Прејди на содржината

Википедија:Геоекспедиции 2025

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
„Геоекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2025 година била организирана една геоекспедиција, со која биле опфатени следниве природни знаменитости:

  1. Острово и Катлановско Блато — еднодневна експедиција (23 ноември).

Прва експедиција

[уреди извор]

Острово и Катлановско Блато

[уреди извор]

Кон крајот на ноември одлучивме да направиме дронски фотографии од природните знаменитости кои постојат во Скопската Котлина, а кои не се толку познати во пошироката јавност.

Најпрвин се упативме кон групата природни знаменитости помеѓу селата Трубарево и Горно Лисиче, кои се наречени Острово, Езерце и Трубаревски Арборетум. Пристапот до сите нив е во лоша состојба, бидејќи на едниот крај е започната изградбата на скопската колекторска станица, а од другата страна се наоѓаат селските гробишта на Трубарево, од каде и ние и дојдовме по еден тесен земјен пат кој е направен на самиот насип на реката Вардар.

Сите три природни знаменитости се наоѓаат во непосредна близина. Најголема површина има Острово, кој како што и кажува името, претставува поранешен речен остров на реката Вардар. Поради промените на текот на Вардар, атарската граница помеѓу Трубарево и Горно Лисиче во денешни услови делува чудна, бидејќи се протега на двете страни на реката, па затоа и самото наоѓалиште Острово е помеѓу двете села.

Езерце и Арборетумот се наоѓаат едно до друго и образуваат една целина. Внатре во нив во минатото постоеле и кули за набљудување, објекти и има ограда, но тоа сега веќе не е случај.

За жал состојбата на сите овие знаменитости е во исклучително лоша состојба, бидејќи се оставени без никаква заштита, не се оградени како на времето и нема никакви информативни табли дека тука се наоѓаат природни знаменитости.

На крајот на денот отидовме и до Катлановското Блато, за кое имавме мал проблем да го фотографираме со дронот, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на зоната за слетување на скопскиот аеродром, но успеавме да направиме неколку фотографии.

Со фотографирани 4 нови природни знаменитости и поминати над 100 километри, можеме да кажеме дека имавме уште една успешна експедиција.

Галерија

[уреди извор]

Статии

[уреди извор]
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. [[]] — [[Податотека:|200п|]] wikidata: статија

Фотографии

[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано

[уреди извор]