Википедија:Запознајте ја Германија

Од Википедија — слободната енциклопедија
GLAM Macedonia
GLAM Macedonia
Goethe Institut
Goethe Institut

Запознајте ја Германија е тродневен германски Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 3-5 мај 2019 година. Проектот е во организација на Здружението ГЛАМ Македонија во соработка со Гете институт во Скопје. Германскиот Викикамп се одржува во хотел Романтик на Велешко Езеро. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни основни и средни училишта од Македонија.

Цели и правила[уреди извор]

Запознајте ја Германија е заеднички проект на ГЛАМ Македонија и Гете институт во Скопје, со цел да се намали недостатокот на статии со германски теми на Википедија на македонски јазик. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество. Во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања.

Доколку сте ученик од 7 до 9 одделение или било која година од средно училиште и член сте на Вики Клубовите во Македонија кои ги води здружението ГЛАМ Македонија, покажете го својот интерес за учество на овој Вики Камп со пополнување на прашалникот.

Најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот, обезбедени од Гете институт.

Како теми за статиите се прифаќаат сите статии од категоријата Германија, со нагласок на историја, географија и култура на Германија.

Програма[уреди извор]

Детален преглед на програмата за германскиот Викикамп може да се најде на службеното мрежно место за Кампот. Деталната програма вклучува детален опис на задолжителните активности планирани за овој Викикамп, како и дополнителните, спортско-рекреативни и забавни активности. Во прилог, сепак, се наведува грубата програмска шема на Викикампот:


• Петок, 3 мај 2019
- Тргнување од Скопје и пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување
- Предавање за германската култура, и уредување за Википедијанците
- Вечера и слободни активности
• Сабота, 4 мај 2019
- Уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
- Прошетка во околината и фотографирање
- Уредување на Википедија, дополнување и создавање нови статии
- Краток курс за напредно уредување на Википедија
- Заедничка забава
• Недела, 5 мај 2019
- Заедничко уредување на Википедија,
- Заедничка фотографија
- Вики Кампот завршува со ручек, доделување на сертификати и награди за најуспешните, па напуштање на хотелот.

Учесници[уреди извор]

Учесниците и нивните придонеси може да се најдат на Википедија:Запознајте ја Германија/Учесници

Контакт[уреди извор]

Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: glammacedonia@gmail.com или посета на службеното мрежно место за Кампот, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB, Gordi.

Надворешни врски[уреди извор]