска покриеност за некој настан да биде забележлив. Известувањето со широк опсег има тенденција да укаже на значајност, но изворите кои едноставно се препишани едни од други, или имаат тенденција да следат други извори, или се под заедничка контрола со други извори, обично се намалени.'
Општо упатство за значајност на Википедија препорачува да се обезбедат повеќе извори за да се утврди значајноста на една тема, а не само повеќе наводи од еден ист извор.
Медиумските канали под заедничка контрола или влијание, обично се сметаат како еден локален или национален медиум, и еден пример на покривање кога известуваат за нешто, дури и ако имаат неколку регионални или национални медиуми. Слично на тоа, кога за еден настан или соопштение за печат едноставно се препишува текстот (често од збор до збор) од публикации на вести, или кога репортерите ги земаат своите информации за покривање на вести од друго место (на пример, „МИА објави дека ...“), ова треба да се смета само како единствен извор кога се утврдува значајноста. Изведените извештаи и извештаите под заедничка контрола не можат да се користат за да се проверат меѓусебно, ниту пак самото повторување нужно го покажува видот на напор што е добар доказ за значајна работа.
Други околности
[уреди извор]Рутинско покривање
[уреди извор]Според политиката на Википедија дека не е весник, рутинското покривање на вести за работи како што се објави не се доволна основа за статија. Планираното покривање на закажаните настани, особено кога оние кои се вклучени во настанот исто така го промовираат, се смета дека е рутина. Објавите за свадби, спортски резултати, објавите за криминал, треба да се земат предвид како вести. Рутинските настани, како што се спортски натпревари, филмски премиери, прес-конференции итн., може подобро да се опфатат како дел од друга статија, ако воопшто се значајни. Медиумски објави за настани кои се вообичаени, секојдневни, или се обични предмети што не се истакнуваат — веројатно не се значјани за да имаат своја статија на енциклопедија. Ова е особено точно за кратките, честопати лесни и забавни вести, на пример, мечка се појавила во двор или локално лице победува на локална манифестација и добива награда, медиумски објави кои често се појавуваат на последните страници на весниците или блиску до крајот на ноќните изданија на вестите.
Сензационализам
[уреди извор]Таблоид или жолтото новинарство како што се нарекува, обично се смета за лоша основа за статија во енциклопедија, поради недостатокот на проверка на фактите својствени за сензационалистичко известување и објавување на скандали. Постои начело: Википедија не е место за скандали или озборувања. Дури и во почитуваните медиуми, поради потребата од различни вести во текот на 24 часа, како и други притисоци својствени на новинарската индустрија, може да се појават информации кои се од видот забава, и кои се објавени без соодветна проверка на фактите, и тие може да се вклучат во несериозно известување. Имајте предвид дека ова упатство се однесува на написи од широк опсег на теми, не само за настани, туку и написи за живи луѓе и славни личности.
Кривични дела
[уреди извор]Написите за криминални дејствија, особено оние што спаѓаат во категоријата „вонредни вести“, често се предмет на дискусии за бришење. Како и со другите настани, медиумското покривање може да даде значајност на криминално дело од висок профил, под услов таквото покривање да ги исполнува горенаведените упатства и оние во врска со медиумско објавување од сигурни извори.
Исчезнувањето на едно лице би потпаднало под ова упатство доколку агенциите за спроведување на законот сметаат дека најверојатно е предизвикано од криминално однесување, без оглед на тоа дали сторителот е идентификуван или обвинет.
Луѓе значајни за само еден настан
[уреди извор]Луѓето познати само во врска со еден настан генерално не треба да имаат статија напишана за нив. Ако настанот е многу значаен, тогаш наместо тоа, обично треба да се напише статија за настанот.
