Википедија:Геоекспедиции 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ВикиПроект
„Геоекспедиции“
Shared Knowledge Logo.svg
Геоекспедиции.svg
Wikipedia-logo.svg
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2016 година се спроведени две геоекспедиции, со кои би биле опфатени следните предели:

  1. Мокра — тридневна експедиција во еден дел; и
  2. Шар Планина — повеќедводневна експедиција во повеќе делови.

Одржани геоекспедиции[уреди извор]

Мокра[уреди извор]

Геоекспедицијата на најголемиот според површина планински масив Мокра сочинет од планините Јакупица, Караџица, Даутица се одржал со теренски посети во неколку наврати. Првата експедиција била одржана викендот на 22-24 април 2016, кога помала група предводена од Марио Шаревски се упатила пеш од железничката станица Ореше преку врвот Солунска Глава покрај изворите на Кадина Река, врвот Убава, гребенот Пепелјак, Драчевски Рид, Празна Торба, Марковиот Манастир и врвот на Водно над Скопје, ноќевајќи две ноќи со шатор во месноста Бабина Дупка и околината на с.Цветово. На пешачкиот поход од околу 78 километри се сликани повеќе забележителни врвови, гребени, месности, извори, реки, растителни видови.

Втората посета во рамките на експедицијата се одржала на 19 јуни 2016 година, кога Марио како учесник планинарската акција за посета на Салаковските езера на ПД „Трансверзалец“. Во рамки на посетата покрај Салаковските езера, биле искачени врвовите Убава и Црн Врв при што биле сликани и гребенот Пепелјак, Салаковска Река и повеќе други препознатливи предели на планината.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Мокра — планински масив Мокра (Солунска Глава) од Лисец.jpg подобрена статија
2. Пржал — врв Јакупица со врвот Пржал.jpg нова статија
3. Кривул — растение Бор кривул 01.JPG нова статија
4. Кадина Река — река Извори на Кадина Река 01.jpg подобрена статија
5. Враца (Мокра) — висорамнина/карстно поле Враца (Јакупица) 01.jpg нова статија
6. Солунско Поле (Мокра) — карстно поле/висорамнина Солунско Поле (Јакупица) 04.jpg нова статија
7. Бегово Поле — карстно поле/висорамнина Бегово Поле 02.jpg подобрена статија
8. Салаковски езера — леднички езера Салаковски Езера 01.jpg подобрена статија
9. Цветовска Река — река Цветовска Река 02.JPG нова статија
10. Мало Салаковско Езеро — езеро Мало Салаковско Езеро 02.jpg подобрена статија
11. Големо Салаковско Езеро — езеро Големо Салаковско Езеро 03.jpg подобрена статија
12. Чеплеска Река — река Чеплески Водопад.JPG нова статија
13. Салаковска Река — река Салакова Река 03.jpg нова статија
14. Голешница — планина/огранка Карпест гребен на Лисец на Голешница.jpg подобрена статија
15. Лисец (Голешница) — врв Поглед на Лисец од Османбежица.jpg нова статија
16. Празни Торба — месност/преслап Празни Торба.jpg нова статија
17. Каљаја — врв Калаја (Бразда).jpg нова статија
18. Салакова Планина — планина/огранка Салакова Планина 05.jpg нова статија
19. Бразда (Салаково) — месност/преслап Бразда (Салаково).jpg нова статија
20. Мумџица — планина/огранка Мумџица.jpg подобрена статија
21. Османбежица — врв/гребен Османбежица (Голешница-Китка) 03.jpg нова статија
22. Голешница — планина/огранка Голешница 02.jpg подобрена статија
23. Китка — планина/огранка Китка (од Лисец на Голешница) 02.jpg подобрена статија
24. Убава — врв Убава (Караџица).jpg нова статија
25. Остри Врв — врв Остри Врв (Караџица - Пепелјак) 02.jpg подобрена статија
26. Каменити Брег — врв Каменити Брег (Караџица).jpg нова статија
27. Бајрак — врв/гребен Темна Бука (Бајрак) и Празни Торба.jpg нова статија
28. Пепелјак — врв/гребен Пепелјак (Караџица).jpg нова статија
29. Сува Планина — планина/огранка Сува Планина-Караџица 02.jpg нова статија
30. Коритски Камен (Тисовички Врв) — врв Коритски Камен-Тисовички Врв.jpg нова статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Шар Планина[уреди извор]

Поради извонредно големата сложеност на потфатот за посета на многуте тешкопристапни предели на Шар Планина, геоекспедицијата се одржала со теренски посети во неколку наврати во текот на 2014, 2015 и 2016 година. Првите посети се одржале во 2014 година на 31 август кога биле посетени врвот Рудока и Црното Езеро и на 28 септември кога бил искачен врвот Плат. Првата посериозна експедиција била одржана на 7 јуни 2015 кога Марио Шаревски заедно со уште неколкумина мештани и планинари од планинарските друштва „Трансферзалец“, „Љуботен“ и „Македон“ ги посетиле и искачиле Доброшки и Езерски Врв и ги сликале Горното и Долното Доброшко Езеро и реката Габровница.

