Прејди на содржината

Википедија:Вики ја сака храната 2025

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на Вики ја сака храната
Добре дојдовте на
Вики ја сака храната 2025
Полнети пиперкиТопло ладноМармалад од кајсииЗелник со спанаќ и урда
Видеоупатство за прикачување слики на Ризницата

Вики ја сака хранатафотографски натпревар организиран од страна на здружението на граѓани „Викимедија МКД“ со цел обезбедување слободни фотографии на различни видови храна, традиционални јадења и специјалитети.

Натпреварот почнува на 1 ноември 2025 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 ноември 2025 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Целта на натпреварот?

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од различни видови јадења, специјалитети и воопшто храна од целиот свет.

Учесниците, односно натпреварувачите, како автори на фотографиите ќе треба да ги прикачуваат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, за во иднина тие фотографии да бидат користени за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни проекти поврзани со Википедија.

Приказ на патот на една фотографија до Википедија, преку слободна лиценца на Ризницата
Награди!

Најуспешните учесници според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со ваучери од Pix+, и тоа:

  • Прва награда за бројност на фотографирани различни видови храна, традиционални јадења и специјалитети – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 400 евра;
  • Втора награда за бројност на фотографирани различни видови храна, традиционални јадења и специјалитети – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
  • Трета награда за бројност на фотографирани различни видови храна, традиционални јадења и специјалитети – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра;
  • Награда за највисоко оценета фотографија – ваучер во денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.
Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видео-упатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од храна, традиционални јадења и специјалитети од Македонија и од различни кујни од светот, а потоа, прикачете ги на Заедничката ризница со слободна лиценца преку образецот за прикачување слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (види во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку формуларот за пријавување;

Правила за учество на натпреварот

[уреди извор]
  1. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник, или да ги има стекнато авторските права на фотографијата.
  2. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на образецот на оваа врска: Пријава за учество. Учесникот треба да го наведе своето име и презиме, корисничкото име на Commons, како и е-пошта и телефонски број за контакт.
  3. Фотографиите треба да бидат во изворна големина (без компресија) и не треба да содржат дигитален жиг или да бидат во голема мера дигитално изменети.
  4. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 1 ноември 2025 во 00:00:00 часот и 30 ноември 2025 г. во 23:59:59 часот.
  5. Фотографиите мора да бидат подигнати на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Википедија. (Отворање на корисничка сметка е можно да направите и на Википедија на македонски јазик при што со истата може да пристапите и на Заедничката Ризница)
  6. Фотографиите мора да ги пренесете на компјутер директно од апаратот со кој се сликани, за да се зачуваат таканаречените метаподатоци откако ќе бидат подигнати.
  7. Секоја подигната фотографија мора да биде прикачена под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0.
  8. Бројот на фотографии прикачени од еден автор е неограничен.
  9. Бројот на фотографии кои прикажуваат еден тип на храна е неограничен.
  10. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
  11. Насловот на фотографијата мора да е на македонски јазик и на кирилица. Доколку имате повеќе фотографии од еден тип на храна напишете ги насловите на следниот начин: Пример: Зелник Праз (01), Зелник Праз (02), Зелник Праз (03) итн...
  12. Секоја подигната фотографија мора да биде категоризирана во Category:Images from Wiki Loves Food 2025 in Macedonia
  13. Во полето Други информации/Other information мора да биде внесено {{wlf2025mk}}.
  14. Сликите мора да имаат соодветен, описен наслов. Задолжително е за сликите да се додаде опис на она што е сликано (пр. името на самото јадење, специјалитет)
  15. Бодувањето за наградите за бројност ќе се врши преку броење колку различни типови храна, специјалитети закачил учесникот. Пример, доколку учесникот закачил пет слики од истата храна од различни перспективи, ќе му се бодува како 1 бод.
  16. Минималниот услов за освојување награда за бројност се фотографии од 20 различни видови храна, или специјалитети. Ова не важи за наградата за највисоко оценета фотографија.
  17. По прогласувањето на добитниците, истите ќе мораат да ни ги предадат личните податоци со цел да можеме да ги контактираме за наградата.

Список на различни јадења

[уреди извор]

За натпреварот се прифатени фотографии од сите светски кујни.

Контакт

[уреди извор]

Поврзано

[уреди извор]