Идни настани
[уреди извор]Сите написи за очекуваните настани мора да бидат проверливи, а темата мора да биде од доволно широк интерес што би заслужувала статија доколку настанот веќе се случил. Поединечните закажани или очекувани идни настани треба да бидат вклучени само ако настанот е значаен, и речиси сигурно ќе се одржи. Датумите се не се дефинитивни додека настанот навистина не се случи, бидејќи дури и значајните настани може да бидат откажани или одложени во последен момент поради голем инцидент. Доколку подготовката за настанот не е веќе во тек, шпекулациите за тоа мора да бидат добро документирани. Статии за такви настани не се соодветни. Меѓу идните настани кои се соодветни спаѓаат: избори, Олимписки игри, европски и светски првенства.
Вонредни вести
[уреди извор]Ако некој настан сè уште е широко покриен во печатот, уредниците може да го стават шаблонот {{Предлошка:Тековно збиднување}} на статијата за да ги информираат читателите за променливата природа на статијата.
Не брзајте да креирате статии
[уреди извор]Википедија е енциклопедија што постојано се надградува, затоа не брзајте при креирање на статиите. Паметно е да се одложи пишувањето напис за вонредни вести додека значењето на настанот не стане појасно бидејќи раното покривање може да биде предмет на фактички грешки. Се препорачува уредниците да започнат дел за настанот во постоечка статија на поврзана тема ако е можно, која подоцна може да се подели на своја статија доколку покриеноста сугерира дека настанот е независен и значаен.
Многу статии за настани се создаваат во „исчекување“ на нивната значајност. Исчекување е создавање на напис за неодамнешен настан со очекување дека ќе ги исполни упатствата за вклучување, пред да биде одредено времетраењето на покривањето или каков било траен ефект. На пример, статијата за судир на воз во метрото во Вашингтон во јуни 2009 година била започна само 60 минути откако се случила несреќата. Спасувачката операција сè уште траела, истрагата допрва требало да започне, а конечниот биланс на загинатите не бил познат. Друг пример е статијата за пожарот во Богородичната црква во Париз.
Очекувањето на значајноста може да биде погрешно. Многу настани што медиумите ги прикажуваат како главни настани на денот кога ќе се случат, брзо стануваат само фуснота. На пример, на Википедија на англиски јазик во јануари 2009 година била објавена статија дека еден човек планирал да отпатува во Вашингтон за да го убие Џорџ В. Буш. Неколку дена подоцна било објавено дека тој немал такви планови, и се покажало дека овој настан не е ништо повеќе од рутинско апсење, а потоа таквата статија била избришана од Википедија. Сепак, написите за големи неочекувани или невидени настани како што се атентати, поплави, цунами речиси сигурно ќе добијат консензус да се задржат дури и кога се создадени истиот ден кога се случил настанот.
Не брзајте да бришете статии
[уреди извор]Написите за вонредни вести честопати брзо се номинираат за бришење. Бидејќи Википедија нема краен рок, се препорачува да се одложи номинацијата за неколку дена за да се избегне дебатата за бришење и да се остави време да се појави појасна слика за значајноста на настанот, што може да ја направи непотребна номинацијата за бришење. Дискусиите за бришење додека настаните се сè уште жешки вести ретко резултираат со консензус за бришење. Може да има алтернативи за бришење, како што е спојување или преработка на статијата за да се усогласи со политиката, на пример, со препишување на статија за лице познато само за еден настан да биде за настанот.
Викивести
[уреди извор]На некои од другите јазични Википедии постои сестринскиот проект Викивести, каде уредниците запишуваат тековни вести.
Преместувањето на страница од Викивести на Википедија не е можно, бидејќи тоа е во судир со лиценците под кои се објавуваат текстовите на двата проекта, но доколку содржината се преработи од оригиналните извори може да се постави како статија на Википедија.
Алтернативи за бришење
[уреди извор]Ако значајноста на настанот е доведена во прашање, но тој е првенствено поврзан со одредена личност, компанија или организација или текстот може да биде дел од друга статија со поширока тема, тогаш треба да се употреби спојувањето на содржините. Сепак, треба да се внимава на настанот да не му се даде непотребна тежина или да не се прекрши политиката за биографии на живи луѓе.
Ако не постои соодветна статија за спојување, решение може да биде да се преработи статијата за да се прошири нејзиниот контекст надвор од еден настан.