Најголемиот потфат за посета и сликање на предели по целото протегање на Шар Планина е изведен во периодот од 3-12 јули 2015 година, кога Марио заедно со уште 15 планинари во рамки на „Западната македонска трансферзала“ органзирана од ПД „Трансферзалец“ пешки и со преноќување во шатори го поминале целиот срт на протегање на Шар Планина на трасата на трансферзалата почнувајќи од врвот Љуботен па сè до Охрид односно охридското село Црвена Вода. При оваа експедиција се сликани голем број на врвови, езера, огранки, падини, висорамнини и места на Шар Планина.

На 4 октомври 2015 година во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“ каде како еден од организаторите се јавува и Марио биле посетени доста непристапните врвови Голема и Мала Враца со Горното и Долното Врачанско Езеро, до кои воопшто не постои обележана патека. Во 2016 година, кога официјално бил претставен вики-проектот Геоекспедиции, на 26 јуни, во рамки на велосипедскиот маратон „Шарски води“ беа извозени над 90 километри на потегот од Попова Шапка до селата Дуф и Вруток по целата источна падина на

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Шар Планина — планина Трапезница, Титов, М.Турчин, Бакардан (Шар Планина).jpg подобрена статија
2. Љуботен (планински врв) — врв Љуботен и Пирибег од Езерски.jpg подобрена статија
3. Пирибег — врв Пирибег (Шар Планина) 04.jpg нова статија
4. Плат (планински врв) — врв Plat-srt-MK.JPG подобрена статија
5. Скакаличко Езеро — езеро Скакаличко Езеро на Шар Планина-МК.JPG нова статија
6. Кривошиско Езеро — езеро Кривошиско Езеро на Шар Планина.JPG подобрена статија
7. Езерски Врв — врв Езерски Врв (Шар Планина) 03.jpg подобрена статија
8. Езерска Чука — врв Езерска Чука (Шар Планина) 03.jpg подобрена статија
9. Долно Доброшко Езеро — езеро Долно Доброшко Езеро (Шар Планина) 03.jpg подобрена статија
10. Горно Доброшко Езеро — езеро Горно Доброшко Езеро.jpg подобрена статија
11. Караниколичко езеро — езеро Караниколичко Езеро.JPG подобрена статија
12. Доброшки Врв — врв Доброшки Врв и езерата.JPG подобрена статија
13. Титов Врв — врв Кривошиско Езеро и врвот Шар (Титов).JPG подобрена статија
14. Црно Езеро (Шар Планина) — езеро Црно Езеро (Шар Планина) 05.jpg подобрена статија
15. Рудока — врв Рудока.jpg подобрена статија
16. Мал Турчин — врв Шар (Титов врв) од Крива Шија.JPG подобрена статија
17. Горно Врачанско Езеро — езеро Горно Врачанско (Среберено) Езеро 01.jpg подобрена статија
18. Долно Врачанско Езеро — езеро Долно Врачанско Езеро 01.JPG подобрена статија
19. Церипашина — врв Церипашина и Орлова Стена.jpg подобрена статија
20. Планинарски дом „Смрека“ — планинарски дом Планинарски дом „Смрека“ 01.jpg нова статија
21. Боговињско Езеро — езеро Боговињско Езеро 10.jpg подобрена статија
22. Маздрача — река Маздрача.jpg нова статија
23. Голема Враца — врв Голема Враца (Шар Планина).jpg подобрена статија
24. Мала Враца — врв Мала Враца.jpg нова статија
25. Дефско Езеро — езеро Долно Дефско Езеро.jpg подобрена статија
26. Челепински Врв — врв Челепински врв на Шар Планина 03.jpg нова статија
27. Езерска Река (Шар Планина) — река Езерска-Боговињска Река.jpg нова статија
28. Боговињска Река — река Боговињска Река-МК.jpg подобрена статија
29. Куќиногледски Врв — врв Куќинагледски Врв (Шар Планина) 03.jpg нова статија
30. Трапезица — врв Трапезница (Шар Планина).jpg подобрена статија

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано[уреди извор]